Сама!! Порано никогаш не одев сама, се додека еднаш не успеав да најдам друштво и сфатив колку ми е подобро така. Воопшто не ми треба некој друг да ми каже дали ми стои или не, како што кажа Imelda има огледала за тоа, а искрено и во 80% од случаевите другарките секако ќе ми кажат дека ми стои добро и да не е така, најмногу го мразам тоа и не ми е јасно зошто така прават

Како и да е, одам кај сакам, купувам колку сакам, си седам во соблекувална 3 саати ако треба анализирајќи го секое деталче од облеката и на крај си решавам сама и најзадоволна сум така. Ако ме викнат за друштво нема проблем, и реално кажувам да ти стои, не не ти стои земи друго. Ама мене едноставно за шопинг не ми треба друштво. Со мајка ми веќе добри 6-7 години не одиме заедно од проста причина што очи ќе си извадиме, со дечко ми не можам затоа што го гледам како се туфка од што му е досадно и ме брза така да, сама ми е нај нај најубаво!!!