1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека и акцесорис со дизајнерски логоа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 30 март 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку сакате и носите облека на која би се гледале дизајнерските или брендовските логоа?

    Одма тука прво ми доаѓа на памет Луи Витон којшто на се го става своето лого, од километар гледаш дека нивна е чантата, марамата...
    [​IMG][​IMG]

    Исто и Гучи се им е во нивното лого
    [​IMG] [​IMG]

    или нивната "д бест" чевла балетанка |(
    [​IMG][​IMG]

    И каде е впишано со големи букви брендовското име
    [​IMG][​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG][​IMG]

    [​IMG] [​IMG]

    Jaс лично ИЧ, ама ич не ги сакам :)
    Секако нормално е да има мало лого, па и минијатурно да е напишан брендот, ама цела чанта со него до 90ка фонт :^)
    Прифаќам лого на спортски фирми адидас, најк, пума не ми смета, ама не и да ми пишува Прада, Клое, Шанел...
    Има сеа иронички и хумористични натписи каде е пишан некој бренд. Такви би сакала :wasntme:
    Вака нешто :D
    [​IMG] [​IMG]
     
    На CoverGirl10 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Уф не ги сакам ич. Пишав и во друга тема....се осеќам ко подвижна реклама
    Многу ми е просто и селски, и ептен снобовски, демек види од каде ми е |( така ми делува мене.

    Но и јас за овие спортските марки не ми смета, баш ми се симпатични маичките на најк или адидас со големо лого на нив, ама ионака тие се за шеткање или спорт, не за фалење низ град што си облекол :)

    Или пак коа ќе видам во теранова обични маички 200денари и опнале со огромни букви Terranova....и шо сеа? демек многу јакиот бренд.....Ај овие скапите брендови ги поврзувам со снобизам, ама манго, теранова и слични ич не ми се јасни. Eagle Eye пак претеризам, роба со просечен квалитет и достапни цени и никако неможеш да најдеш парче каде што го нема испишано називот со букви големи колку самото парче
     
  3. DrenkaC

    DrenkaC Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    И јас не ги сакам.Можеби Витон има убави ташни ама тоа ми важи само за формите и материјалите..воопшто не ми е убаво тоа што сто толкави букви напишале кои се.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Можда е еден вид балкански синдром, што е веќе раширен кај нас, па толку со одвратност гледаме на овие парчиња. Ние буквално сме толку затруени со фејкови, што и оригинал да не бапне по глава ние ќе го игнорираме. И така си е, од мене тргнувам.
    Веќе логото на Луи ми стана синоним за “девојка са села“ што очајно сака да се промовира носејќи фејкови, за кој е свесна дека се копии ама упорно си ги купува.

    Кај нас, да ти е срам да излезеш со некое вакво парче на тебе, одма те бележат. Имам јас една оргинал ташничка Шанел, од оние со синџирче, ама бела, долг пат помина за да стигне до мене....за да не ја ставам на себе, од пусти срам од тоа Шанелчето што си стои напред.
    [​IMG]
    А се наежив кога мајка ми доби за 8-ми Март марама со Луи принт. Не знаев дали е трагично или смешно.

    На неколку пати сум налетувала на статии, а и на интервјуа со одредени модни имиња, кои имаат нагласено дека фалсификатите се толку проширени, што ако шеташ на улица ќе добиеш впечаток дека секоја втора дама живее на висока нога и верна на модата или пак на некој дизајнер. Турција е крива за експанзијата....
     
    На FBI и Belieber163 им се допаѓа ова.
  5. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ке се надоврзам дека и Фенди исто така претеруваат со нивното лого.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Има работи од Louis Vuitton кои ми се допаѓаат, но овие чанти, новчаници, марами и сл. кои се целите со нивното лого не ми се допаѓаат и ме асоцираат на фејк (што и се), тешко дека некој во нашата мила земја дека може да си дозволи да има оригинал LV од 1000 и повеќе долари, ама и 2000 долари да е не би ја носела. Како што е споменато предходно за тие блузите во теранова, јас си се чудам кој купува такви.

    [​IMG] :up:
    [​IMG] :up:
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Гадничко :rofl: (овие горе де, чантиве)


    А инаку би ја облекла маичката што ја стави Роси.
    Интересни ми се ваквите зезанции.
    Би ја облекла и би шетала на Ленинова, во име на сите прекрасно дотерани девојки wannabes кои парадираат со фејк Луи. :wasntme:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Smilly, FBI, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Еј кога ќе ми текне дека порано у средно „кремците“ толку се палеа на облека од познат бренд ,што дури и да немаше лого на видливо место, го оставаа етикетите и ги вадеа да штрчат за сите да видат дека носат Дизел фармерица. Истите тие ги вадеа и токите од ремените, не е битно што се носи горе, битно се бута у фармерка у случај ременот да е марка. :D
    Или она срценцето на Фард. :rofl:

    Јас одбегнувам ваква гардероба, поважно ми е како ми стои парчето отколку кој го направил. А навистина го нема тој феномен на перчење со спортски парчиња, затоа е прифатливо да се носи дуксерче или тренерки со лого.

    А најјака ми беше онаа Каракаева, имаше некоја емисија и и` се наканија на гости демек да и пробуричкаат у гардеробата. Извади се од Луи Витон, од качкетот до патиките, иста шара. Каква сељанка. :D
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.916
    Во вакви тешки времиња не живеат сите на висока нога и не гледаат низ розови очила . Брендот воопшто не му е битен на луќето кога немаат каде да преноќат па го прават тоа под отворено небо .. неможам да разберам кое е задоволството во тоа да се оси марка кога се знам дека и едното е облека и другото .
    Во моето учишиште децата не носат дизел или најк патики ..најскапоцената марка кај нас е теранова и таквите се ретки ... :!: :!: се нема бе луќе што да се прави такви времиња дојдоа , или имашш или немаш ..
    и сега нели е невкусно само еден да се дотерува кога сите други се еднакви . Јас не би .
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Хм. Малку ти е промашена темата. Одговорот ти е повеќе од општествен, финансиски аспект од колку мода. Сепак темава е за мода и за логоата на облеката и како сето тоа го сакаме од естетска гледна точка, а не кој колку имал/немал.
    Јас коментирав за LV, за Габана....ама тоа незначи дека поседувам нешто од овие, значи си коментираме општо како ни се допаѓа, без разлика кој што може да си дозволи да носи. Некој што има ќе носи бренд секако, и брендови со и брендови без огромни логоа
     
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.916
    Ок. Еве ако ја сметаш за промашена темата тогаш да кажам што мислам НЕ општо за маркиве :)
    Кога сум во средина каде сите се облекуваат во марки , и јас носам на пр на тренинг, нормално ти требаат квалитетни патики и тренерки, а и симпатично изгледаат :) имав и едно вакво кесе да го речам ама се носи и за преку рамо , платнено беше моето
    И уште нешто , кога би имало кај нас Шанел не би ставила ништо на себе освен некоја блуза со интересен натпис бидејќи мислам дека повеќето од работите се дамски и фрлени пари . Значи само за квалитетна тренерка не жалам дадени пари .
     

    Прикачени фајлови:

  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    и мене ми е гадно,посебно кога ке ги видам в списание,Kарлеуша,Cека,дара-бубамара,боки13 абе ми се :puke: :puke: опседнати со шанел,луис витон :^) сакам минијатурно лого,посимпатично ми е :)
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    А да се потсетиме генерациите родени во 80сетите кои во средно беа Фард подвижни реклами :D
     

    Прикачени фајлови:

  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ми смета и мене преголема натрупаност со логоа, но се слагам со Старфиш - тоа нам ни смета бидејќи кај нас е синоним за кич и фалсификат. А ако е убаво дозирано, знае да биде луксузно. На пример овие обетки на Саманта со логото на YSL:
    [​IMG]
    Прекрасно изгледаа на неа. Се разбира, доколку би ги ставила некоја од нас (the commons), би изгледале смешно. :)
     
    На FBI и rossonerka им се допаѓа ова.
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Најмногу што мразам е да се гледа логото, особено ако е огромноoooo.
    Ова што го носи Саманта е реклама, кој знае колку платиле да и ги стават обетките, што е нормало , така се рекламира.
    Ако сте приметиле луѓето што носат оригинални скапи и дизајнирани парчиња облека нема да ги видите со големи логоа, облеката сама по себе е еден вид лого, секој дизајнер има нешто специфично и ако малку повеќе се следи модата , ќе се примети тоа.
    Кога ќе видам така некој со оромно лого на него ме потсеќа на Карлеуша , Боки и останат кичерај, или па на некој од глумциве низ градов, шета и само гледа дали некој видел дека маичката му е Кавали ( нема врска што е шанерај ) важно Кавали е :puke:
    И кога би имала пари за да си дозволам висока мода, не би ставила логоа на мене, никогаш :!:
    Едноставно ми се кич, па и незнам кој дизајнер нека е .
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    ^ И јас исто, ако купувам нешто скапо и дизајнерско не би сакала да се истакнува.

    Башка, кај нас и да носиш оригинал Гучи или Шанел, или Луј Витон ташна, сите ќе мислат дека ти е фејк. :lol:
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    :tmi: Се тешам дека сум била млада и зелена
    Прости ми Господе, незнаев што правам :D
     
  17. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Јас носам само на Адидас,спортски тип сум си :lol:
    Еве неколку работи што ги имам на Адидас:
     

    Прикачени фајлови:

  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    A реално ташнава е многу грда, многу. Али :!: пишува Шанел :wasntme:

    Фенди
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    :puke:

    Mис Сиксти
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]


    Алкиве симпатични ми се :wasntme:
    [​IMG][​IMG]
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Мене ташнава на ќеса ми личи.

    Инаку не ми се допаѓа облека со дизајнерски лога. Никогаш не сум носела, а и нема ни да носам. Не ми се допаѓа ни на друг кога ќе видам дека е истакната марката, па што ми е мене воопшто гајле што ти носиш?
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    ^^ Одвратна е ташната. Ако сакаме лоши примери за трендов, балканската естрада е преполна со нив :D

    Некогаш мене ми изгледа прифатливо, на пример:
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Посебно на очила за сонце, не можам да ги замислам без лого, прилично сиромашни би изгледале :?:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.