девојки гледав многу работи од направи сам и ми се допааѓаа можете ми да ми пратите страни и видеа на кои се покажуваа правењето плсс
Данке, имаш многу видеа поставени на овие 20 страници во темата. Разгледај ги, па ако направиш нешто, стави слика во темава
Мислев каде да го ставам прашењето па мислам дека тука највеќе би одговарало. Имам едно палтенце,го добив на поклон од марката ICE BERG многу ми се допаѓаше,Но го имам носено само 4-5 пати, братучетка ми го ставила да го испере но ставила многу топла вода и тоа се помастило и сега ми е шарено.и еве веке 3 год ми стои така ново и шарено ,и сега ми текна на него но не знам што да правам.......не знам дали може кожа да се префарба ако има некој предлог нека пише
http://www.youtube.com/watch?v=LtMgNG8a ... re=related Вакво сакам да ми шие мајка ми...едноставно е за правење а многу убаво.. Ви се свиѓа?
Близу до Соборна црква имаш една продавница специјализирана за делови за накит, Delfina's Accesories се вика.. имаш се што ти треба за накит
Девојки еве овде3 можете да најдете мини е-книга за изработка на додатоци.Не е којзнае што но можете да најдете нешто за инспирација. Само додадете го вашиот маил во полето. http://www.sewdaily.com/Sewing-Accessories/
Се изнамачив значи , се регистрирав , ама не се симнува никако. Кога идам на download, ми пишува You do not have permissions to perform the requested action.
И мене сега тоа ми го пишува. Не знам во што е проблемот. Порано имам симнувано книги од овде ама сега не можам ни јас.
LejdiEj обетките се убави, но искрено не се ништо посебно. Вакви милион, имаме сите видено. Друго е сепак, ако си ги правиш само за себе, а друго е ако сакаш да ги правиш нешто поуникатни и повпечатливи. Сепак секоја чест за тоа што си одвоила време сама да направиш. Еве ти една идеја од мене, за последните. По должината на целото синџирче, закачи топчиња во различни бои и разни фигурички. Ќе видиш колку побогато и поуникатно ќе изгледаат. Јас имам направено такви неколку пара, и верувај дека се многу интересни.
Првите ми се свиѓаат, вторите не се лоши ама на третите мислам дека им е преголемо тоа синџирчето ако можеш некако скрати го до пола.
Многу сте креативни девојки Јас одамна си ги направив балетанкиве - не се ништо посебно само сатенска лента му ставив како пувка и супер излегоа инаце ги имав 3 години ич не ми беа облечени сега не се слечени од мене
^^Како што кажав има многу модификации на овој рецепт, па прогуглајте за Cold Pocelain, или најдобро на српски Hladni porcelain, и ќе најдете рецепти, јас го правев вака ама додадов вазелин и малку лепак за дрво, и многу е цврсто. И треба да се меси повеќе. А за бои, најдобро е при месењето да се подели смесата и да се додаваат прехранбени бои и така ќе имате разнобојни смеси, бидејќи ако ги ставите додека се вари целата смеса ќе биде еднобојна. Или пак може да ја оставите смесата како што е, има убава порцеланска боја, па потоа да цртате по неа. Се надевам разбравте
Имењачке , а со какви бои може да се бои после? Баш ме заинтересира , па сакам да го правам рецептов. И ако не ти е тешко сликни нешто од твоите креативни дела
Може да се бои со какви сакаш бои, со акрилни, темперни, фоломастер, туш, ама потоа мора да се излакира. Јас имам само неколку обоено, плочките што ги направив од оваа смеса ги користам за трансфер, тоа изгледа вака. Спојлер Сликата не е моја, кога ќе се вратам во Ск ќе ги ставам и моите А еве како изгледаат перли од ладен порцелан