1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oблека според формата на телото

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 декември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку при изборот на облеката гледате дали ви одговара истата на телото?
    Одговорот на повеќето би бил да внимавам, но реално околу нас секаде гледаме утки.
    Јас лично имам мислење дека повеќе се внимава на убавината на парчето облека кое се купува, него како ни стои на нас и дали одговара на нашето тело.

    При изборот на облека ниските треба да побараат облека да ги издолжи, а не да изгледаат како џуџе.
    Пополните да изберат облека која ќе ги направи послаби. Но не мора да носат само црно или пак најголема грешка е кога носат 3 броја поголема облека со која изгледаат тродупло подебелки.
    Ако имаш стомак треба да го сокриеш не да носиш голо меше или претесна блуза на кој ќе се бројат мишелинките.
    Ако имаш мали раменици носи блузи со истакнати раменици, но ако ти се големи со вакви блузи Робокап не ти е рамен.
    Девојките со мали гради треба да носат пуш ап, барем да направат некој сооднос, додека оние со поголеми гради не мора да носат блузи со најдлабоки деколтеа и на тацна да ги сервираат градите.
    Високите девојки често имаат проблем со фустаните зашто им се прекратки, па не ретко може да видиш фустан што одвај газот го покрива, повеќе личи на блуза него на фустан.
    Ако сакаш да ги сокриеш подебелите нозе сукњите се вистински избор, а и црните хулахопки. Но тие девојки не мора да носат хеланка на голо растресено газе.
    Ако имаш вишок килограми може да носиш фустанче кое ќе ти одговара, немора да се гледа целиот бут и да ти е претесно да мислиш дека ќе пукне секој момент. За секоја форма на телото постојат соодветни фустани.

    Има неколку основни типови на форми на телото
    [​IMG]
    Тријаголник (големи бутови мали гради)
    Превртен тријаголник (големи гради мали бутови)
    Правоаголник (право рамно тело без облини)
    Песочен часовник ( големи гради и бутови а мал стомак)
    Дијамант (мали гради и бутови а голем стомак)
    Заоблена форма (со облини)

    Па каква форма на телото имате и дали внимавате на тоа облеката да одговара на вашето тело? :)
    На што посебно внимавате?
    Никој не е совршен тоа се знае, но битно е да се знае да се истакнат позитивностите, а да сокријат недостатоците.
    Кажете некоја тајна за како ги истакнувате вашите убави делови и некој ваш совет.
     
    На LittlePinky, JuLleE и Bright им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Видиш првпат гледам ваква поделба.
    Е бре Роси, да не беше ти со темиве во „Мода и стил“, многу работи немаше да знам. :lol:


    Види, овде некако ми одговараат две форми на телото.
    Првата и последната. Е сега малце контрадикторно, пошто и градите се рачунаат како дел од тие „облини“ во последната форма. Ама па во последно време се ширам, и не сум баш коски и кожа, што се вели. :wasntme:


    *Јас немам големи гради, такоречено нема гради. :D
    Наравно, постои push up па се тешам. Но и премногу напумпано не ми се допаѓа. Убаво е кога ќе ми ги стегне градите, и добивам благо деколте ( искрено не ни сакам да носам работи во V израз, кога немам со што мн. да се пофалам ). Значи тоа ми е мојот недостаток.
    *Малце и во стомачето сум поправена, али мишелинките ( :lol: ) не ми се до толку изразени. Јас си ги викам ритчиња, кога ќе седнам така по прслук и гаќи малце ме обесхрабруваат, али па и не носам толку тесно да ми пука, па се да се оцртува.
    *Задникот. И со тој дел, не можев да се пофалам, се додека не стапив во врска со момчето ми, има добра рака. :D
    Не бе стварно, сега имам расно газе, има што да се фати, и ми е тртлесто, и ми се допаѓа многу. Баш облина, а не како израсток. Супер!


    Така да, носам работи кои ми одговараат на формата на телото, и никогаш не форсирам и откривам она што не ми се допаѓа кај телото. Отсекогаш сум се облекувала така да не привлекувам мн. пажња со голотија, и сегде откриено. Поубаво само еден дел да ми биде откриен. Многу, многу, многу подобро изгледа визуелно, отколку се на тацна достапно за око. ;)
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.099
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам каква форма на телото имам. Имам широки раменици, мали гради, тесна половина и широки колкови. :^)
    Не секогаш избирам облека за да ме издолжува или за да ми ги направи градите поголеми.
    Градници понекогаш носам пуш-ап а понекогаш обични. Забележувам дека не изгледам така убаво, но удобно ми е.
    За да изгледам малку повисоко носам тесни фармерки- цевка, или ако носам пошироки ги носам со високи чевли. Исто така внимавам струкот да не биде пренизок, сакам или стандард или малку повисок. Низок никако, исто внимавам и сукњи кога носам ако е тесна може да не биде со висок струк, но ако е широка мора да биде со висок струк.
    Речиси секогаш носам тесно, зошто ако облечам широко се губам. Има нели исклучоци, но тогаш ставам каиш на половината, за да си го истакнам струкчето.
    Обично сакам даси ја истакнам половината и задникот. Е сега бидејќи повеќе ми рекле дека изгледам повисока него што сум, најверојатно добро си ги одбирам работите. Но радо би примениле некој совет од девојките кои се исто ниски.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Секој кој има недостатоци во поглед на фигурата и слаби точки, му ја позајмувам мајка ми да му прави друштво додека купува. :D
    Жената има око за моделчиња, точно знае како да го истакне доброто, а да се маскира лошото.
    Ме познава толку добро, што голем дел од работите ми ги носи и без да разгледам - онака го видов и мислев добро ќе ти стои.
    И 90% од времето - ми одговара, т.е. ми погодува работи. :)
    Задолжително си ја земам за друштво кога купувам фармерки, нема поискрен и пореален човек од неа.
    "Ма каде со тој низок струк, ти имаш ли памет?"
    "Е уште само тие џебови позади ти фалат, како телевизор си?"

    :D

    Јас и кога не би го имала мојот вишок, пак би одела на варијанта црно.
    Омилена боја, тоа е.

    Немам навика да носам сукњи и баш ми е криво, мислам дека со соодветно моделче би изгледала пристојно (ко што би рекла повторно мајка ми). :D
    Најчесто одбирам блузи и фустанчиња во оваа форма, горе потесни и воедно да си ги истакнам моите атрибути, близначките Тања и Сања :D , а надолу благо пошироки. Се чувствувам фино, комотно и просто јас.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Сигурно не би облекла тесни, припиени фустанчиња и блузи, немам тело за тоа, ниту пак ги сакам.
    Посебно тие минијатурните фустанчиња цевка, без прерамки и екстра кратки, дури и на ултра слаби девојки ми делуваат евтино и грдо (без навреда).

    Кога бирам фармерки, внимавам да има малку стреч материјал, значи никако 100% тексас, и да не бидат со премногу низок струк, доволно да ги покријат love muffins-от.

    Избегнувам сатен, неблагодарен материјал со чија помош се оцртува секој лош недостаток, ниту пак ги истакнува убавите делови, т.е. не работи никогаш во полза на девојката според мене.
    Најчесто одбирам блузи со V-израз, затоа што сметам дека ми стојат фино.
    [​IMG]

    Големо внимание посветувам на деталите како марами, обетки, прстени, зашто ако тие делови се одлични, се' друго се простува. :D
     
    На drugarka, Victorian, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Same here :lol:

    Во однос на поделбава, јас ќе да сум песочниов часовник :tmi:
    Мама ми вика дека сум имала задник како на Џеј Ло.
    Боже жено и викам, не ми набивај комплекси! |(
    Избегнувам да купувам пуш ап градници поради мојата 85ка, си носам и хеланки и внимавам кога купувам фармерки да не ме отцртуваат многу.
    И искрено, не си ги сакам облините.
    Исто избегнувам и вакви блузи, што се стегнати под градите, а надолу се пошироки. Некако труднички ми изгледаат :wasntme:
    [​IMG]
     
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Ех стварно незнам каква форма имам на телово. :lol:
    Слабичка сум, ама имам газенце, а имам и гради онака речиси средни-кон мали. нешто од правоаголник кон песочен часовник ќе да сум. Некоја средина помеѓу тие двете сум.

    Најчесто носам фармерки со низок струк, скроз тесни, до долу.
    [​IMG]

    Сукњи ретко носам, а фустанчиња обожавам. Сакам кога ги комбинирам со чизми и со кожна јакна.
    [​IMG]

    Не носам сатен воопшто, полиестер исто (кога се работи за тренерки).
    Исто и јас не ги сакам тие блужите што се шират од под градите надолу.
    Толку ... :)
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам средни гради(не ми пречи сега, ама како помала да ми пречеше)убава задница и помалку стомаче што ми пречи,ама тешко ми оди за негово снемување од моево тело
    носам се што ми стои, а пуш-ап градници најчесто во лето (оние што се со врзување за околу врат)
    носам блузички во в израз-поретко, а фустанчиња нормално кратки со хеланки фармерки цевка почесто, инаку секогаш мама доага со мене на шопинг(најдобар советник и критичар е )
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Повеќе пати имам размислувано на темава, гуглано, читано на нет и никако не можам да се пронајдам само во една форма. Попрецизно сум некоја мешавина на триаголник и песочен часовник со тоа што имам широки рамења, мали гради, рамен стомак и тесна половина со пошироки колкови, задник и нозе.

    Многу отворени деколтиња не ми стојат, кои впрочем ми делуваат и невкусно, па не ги ни носам. Модели со V израз скоро и да немам од причина што и тие не ми се допаѓа како ми стојат. Не ми прилегаат ниту пак ваков тип на панталони, пошироки во колковите, а потесни во нозете, од причина што многу ме шират и изгледам многу дебело (а инаку премногу ми се допаѓаат).
    [​IMG]
    Исто така избегнувам панталони и чизми кои завршуваат некаде на средината на колената или листот на ногата зашто визуелно ми ги прават пошироки, или пак гледам да ги искомбинирам соодветно. Исто така избегнувам и дезенирани хулахопки од причина што сметам дека не се за мене. Во главно комбинациите ми се горе шарено и разиграно, долу колку е можно поедноставно и еднобојно. Од матерјали не сакам сатен од истата причина што ја наведе Трендафилка. Мразам комбинации кое се целосно отворени и повеќе откриваат околку што покриваат и сум приврзаник на тоа: горе отворено - долу затворено или пак обратно. Дури и горе и доле затворено може да биде многу по секси отколку се на тацна.

    Она што преферирам се модели на фустанчиња кои ја истакнуваат половината, ластик фармерки со средна висина и кошули и блузи кои ја следат линијата на телото. Доколку се широки, или ставам каиш на половина или ги носам внатре во панталоните. Кога бирам фармерки гледам да имаат некоја средна големина на џебови и да не ми се спуштаат при седење и да не се многу светли. Сукњи имам скоро секакви модели и во главно мислам дека немам направено некоја утка до сега. Со фустаните имам малце поголеми тешкотии за да си најдам соодветни, али среќа имам шивачка со вешти раце која умее да ми ги погоди според телото. Кратки маички немам и не носам. Должината гледам да е некаде на средина на задникот зашто сметам дека такви најдобро ми стојат. Ако се нешто пократки или подолги ги носам внатре и обавезно со каиш.
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Расоњерка алал да ти е за темава :clap:

    Јас се пронаоѓам во првата слика, само што во последнава година бутките ги намалив (иако би сакала уште да ги намалам), имам убав задник и немам стомак. Не сум горда на бицепсите и малце кривите нозе, ама тоа е дело на мајка природа.

    Затоа не носам: блузички на рамки, чизми со средна висина (како една педа), деколтеа, фустани до колена, прслуци со push up (какви се, такви се - мои си се, битно се здрави), узврати, миничи, сукњи до колена..

    Е трикче за „исправување на нозете“ (кај делот после коленото): носам црни хеланки до тука (значи хеланките се тричетврти) комбинирана со кошула долга (скорс да се покрива задникот) - изгледам како да имам убави, прави, долги нозе, а бутките изгледаат слаби :) Убаво изгледа дури и со ниски сандали или патичиња, a за со високи полни сандали уште поубаво :) ;)
     
  10. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Со сигурност можам да кажам дека имам форма на дијамант, што би се рекло ме има! И си имам гради, бутчиња(читај бутови) и листови, среќа стомак немам. :lol: Господ да им даде здравје на мајка ми и баба ми, најдобри критичари што постојат и знаат секогаш да ми одберат нешто што сигурно ќе ми стои. Сукњите и фустаните ми се до колена или малку над колена, иако имам висина имам и бутови кои морам некако да ги скријам.Фустани шијам како што стави Трендафилка, преубаво ми стојат бидејќи ме прават послаба. За маици сакам малку да ми се малку припиени, со деколте(не провокативно, нормално. затворени маици ич не ми стојат)и подолги малку да се, да ми ги скријат колковите.Фармерки сакам да се рамни ама и припиени за нога, чудна комбинација, ама тоа е(кој има скини фармерки на маркс&спенсер знае какви се). Чизми имам едни и тие се до половина колено, повеќе сакам балетанки. За градници мака мачам додека најдам број, носам 80Е и едвај наоѓам некој што ми одговара, имам само со корпа, пуш ап не не носам.
    [​IMG]
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Најблиску сум до триаглоник-слична задница со Каренина :D и мали накај средни гради.

    Од фармерки, панталони носам секогаш цевка зашто најубаво ми стојат, блузи деколтирани речиси ич не носам, ама сакам блузи што откриваат рамена, грб и слично. Имам слаби и убаво обликувани раце и рамена и често ги истакнувам.
    Од фустанчиња сакам кратки или средна должина, ама никако до колена, ужасно ми стојат :tmi: Тесни, широки, било какви, тоа не е проблем.
    Моја омилена комбинација тесни панталони, убава кошула и високи штикли 8) Одма изгледаш ем повисока, ем послаба :)
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Ми ис триаголник. |(
    Мали гради, широки рамења (blame it on the swimming), широки колкови, малечко газе, слаба сум, и проблем е кога купувам фармерки. Цевка е секогаш посигурно, а и не сум превисока, а ако има повисок струк, уште повеќе се нагласуваат колковите, така да, стандарт си е нискиот струк.
    За tops, секогаш одбирам такви труднички што се викаат. :D
    Се истакнуваат градите, и се кријат големите колкови.
    Се случувало многу пати 9239587345 блузи да пробам, и ниедна да не ми стои. Ама тоа е. :|
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.988
    Допаѓања:
    233.325
    Јас сум ти жена со облини :D , а кога сум заслабнета ко песочен часовник 8) .
    Имам широки колкови, нозете ми се слаби, големи гради, а тесни раменици.
    Во однос на другите делови половината ми е потесна.
    Гардеробата секогаш ја бирам во однос на телото, не си дозволувам да облечам нешто што не ми прилега.
    Да се пофалам дека сум доста вешта во тоа :$ .

    Јас имам исти панталони како на сликата на Артемишон, и воглавно носам ваков тип на панталони бидејќи тие мене ме прават послаба, не ме шират, напротив. Тесни ретко.
    Фармерки обожавам, ама избегнувам, бидејќи си имам замислено дека во нив изгледам подебело.
    Фустани носам тесни, или малку широки во колковите, како ламбада во тој стил, никако широки или балонки оти тогаш изгледам како слон :D .
    Маички, блузи и такви ствари носам секакви бидејќи немам проблем, имам гради, рамениците ми се тесни, рацете слаби, дури и преслаби во однос со другите делови од телото.

    Бои носам секакви, јас уживам во шаренилото, а ретко носам црно.
    Земјените бои и нијанси ми се омилени.
    Сукњи носам почесто, исто и туники, фустанчиња, бидејќи ме прикриваат и не се забележува дека сум доста надарена во газот и колковите.
    Мајстор сум за тоа, маката на се ќе те научи, мислам, чоколадата де :wasntme: .
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    оф море мајко наместо песочен часовник да напишам, а дијамант пишувам :headbang: :headbang: :tmi:
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Класичен тријаголник.
    Мали раменици, мали гради, малку стомаче додуше порано беше малку сеа е малку повеќе :lol: и поголеми бутчиња. Не се којзнае колкави, ама се поголеми, газ среден.
    Најголемите утки кај мене се блузи без прерамки, како што сум малецка во раменици и гради со стукче премало, тие ич не ми стојат. Исто и блузи со V отвор, тие стојат на сосема спротивно од моето на големи раменици и гради. А не ми стојат блузи горе со ластик кој треба да држи на рамото, а премали ми се рамењата, па ми паѓаат тие блузи.
    Инаку најомилени ми се блузите со поткренати рамења, совршено ми стојат, создадени за тело со форма на тријаголник, го прават складно телото.
    Ми стојат блузи и со грчко деколте, оноа што е право, затоа што на некој начин визуелно ти ги прави рамењата поголеми. Исто и блузи на едно рамо ил со еден ракав се добри или асиметрични блузи.
    Градници носам какви било, мали гради имам, се трудам пуш ап, ама не се оптеретувам, никад не сум сакала големи гради.
    Инаку во однос на фармерки немам голем проблем, панталони и шорц исто, иако има модели кои ме прават подебела па ги прескокнувам. Сукњи носам најчесто како ѕвонасто да паѓаат, а пред некое време открив дека одлично ми стојат и оние мини сукњи со ластик, ми го затегнуваат бутот и со поширока блуза изгледа поскладно телото. Дека сум висока и долги сукњи добро стојат.
    Е за фустани не носам тесни, не ми одговараат, а освен што не ми одговараат неможам ни бројче да погодам од тој модел. Јас носам блузи S ил М. А додека фармерки М/L. Па затоа фустан тесен 36 мал ми е неможам да го натегнам кај газот, 38 голем во градите.
    Затоа носам или со ластик кај колкот или со ластик кај струкот. Исто и фустан кој е прав кој не е тесен и ако не ми ги оцртува градите туку е поширок и надоле паѓа без да ги оцртува бутовите и тој е добар. И добри се оние што се згужвани кај колкот визуелно го смалуваат.
    Друг проблем ми се појавува кај фустаните е тоа што сум висока, па еден фустан се прави со стандардна должина. А не е логично јас со 180 да го носам истиот со некој висок 150. Ете пред некој ден гледам колешка моја купила фустан а е многу ниска дури и под 150 и нејзе и е под колена, а јас го носам како туника со хеланка. Да застанеме една до друга дека се различни нијанси никад нема да приметите дека е ист фустанот :D

    Работи кои добро ми стојат
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    Работи кои ги избегнувам
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    И нешто што многу сакам да го пробам а никад не сум ни поседувала ни пробала е овој вид фустани. Мислам дека ќе ми одговараат топ :)
    [​IMG]

    А совет ако имате големи бутчиња не носете хоризонтални линии ве шират дополнително, исто и ако имате вишок килограми. А ако сте ниски посебно носете вертикални линии, издолжуваат.
    И кажав неколку совети за моето тело погоре, посебно за сокривање на бутовите :)
    Долгите сукњи поубаво стојат на повисоки, во некои од нив ниските изгледаат пониско.
    А оние сукњи и панталони под колена ги пресекуваат нозете и изгледате уште пониски.

    Како и да е сите правиме некогаш грешки, но од грешките се учи.
    За мене едно од најбитните работи кога купувам е да си ја знам формата на телото и што ми стои а што не. Мислам дека добро го имам проучено досега мојов тријаголник :lol:
    Ах да ете последниот пат шиев фустан, модел одбрав по телото, но не и материјал, па заради изборот на крут материјал кој не се тегнеше (али реално изборот на материјали во Македонија е срање) па изгледав подебело :)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Формата на телото ми е песочен часовник, внимавам облеката да ми одговара на телото, да не штрчит нешто :D значи да изгледа убаво и средено, особено внимавам кога купувам фармерки, затоа што во пределот кај половината од позади секогаш кога пробувам има еден дел кој изгледа како да речам џепче :D и страшно ме нервира, благо речено ми смета :D па морам да го средам, не изгледа во тој дел прилепено за тело, затоа мора да се поправит некако, а ретко кога ќе купам фармерки во тој дел да ми се таман.Најчесто со ова си имам проблем, но и тоа се средува :)
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Знам за какво џепче збориш :D Си имам мака и јас со тоа :D

    Има фармерки или панталони кои супер ми стојат ама позади кај половината има луфта од 4-5 прсти и кога ќе седнам (ако не ги средам или не носам каиш) ми се гледа задникот :lol:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Е токму за таа луфта :D е и за панталони,па само ги пресредувам, па колку си се радувам ко ќе најдам таман :D треба да ги прават според обликот на телото, а не некоја стандардна верзија, па после ќе ги средуваме ние :lol: женски маки :D
     
  19. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    31
    Јас сум правоаголник,рамна од глава до петици,гради си имам таман според мене ни мали ни големи,и газе додуша но рамноста и необлините ужасно ме нервираат.немам танка половина си имам исградено стил,но ајде девојки ако знаете визуелно што би носела за да скријам недотатоци кажувајте.
    Вака,имам приметено дека панталона класична со висок струк и бела или крем и бордо кошулче ептен убаво ми стои.Визуелно ради високиот струк добиван на некој начин струк и ми доаѓаат до израз долгите нозе.Да,имам долга права нога но немам струк :( тоа е мајка природа,а и си личам на мајка ми фала му ан бога :wasntme:
    За фустани имам приметено оние со лаштик или каиш дебел на половина а надолу пуштени убаво ми стојат исто,доаѓа до лажен ефект на половина....али проблемот е во фармерки и ете пократок а не толку класичен фуатан.Понекогаш имам желба нешто припиено да носам ама не ми дава душата,исто со фармерки имам проблем додека да најдам ехеееее.Ајде девојки кажувајте непишани правила за овој облик ан тело.Ви благодарам. :hai:
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Искрено порано во средношколскиот период со некои 49 кг. на 170 см висина и не внимавав нешто посебно. Ама, сепак внимававме во принцип повеќе на некои универзални модни правила од типот дека изразито деколте не се комбинира со мини во никој случај.

    Сега со едно 9 кг. и нешто повеќе од една деценија плус внимавам повеќе. Значи јас не сум баш стандарден триаголник, иако навидум изгледам така. Не ми се толку тесни рамениците, градите ми се средни, колку што сум ем широка ем висока во карлицата... Значи струкот ми е прилично високо поставен и оној период кога се носеа костуми за плажа високо горе на струк ми стоеја навистина убаво, исто убаво ми стојат сите парчиња со висок струк, ама сукњите и фустанчињата преферирам да се со набори или од самиот струк или од подолу да почнува падот ѕвонасто или да се асиметрични, за да ми се намали визуелно широчината на тој дел. Иако нозете ми се еден од деловите за кои сум добивала најмногу комплименти навистина се прави и имам преубави чашки на колената, ама ме нервира што бутот ми делува прилично голем посматрано странично, затоа не носам прекратки парчиња. И никако целосни стреч модели. Цевка модел комбинирам со високи чизми, со салонка не, не си се допаѓам така, иако преферирам пантолони со рамен крој или блаааго ѕвонасти долу поубаво ми стојат. Хеланки секогаш со покриен гз. Сакам парчиња со три четврти ракави или завршеток точно на зглоб, исто сакам со долги, тесни ракави до средина на дланка.

    Многу внимавам на изборот на градник и тука не штедам никогаш, ама и не ги носам новите секојдневно, само за спешл окејшнс. Гради во форма на триаголник или бранови :tmi: како резултат на лош градник повеќе не можам да простам од лоши штикли, посебно на јавни личности.

    Да е иронијата поголема кога бев преслаба носев се‘ некои темни тонови - црно, сиво, маслинесто, кафено и тегет, сега повеќе сакам да експериментирам со бои. Иако сакам повремено да облечам сукња или фустан, факт е дека најголемиот дел од животот ми поминал во фармерки и др. видови пантолони. Важно никогаш не сум облекла стреч парче со хоризонтални риги на карличниов дел, па да потсетувам на поранешните ТВ приемници во мигот на пречки :lol: ...

    Во однос на големините носам 38 во долниот дел на телото и 36 во горниот како и Росоњерка тешко т.е. никако не се ускладувам за фустани или целосни пантолони и др. модели од овој тип. Иако успевам да се вовлечам уште во некои Ѕ модели, избегнувам да делувам како под притисок, па затоа бирам М.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.