Сфатив дека супер ми е сама. Си влегувам каде што сакам, си прашувам што сакам, единствено ми е глупаво кога ќе влезам некаде и тогаш настанува тишина и стојат до мене и ме гледаат. Се слуша и дишењето
Убаво ми е и со друштво ама кога-како. Некој превртува очи кога ќе речам: ај сега ваму, ај сега таму да влеземе, а јас сакам да разгледам малку повеќе пред да купам нешто.
Или ми се случува кога влегувам в бутик со некого, да фати да ги разгледува сите парчиња посебно, па ова на ќошот има точка, она има запирка, на другото конец му се влечел, па кога ќе почне да ситничари обавезно ме фаќа грбот и ненормално ми е досадно.
Исто сум имала случаи каде што за се што ќе побарам совет ми велеле дека е супер, преубаво колку да го земам побрзо, или пак да стојат до мене и да ми викаат: земај ако сакаш, ама побрзо.
Така да, кога ќе решам да купувам со друштво, морам да бирам некој од овие личности и не ми е лесно

Затоа често си бирам сама, и после ќе викнам некој колку да ми даде одобрение дали е добро и го купувам.