Ги обожавам... од дома без обетки не излегувам, и најчесто сакам висечки, и ретко се сребрени или златни - бижутеријата е закон, особено што ми дозволува многу експериментирање за малку пари... како и да е, немам некој одреден стил, ама сакам оригинални обетки, па најчесто си купувам делови од една продавничка кај КингБургер, може ја знаете, и си ги склопувам сама како што сакам, па колку толку имам уникати... но добро, се случило да купувам и готови примероци, ама посебно ми се драги обетките што ги купувам од Србија, конкретно во Панчево, во една т.н џиџимиџарница (да, така се вика) и таму имам најдено доста убави оригинални примероци кои и не беа многу скапи, дури беа и поефтини отколку овде во Македонија

немам слики од моите обетки да ви покажам какви носам, ама кога ќе ги сликам ќе ставам некои
