Каков накит сакате да носите, и од каде купувате? Јас некако слабо стојам со накит во последно време, а кога купувам тоа е во продавниците во ГТЦ, мада мислам дека во Скопјево подобро место за купување накит е БИСЕР, бидејки има поголем избор, но некако не ми е во близина, па не сум поминала одамна. Инаку порано кога имав време и сама си правев накит и баш ми е криво што сега немам време за тоа. Вие од кај купувате накит, и ви се случило ли нешто што во гтц е 500 денари, на друго место во некое помала продавничка да го најдете дупло поевтино? Мене да :?
Од накит најчесто носам обетки и понекогаш, особено на лето алки... Сакам бижутерија и сребро, злато не сакам, меѓутоа може да има и понекое парче од бело злато што би го носела, како што ми е свршеничкиот прстен... обично носам бижутерија и не знам колку пара обетки имам, во различни стилови и големини во последно време доста често си купувам во Скопје од една продавничка во центар парчиња кои си ги комбинирам и сама си правам обетки, па колку толку ми се уникатни... ми се случува ушите да ме болат посебно кога носам висечки обетки и тоа некои потешки, па дупчињата ми се зацрвенуваат, ама брзо ми поминува... избегнувам сребро затоа што ми се јавува алергија, ама веројатно тоа е од никелот што го содржи среброто, можеби имам парчиња кои содржат премногу никел... исто така, од Сваровски имам неколку парчиња и да бидам искрена, не само што се убави туку и не ми прават проблем, ушните ресички не ме болат ниту ми отекуваат, како што е тоа случај кога носам некои други обетки и затоа се трудам пред да ги ставам обетките да не заборавам да ги премачкам со алкохол, па тоа ми врши работа Освен обетки, носам и алки на рацете, и тоа најчесто метални, да тропаат минатото лето си купив три комплета по 6 алки, и сите се исти ама во различна боја (како медалите - сребро, злато, бронза) - толку ми се свиѓаа што морав да ги купам А друг накит не носам...
Па носам накит,злато,сребро,бижутерија значи се.Најмногу сакам висечки обетки некако ми се интересни.Мислам дека накитот е нешто ја доразубавува жената,обожавам накит,иако ми се случува да не носам долго време,но сепак користам накит,посебно каменчња,тие ми се интересни.
Обожавам дрвен накит, и сите обетки и ланчиња ми се дрвени :mrgreen: (hand made) :mrgreen: Скоро секогаш носам, навистина се преубав додаток. Сакам и стар накит, филиграни и сл. :mrgreen: Да потсоберам некој денар и ќе купам некој охридски филигран :mrgreen:
Накит си носам секогаш,скоро во сите прилики си знам да направам добра комбинација.Е сега каков:секаков имам сакам и сребро и злато и бижутерија и не гледам што како,ако ми се допаѓа го купувамДодуша анјмалку носам гердани,нз зошто,ама обетки имам ухуууу,кој знае колку,некои дури и не ми се ставени.Имам три златни прстенчиња,си ги носам со задоволство,сите ми се поклон! Кога бев помала сакав многу висечки обетки но сега купувам и помали,впечатливи,во бои,светкави... Најомилени ми се бисерите,типично за хороскопски рак и најискрено само такви би купувала.Имам неколку парчиња,ама не ги носам секогаш сепак се малку поелегантни,за посвечени ситуации!
Кој, што, јас без обетки од дома не излегувам Ги имам секакви, во сите форми, големини и бои. Носам бижутерија и сребро, а злато не обожавам баш баш, ама имам еден пар обетки златни, едно ланче и прстенче и си ги комбинирам некогаш. Најмногу сакам обетки како порано што носеле, а и повеќето ми се такви (од мајка ми и тетка ми). Носам и ланчиња (ако ми дозволува ситуацијата: сигурно нема да ставам ланче ако имам физичко дента), ама не ги имам баш многу. Сума сумарум, обожавам накит, и кој и да ми купи нема да згреши За купување практикувам да купувам од кај Коста (кој е од Охрид го знае сигурно ) затоа што му се хенд-мејд и јуник. А и цените се пристојни.
Кажав во некоја темичка предходно и сега ќе кажам..манијак сум за накит бежутерија особено а највеќе носам обетки(скоро секогаш освен у школо) и алки за на рака знаете од оние широките ..е сега и пошто бизнисот ми е ..и јас изработувам хенд мејд и не се жалам многу ми ги бараат...ама секогаш правам еден пар и за мене од сите ама и често знам последните пари што ги имам да ги дадам за обетки и не се покајувам воопшто
Од накит носам само злато.Моментално носам 2 прстени од бело злато и обетки од бело злато.Ланчиња и алки не носам.
носам накит и тоа многу, сега ми е филмот бижутерија да си носам, никако злато и сребро сакам долги и впечатливи ланчиња и интересни обетки, а во последно време и алки купувам. ама ми преовладуваат обетките.....една третина од накитот сама си го имам направено а последните обетки кои ги купив случајно зошто ми се видоа ефтини при првото носење видов дека пола град ги има и се изнервирав, затоа повеќето сама си ги правам за бижутерииве низ центар знам дека се доста поскапи цените за разлика од пазар или некоја друга локална бижутерија.....и најефтини се на битпазар кај бугарките на тезгите кога ќе дојдам таму обавезно да ми го покажеш момакот штом имал уникатни, а не толку скапи парчиња накит :mrgreen:
ако искочам без обетки исто ко без уши да сум излегла си праам сама по мој вкус и иам само 60 пара(баш си ги броев пред некој ден) хаха се пофалив битно
Уникатни загарантирано. А за цените, дефинитивно поефтино од бижутерија Башка екстра е човекот, толку е фин, ќе посакате пак да се вратите и да купите уште нешто (јака реклама му направив ).
Ах бело злато секако, Горде многу ми паднаа во око ланчето и обетките Жолто злато не сакам воопшто, се што имам златно од накит ми е бело злато. Инаку обожавам да носам накит и бижутерија и позлатен и сребрен и чисто злато и бисериии најмногу од се во секоја пригода носам
Сонце моееее, прво напишав, па ги прочитав вашите постови и што да видам бисерииии ах имам коелекции од нив, имам огрлица, обетки неколку пара и нараквица и тоа се ми се оргинал, ах ги обожавамммммм
Обожавам накит ! :mrgreen: Најчесто носам обетки и алки,а имам едно ланче кое не го вадам никогаш.Бидејќи незнам како се викаат еве слика Обетки имам разно разни.Најчесто ги правам сама меѓутоа знам и да си купам доколку ми се допаднат.Жолто злато не сакам,а бело да.