Не се согласувам дека нема правила, има но има 2-3 или се бројат на прсти, кои ги знам ги применувам и никогаш не сум ги погрешила! Зa другите да не речам се добро модифицираат и комбинираат.
Хулахопка со сандала, е класичен фаил за мене, или уште полошо со чорапа
Ај да не речам како ми изгледа тоа....
Ич не ми е гајле ако Блер ги комбинирала и јас дека можам!
Епа греши и Блер некогаш!
Посељачки од тоа АМИН!
Неможам да го смислам.
И никогаш нема ни да го носам!


Мешање на спортска со елегантна гардероба.
Имам напревено таква грешка несвесно еднаш во брзање, ги натнав патиките и наместо јакната го земав капутот.
Не ми текна одма дека сум највечи фаил на свет, туку ме гледаат само колешкиве збунети, што ти е!
Ама ептен бев поспана и доцнев како и секогаш
И едно правило кое не сметам дека не е за прекршување, т.е кое не сметам дека е правило!
Прстен не оди со ланче мора само со алка, или пак ланче+обетки, прстен+алка!
Не точно.
Колку комбинации знам и носам секојдневно тотално распар.
Обетки со прстен само, или ланче со алка.
И не дека не се мешаат материјали и бои за накит, погрешно.
Јас сум тука многу либерте, само разграничувам денски и ноќен накит, со поспортски(пообичен) и посвечен.
Бисери се носат повеќе со свечени комбинации, и повеќе им прилигаат на дамите, не дека и нас помаладите не ни стојат, ама сепак дама знае како да ги носи.
Едино што не мешам злато со сребро, ама тоа не ни носам.
Бежутерија си мешам умешно!
Но правам вака ако имам повпечатливи алки тогаш ланчето и престенот ми се поневпечатливи.
Обетки кога носам големи и украсни ланчето ми е помало или прстенот.
Многу сум чула сметаат ако носиш саат на таа рака не се носат алки.
Мене баш ми е слатко алка до саат која одоговара со саатот.

Јас не ми ја носела со 5 алки но со 1-2 зашто не


Не сметам дека е морално ако алкта ти е бела мора и ланчето да ти е бело!
Јас никогаш тоа не го носам така, или ептен ако се од ист комплет!
Ама тоа ретко!
И никогаш
голи нозе со диколте-евтино е делува и ќе делува!
Пoaрно цела голе биди, исто ти е


ова последново е најлошо уште и диколтиран од напред да е
