Не се разликува -Префинето и елегантно и -Кич и Вулгарно. Кич и вулгарно обично се облекуваа певаљките по кафани,кои се тркаат која повеќе ќе покаже нозе,газ...А најсмешно ми е што телото на некој од нив им е а облекуваат некој минич со деколте до доле. Ај тие...Ама почна и младинава да ги емитира Примери за нова година колку сакаш. сирот
леле што невидов на новогодишната вечер само од помислата сега па имаше буквално голи девојки не ги обвинувам можеби цела година не излегле па сега сакаат да оставт фпечаток до другата нова година светкаја со пулејките на сите страни од глава до пете како лампиони па фустани (гламурозни)пердуф до пердуф редени уффффффф ама беше смешно и што уште не
значи прееска бевме на роденден и имаше маса каде што беше за дечињата само да седат-во игротека и една мајка носеше кратко фустанче,и и подаваше нешто на керка и, и јас се погодив подалеку зад неа,и луге кога се навали цел г*з и се виде,и не бев само јас,имаше луге зад неа,и можеби и тие ја видоја Спојлер значи гадно носеше потесни гакички и дури влакненца од га*от и се видоја Tреба да се пази што се носи,не е лично за очите,а и за самиот себеси
Мислам дека за новогодишната ноќ навистина се претера..Кога видов мои врснички и девојчиња помали од мене иступорени на штикли се стаписав ..Исто така имаше и пренатрупени со 2 кила шминка..со драчливи миничи..Врв на се беше една слика од девојче од шесто одделение со минич од кој буквално и ѕиркаа гаќичките...Тоа е крајно невкусно и грозно .Единствено, не ми е јасно како нивните односно нејзините родители ја пуштиле ваква
Кај женските: (повеќето се за девојчиња од 13 до 17 години) * танга уште од 15 години * голи половини (без боди) во сред зима * малку отворено деколте е во ред, но се знаат границите - ПРЕМНОГУ е ПРЕМНОГУ! * ееептен кратки фустанчиња (на пр. во школо) * прслукот да ѕирка * штикли во школо * хеланки што ги носат како панталони * оние кои се облекуваат во оној стил на бугарските пеачки, со 100 кила шминка(особено пудра) на нив Кај машките: (иста возраст како женските) * шпиц кондура * триста ланци на себе * свлечени фармерки до колена * кога боксерките им се гледаат * шишки! - тоа највише мрзам кај машко(иако не е дел од облека, морам да потенцирам) * милијарда обетки и пирсови на ушите
Мразам кога видам девојка која облекла: блуза која повеќе наликува на градник, кога некоја намерно ја извадила тангата надвор од фармерките да сите видат дека носи танга, кога носат провидни (фустани, блузи) а оздола оскудна или никаква долна облека, и ваква ситуација Спојлер и тоа однапред, па со месо боја многу невкусно изгледа....
http://www.facebook.com/home.php#!/pages/stefanija-zlateva/215113286780 Девојката е толку горда на себе што си направила и група на фејсбук...што мисли стварно не ја сфаќам ми се
Па нели секое девојче/девојка/жена треба да внимава како се облекува? Барем мене така ме учеа уште од мала.. И кога го откриваш горниот дел (деколтето) не треба и долниот (нозете и обратно), оти изгледа премногу евтино и ептен невкусно. Навистина не можам да сватам, не ми е јасно како може така. Па после зошто машките збудалуваат на се буквално Ете зошто (еден дел) од одговорот
Јас си имам само едно правило: на светиот триаголник. Тоа се деколте, нозе и грб. Во нормална комбинација, само едно е дозволено да се „гледа“. Две, или недај Боже три е веќе недолично и преразголено. Не можам да сфатам девојки што на прв состанок пробуваат што повеќе да покажат, одат со цицки на изволте, допи*њаци и слично и после се жалат зошто никој не ги сфаќа озбилно.
Одма ми текнува на фолк пејачките, кои очигледно не ја разбираат разликата помеѓу секси и ку*винско облекување.
е кога ќе видам некои девојки значи немам коментар преги бев на кафе кога поминуваат две облечени со кратки палтенца хеланки и тигрести чизми абе за пеза а и на излегување со високи штикли миничи деколтеа не ми е јасно кому сакат да се докажат или така им е полесно да го привлечат машкото внимание нели е подобро да си комотно облечен едноставно да не се замараш цела вечер и да одиш до тоалетната да се наместиш па сите ние сме биле на нивните години ама тогаш се беше подруго денес сакаат побрзо да пораснат и да се направат теткици а можеби премногу ги гледат овие пејачките на тв па сакат да бидат како нив.
^^Затоа треба родителите пред да им купаат на керкичките компјутер прво сами да научаат нешто за нив,а очигледно е по сликиве на девојчево дека е во некое село така да и не очекувај некаква реакција од родителите,вероватно мислаат дека ФБ се мачка на леб. Да не бидам офф топик невкусно ми е кога некој не е облечен во склад со годините.
Мојата генерација, 15 годишни девојчиња а и помали, се облекуваат како теткици.Излегов со другарки низ град и што да видам..Облекле штикли дванаеска, а не знаат да одат , кратко фустанче со длабоко деколте,и секако на се тоа многу многу пудра, црвени кармини,сенки и што не.Не личеа на ништо, не знам зошто толку сакаат да пораснат.Ќе дојде време кога ќе носат и штикли, и кратки фустанчиња и се, што дури ќе им се здосади но тоа е.. Се почесто се случува да дојдат и на училиште несоодветно облечени, со деколте, но дел од професорите не го прифаќаат тоа па ги праќаат да се пресоблечат. Исто не ми се допаѓа кога и постари жени се облекуваат во облека која не им доликува на годините, едноставно не изгледаат убаво во хеланки, кратки маички и чизми
Точно...и првите штикли што ги купуваат се толку виски без да размислат дека абер немаат дека не знаат на штикли на одат..јас првите си ги купив лани и тоа од ноие ниски чизмички го глужд и штиклата е висока 7 cm и сеуште ги носам нив а не тие се опнале на 15ка...и на таквите госпожи им е чудно и смешно кога човек нашкола ке се појави по тренерки...
Изминативе години сум видела толку модни гафови што мислам дека повеќе не можам да се изначудам. Каде да се повлече линијата меѓу вкусно и невкусно облекување? Стилот на живеење многумина го изразуваат преку стилот на облекување. За многу луѓе невкусни работи не се само длабоко деколте, извадената танга ниту пак тоа што некој комбинирал бои кои на човек со вкус за облакање не би му паднале на памет. За многумина исто така невкусно е и човек да биде накитен од глава до пети со костури, комплетно во црно, со јака размачкана шминка и со коса која очигледно чешел не видела. Но за нив, за разлика од певаљките кои заработуваат со цицките и кичот гардероба овие металци, даркери, емовци, не знам веќе како да ги наречам не се до тој степен нападнати и исвиркани, бидејќи да слушаш метал тоа значи дека припаѓаш на одредена група која не е лесна мета за исврикување. Тогаш како да се повлече тука линија? Певаљките се оние кои им е професија атрибутите да ги извадат, а овие другиве ја форсираат музиката која ја слушаат преку начинот на облекување. Дали се металци или пак рапери оставаат сопствен белег и со молчење посочуваат каков е нивниот начин на живот. Според мене се што е пренападно за око, односно кога се разликува од мнозинството до оној степен да не може да се вклопи на било каков начин е невкусно. Невкусно е и кога ќе одиш во дискотека каде што повеќето посветиле внимание на себе, да дојдеш со мрсна коса, со испотена мишка и толку обично што веројатно така одиш до продавница. Сите оние луѓе кои се "оперирани" од чувството за вкус не можат да разликуваат кога некој ќе се сврти затоа што се добро облечени, односно средени или затоа што не можат другите да им се изначудат за идејата која им паднала на памет па вака шетаат во јавност. Тие кога одат по улица, веруваат дека сите се вртат бидејќи токму тие се оние кои се најдобро облечени. Патетично звучи знам... но постојат луѓе кои се гладни за внимание, па ако треба ќе го изнудат тоа со некој невкусен аутфит.
значи јас сум запрепастена од младинава денес, излегувам во град дискотека облечена во фармерки маичка сеа не за по дома али прибрано скромно влегувам што да видам ме гледаат како од марс падната девојчињна млади со миничи една педа штикли огромни едвај стојат шминка да не зборам како една туба да истуриле врз лице други облечени во чорапи холахопки до над колена ко подвезици со кратки пантолончиња како и да седне или да се поднаведне малце се ке и се види...мислам срамота дали пред да излезат од дома родителите ги гледаат како се облекуваат...катастрофа
Ги прочитав првите неколку страници и не приметив ни една девојка да каже дека провокативно се облекува.... Еве јас ќе бидам прва Имам 19 години, до 17 години бев дебела. Сега сум 170 со 57 кила. На линијата си работев скоро година дена. Диети, вежбање, јога, трчање покрај кеј. Се изнамачив и сега сакам да покажам што сум постигнала. Не се облекувам кичасто, ја следам модата, но сакам да облечам кратко сукњиче или длабоко деколте. Штикли под 15 сантими немам, знам да одам во нив. Шминка си користам редовно некогаш повеќе, некогаш помалце, зависи од тоа каде идам. Сакам да изгледам убаво и провокативно, година дена се изгладнував и се убивав од вежбање за да ми го собере дебелиот задник во тесни фармерки. Ми смета тоа што нашиот балкански менталитет не тера да ги осудуваме луѓето според тоа како се облечени. Иако се облекувам провокативно, далеку сум од ку*вичка. Само сакам да покажам дека добро изгледам, а сигурно нема да го постигнам во широки тренерки или фармерки дигнати до врат и широка ролка. Плус ако сега не се облекувам провокативно, кога? На 50 години. И немојте да ми кажете дека не ви се свиѓа кога кога машки кршат врат по вас и кога правите раздор во сообраќај Иначе мене невкусно и недолично ми е кога ќе видам девојка од 14, 15 или жена од 50години облечена како 20 годишна девојка. Се си има свое време....