1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за која ви мина меракот

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило да купите некое парче облека, и во почетокот да уживате во неа а набргу да скапува во плакарот и веќе никогаш да не ја облечете?
    Што правите со таа облека ? Ја фрлате, подарувате, преправате?
    Мене многу пати ми се случило цело време да мечтаам по таква блуза на пр. и откако ќе ја купам два-три пати да ја носам и повеќе не можам ниту да ја гледам :tmi:
    Која е најголемата сума пари што ја имате дадено за парче облека?
     
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Има,има.Знам имаше едни кремасти пантолони како со копчиња многу ги сакав и ми ги купија.Сега ете ги си собираат прашинка.И не се само тие има и уште многу други,но на тие само се сетив во моментов.Имам и црна есенка јакничка и таа собира прашинка.
    Облека не фрлам,ја давам на некој,но ако знам дека ќе ја носи. :)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На секој му се случува вакво нешто и обично кога ќе ми мине меракот ја преправам.
    Подарувам облека кога ќе ми се смали.
    Најголема сума? - искрено, не ми текнува. не трошам многу на облека.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Има облека на која што ми е поминат меракот, не едно парче облека, туку повеќе.
    Ќе го купам и ќе го облечам еднаш или два пати и готово си стои во плакар. :(
    На облеката што ми се смалува или ја подарувам во Црвен Крст или на некој што ќе ја носи.
    Ако некое парче облека ептен ми е омилено и грев ми е така да го дадам и го чувам за украс и се тешам сестра ми еден ден ќе го носи (ама само се тешам, дали ќе го носи прашање :wasntme: ) :D
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    значи секогашми с еслучува ова |( и се мислам дали проблемот е до мене :$
    не е можно, ќе купам нешто неколку пати ќе го износам и тато што вика - ,, аааа ќере старо е веќе, не треба да го носиш,, :lol: :lol: а бе одма мерак ми поминува :wasntme:
    ама има па некои парчиња облека шо ги истепувам од носење, кога ќе го умислам едно и тоа е :D
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    истата сум и јас :) кога ќе заносам нешто, скапувам во тоа :lol: ете имам едно џемперче абе го отепав од носење, мака си немам :lol:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    порано и ја подарував облеката на мајка ми и сестра ми,и ги носеа и се радуваа :D сега ги собирам во една голема кеса,собирам,собирам,ама веке застарени работи,не купено сега :$ и потоа во црвен крст,мене меракот не ми поминува одма,носам се што ке купам,ама има периоди кога не соблекувам едно та исто,како на пример хеланки,фармерка немам ставено,незнам колку време :D имам купено некои скапи работи и тие колку и да се стари не ги подарувам ^_^
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Нема шанси да фрлам нешто што толку многу сум го носела некогаш , едноставно жал ми е, па си ги чувам тие парчиња во шкаф. Некогаш кога си средувам облека, ми текнува кога сум го носела ТОА парче :)
     
    На sweetyears му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Имам таква облека која веќе не ми е ќеф да ја носам и ја давам на мајка ми па она на којзнае кај ја дава:)Порано знаев да купам нешто и да не го носам ич , ама сега знам да дадам повеќе пари на нешто што знам дека е паметно да се даде пари и да го носам подолго време .
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Ретко на нешто ми поминува мерак, затоа што купувам претежно класична гардероба, па можам да ја носам долго време. Тие работи што ми се помали, секогаш ги давам на некого. Имаме две,три девојчиња кои едвај чекаат да не видат за да им дадеме некое парче облека или чевли.
    Често и преправам, на пр. кога помина модата за ѕвонарки сите ги стеснав.
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мене ми е тоа најголем проблем, ке бендисам нешто ке пукнам додека не го купам, еднаш го носам и повеќе не сакам да го видам. Ептен си се мразам поради тоа, не е нешто да се занесувам дека еднаш носено, па повеќе да не одам во истото, но не се чувствам пријатно, не ми прави кеф,односно ми поминал кефот. И си ги чувам дома, и само се расправам кога сакам нешто ново. Имам две-три скапи парчиња облека, кои премногу си ги сакам, се надевам во иднина ке си ја зголемам колекцијата :)
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено неколкупати, да купам нешто и по 2-3 пати носење се прашувам каде ли ми биле очите. Последно, лани зимата купив едни чизмички што долго време ги гледав на излог и ми изгледаа многу привлечни, кога сум ги пробувала сигурно од помислата дека ќе ги купам и од возбудата не ни видов дека не стојат ни малку убаво. Згора на се, ѓонот им беше толку тенок што кога одев во нив ми се чинеше дека секое камче го осеќам. И толку беше, 3-4 пати ги облеков на излегување и ете ги дома стојат како нови.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    22.578
    Пол:
    Женски
    Да, ми се случува да си купам нешто со мерак, а потоа воопшто да не сакам да го облечам тоа нешто, ама за среќа многу ретко ми се дешава тоа :)
    Облеката што веќе не ја носам најчесто ја подарувам.
    Имам скапи парчиња гардероба, се надевам ќе можам и понатака да си дозволувам такви финансиски издатоци :D
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ништо не сум фрлила и нема да фрлам.
    Ете мајка ми затоа што фрлала, во наследство освен накит немам ниишто друго. А такви убави парчиња имала... ;( Јас ќе одам на картата дека ќе имам ќерка, па се на неа да и оставам.

    Инаку тие што ми се здосадени парчиња ги ставам во еден друг плакар, посебно за таа намена. И кога добивам желба за сечење и напади на креативност, си отварам таму, си барам нешто, вадам и сечам. И често убави работи ми излегуваат, што може да се носат и комбинираат. Три ќе утнам, ама затоа едно ќе се погоди прекрасно направено да го утепаш од носење. :)
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Шкафот ми е фул од еден куп марами кои сум ги носела само неколку пати, кога биле во мода, а потоа ми зафаќаат само место, неупотребени.

    Не знам дали овде ги вбројуваме чевлите, ама исто така имам купено скапи топуци( терај мода и ако не ти стојат |( ) и само на нечија прослава ги носев! Џабе фрлив пари :doh: .
     
  16. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    И јас со чевлите го имам проблемот... Имам патики што ќе ги утепам од носење и се‘ останато дреме. На неколку штикли им го имам фрлено меракот, другите прашина фаќаат :)
    За фармерки сум иста, некои ептен ќе ми се погодат и не ги вадам дур не им се смени бојата :rofl: а панталоните онака, за посебни пригоди си ги чувам :lol:
    Е маичките си ги носам сите, зошто нив со најмногу мерак си ги купувам :lol:
    Марами исто, ќе изнакупам, а носам само црна и кафена, евентуално розева...

    Не фрлам гардероба, ако ептен ми е мала или не планирам никогаш веќе да ја облечам, ја давам на ромчиња што ќе ми дојдат на врата, ама жал ми е да си ја давам :$

    Сега си се подновив :lol: со стара ташна, каиши и фустанчиња што нееееееекогаш ги носела мајка ми... Бев кај баба на викенд, па и го осиромашив плакарот малку...
    Сочувани, ретро, баш ми се слатки :)

    Најскапо парче...хммммм што знам...за чизми 14000...ама ги исцедив од носење три години :)
     
  17. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Кога ќе ми помине меракот обично ја подарувам на другарки....
    Никогаш не ја преправам , гардеробата од причина што не ме бива, само ќе ја упропастам...
    Подобро некој да ја носи отколку да ја упропастам и фрлам...
    А за најголема сума, 11 000 за фустанче за матура.... Сега ми е криво, само на матурата го облеков и после на свадба... Кај ми беше паметот :fubar:
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Немам баш некој таков проблем али имам друг проблем. Порано, мислам како девојка бев побуцкаста а сега сум -10 кг :) така да се ми е широко и неможам да го носам. Ете со тоа се справувам а инаку се си износувам и не терам многу мода :D и мразам униформи како сега цветиќи.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Пред неколку недели го нахранив контејнерот со чевли и секакви скапани обувки.
    Сентиментално ич не сум врзана за чевлите, посебно за некои ветви патики или балетанки или некои со демоде потпетици ... а имало пар или два помеѓу тие на кои навистина сум им го имала меракот.
    За илустрација, лани имав едни сандали, погодени во модел, боја, удобност и ги убив од носење, после 3-4 месеци им се скина ремчето позади, око не ми трепна, ги џитнав.
    Оваа сезона ги начекав од ланската во една продавница, купив слични, само црни. ;)
    Ништо не е незаменливо.

    Неколку парчиња сум ги купила со мерак, а денеска не ги облекувам воопшто.
    Зависи од парчето, ако е некое секојдневно џемперче, кошулче или болеро ќе лета во џипси таун.
    Ако е некое уникатно парче, си го чувам.
    Ќе му дојде времето повторно... се надевам.
     
  20. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    па немам пролем со тоа да купам нешто и да ми помине меракот,се си носам :D
    таков проблем има мајка ми,ќе оди,ќе шета,гледа-разгледува,цел град ќе го сврти за да си го пронајде идеалното парче облека,и кога ќе дојде дома веќе не и се допаѓа :devil: уф колку само ме лутеше тоа :devil: среќа што сега не живеам со неа па нека прави што сака!!! Има такви пантолони,кошули и сл ствари што никогаш и не ги облекла!!!
    Истотака јас облека не фрлам,освен нели ако веќе е оштетена или искината од носење :lol:
    А за муабетот околу најскапо парче облека-па и немам скапа облека,единствено зимскита јакна,капут се платени поскапо но ги носам веќе 5 години.
    Најмногу пари давам за убави патики бидејќи најчесто ги носам а и ми траат по неколку години
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.