1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за на училиште

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rozy, 13 декември 2011.

  1. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    девојки они што сеуште одите во основно средно или на факс како се облекувате обично фармерки маичка и дуксерка или дива стиле кратка скуничка маичка штикли 10-12цм и ското заборавив какви фризури ностите разпустена фатена во конјски реп закомплицирано еве јас најдов на youtube некулку видеа па послужете се :D

    http://www.youtube.com/watch?v=RaYk21NlIuU

    http://www.youtube.com/watch?v=CacpE7Xs ... ure=fvwrel

    http://www.youtube.com/watch?v=h8N3s7O8 ... ure=relmfu

    Eве и неколку за облека

    http://www.youtube.com/watch?v=wPqqxadUjRU

    http://www.youtube.com/watch?v=DM90EfK3 ... ure=fvwrel

    стварно супер идеи за секој ден уживајте :)
     
    На Lolo5 и OohLaLa им се допаѓа ова.
  2. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Oблекуванје за школо + слики

    според мене ништо од горе наведеново не е примерно за на училиште. толку
     
    На Glorcheto, Boomgirl, Inna5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Oблекуванје за школо + слики

    Па некогаш може и само по гаќи-пупмарици врз боди, не е проблем.
    И онака не се разликува многу, ниту покрива помалку од горенаведените.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Oблекуванје за школо + слики

    Затоа униформа е права ствар, ем нема делење по тоа кој колку пари има за гардероба, ем и оние девојки што се слати во душа (а паметни) ќе имаат иста шанса да се докажат.

    Не е модна писта, школо е.
     
    На Twinkles, LittlePinky, La.Reina.Del.Sur и 8 други им се допаѓа ова.
  5. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Oблекуванје за школо + слики

    За на училиште, факултет мислам дека треба да се облекуваме нормално фармерки блуза и патики или чизмми, да бидеме пристојни. Не ми се допаѓаат девојчиња кои премногу се дотеруваат па дури и со високи потпетици идат, ма има време и место за високите потпетици, се знае тоа е за на диско :D
    Немојте да ме сфатите погрешно, не потценувам никого само си кажав мислење. :)
     
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Oблекуванје за школо + слики

    Поентата на темава мислам дека не беше да коментираме за првото мислење, туку да кажеме што облекувам или да поставиме слики од тоа што го носиме на училиште. :) Јас например секогаш сум во хеланки и туника или фармерки и некоја блуза. Отчекувајте и слики во најскоро време.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Oблекуванје за школо + слики

    Јас за на училиште секогаш носам фармерки и некоја блуза, џемперче, туника..

    Многу мразам кога ќе видам кратки панталончиња, сукња, па дури и фустан :o

    Боже, помогни им.
     
    На cresa-jagoda, Sienna, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Според мене срамота е во школо да се носи фустан, сукња, кратки панталони, огромни деколтиња и преразголени блузи. Многу сум против тоа, посебно кога ќе ги видам со кратки фустанчиња и сукњи. Па ало бре, не одиш во диско него во школо.

    Во школо секогаш одам со фармерки, хеланки, нормални блузи со кратки/долги ракави, џемпер, дуксер.. За на нозе патики или чизми, а не пред некое време кај мене во школо видов една со апла штикли од 5-6 cm, а лани една цела зима со чизми со полни потпетици ми одеше во школо. Од такви косата ми се крева. Исто во школо не се оди со сандали или АПОСТОЛКИ! И тоа го имам видено во основно. Сфаќам дека некои имаат свој сопствен стил на облекување и дека сакаат да го покажат тоа, но има место и време кога можеш да го покажеш сопствениот стил, во школо не одиш за да видат сите како си облечен т.е. колку си разголен.

    Според мене најубаво е да се има униформи, иако многу се против тоа затоа што мислат дека којзнае какви униформи ќе им дадат (очигледно влијае тоа што во основно за „униформи“ имавме кецели). Ем си убаво облечен, ем се знае од кое школо си. Тоа најмногу ми се допаѓа Орце, иако некои училишта т.е. повеќето училишта не воведуваат униформи поради големи трошоци.

    За фризури мислам дека не треба да се комплицира како девојките од видеата. Спроед мене доволно е пуштена коса, собрана коса, плетенка, а не да додаваш огромни машни и цветови во косата.
     
    На ana.ubavkata и Saya им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Mене ми е многу невкусно со хеланки кога ќе видам некоја.Без разлика дали е со туника, а најчесто се без туника, туку само хеланки. Не личи воопшто, и така и вака.
     
    На tinna957, cresa-jagoda и drugarka им се допаѓа ова.
  10. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    И јас си практикувам фармерки/панталони и некоја блуза или еве на времево дуксер или џемперче.
    За на нозе моментално имам патики и два пара кондури, сакам сеа и некои чизмички да си земам така повисоки. Никогаш у школо не сум отишла со хеланки или кратки панталони и не ни планирам... Плус, слушнав дека и у средните школи носењето кратки панталони се смета за непристојно.
     
  11. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Kако што ги читам мисленјата гледам дека сме сите слични и јас најмногу мразам кога на шсколо ке ми дојде со штикли кратка сукнја и тесна мајчка и пота на неа машките га гледаат и га фајкаат за газот и он се само насмејува мислам толку ми е одвратно тоа како проститутка е дефинитивно па овде кај нас во сло не забранено ништо ти ако сакаш може да дојдеш и во танга... Mногу сакам да уведат униформи феке гадно ми е да ги гледам овакви ко ороспији иначе јас за во сколо секој ден имам фарменрки маичка може и туника дуксерка и патики или чизми ... ке пробам да прикачам слика од денес се извинувам ако не ми успеа... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_3238.JPG
      SAM_3238.JPG
      Големина на фајлот:
      209,9 KB
      Прегледи:
      570
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас за на училиште најчесто се облекувам во фармерки/панталони, блузичка и чизми/патики. Косата ја носам пуштена, во коњски реп или плетенка.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Униформа + фармерки/панталони и патики, моментално чизми.
    А на косата и не и' посветувам некое којзнае какво внимание - најчесто ја носам пуштена, со по некоја шноличка од страна колку да не ми смета, многу ретко ја носам во плетенка, пунџа или коњско опавче, поготово периодов, бидејќи ми студи кога ми е прибрана.

    Меѓутоа, морам да кажам дека понекогаш дури и унифомата не е спас, мислам, оние кои сакаат да си се китат пак си глумат новогодишни елки и си доаѓаат во школо со огромни марами врз униформата, цветови и панделки во косите - се' е до црпката во главата што ја носи поединецот.
    И да, изреволтирана сум, поради тоа што во средниве училишта мадамите си доаѓаат на школо ко за на кафе.
    Униформата не се носи, бидејќи нели, дотичниве имаат стил кој мора да се испрезентира пред школските, да.
    И најновиот тренд - одење во школо со чизми на полна потпетица!
    Е, ова ич не можам да го сфатам и се прашувам - не им тежат ваквите чизми, пола ден го поминуваат во нив !? :?:
    Искрено, мене моите кои ги носам за излегување ми се ужасно тешки и одвај издржувам понекогаш два-три саати, а не можам ни да замисла цело попладне/утро во такви. :x
    Речи су сувишне.
     
  14. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Зависи какви се, на која висина...јас имам со полна потпетица (од причина што не можам да ги носам ниските, ми ствараат болка во стапалата) и многу се лесни, така да не гледам зошто не би ги носела на училиште...
     
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Па за разлика од пола од идеите во првиот пост кои подразбираат шорцеви, јас на школо одев во долги панталони. Строго сум ЗА униформа и нема нешто што ме пизди повеќе од мочли што одат да се докажат со алишта, па и на школо. Мислам, патетични се. Тоа значи дека не можеш во ништо друго да се покажеш и привлечеш внимание, па ај наједноставната опција, нареди се со пластика и циркони. Некаде околу има луѓе кои се всушност паметни и ги исмеваат таквите. Дури и врсници.

    А чизмите не ми пречат ни најмалце, носев и носам уште, полна е, не штикла.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Секогаш носам фармерки, а нагоре блуза, џемпер, туника или дуксер.
    Фризура никогаш не правам некоја особена.
    Косата ми е пуштена и понекогаш правам коњско опавче, а уште поретко плетенка.
    На нозете носам патики или чизми.

    :!:
    Во училиштето имавме униформи, но само една година помина откако ни ги дадоа, а потоа ги укинаа.
    Мислам дека причината беше тоа што поголемиот дел од учениците не ги почитуваа правилата за носење на униформите и доаѓаа на училиште во друга облека. |(
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас нашколо најчесто одев во тренерки и патики и врзана коса... Фармерки, дукс, некоја долга туника со хеланки и сл...И косата ја пуштив 4/5 пати. А да, и знаев понекогаш (во септември или мај) да облечам долга сукња, стартки и некоја маичка по кратки ракави, а зошто да не?
    Па, во основно особено 7-мо и 8-мо одевме по алишта за по дома (многу јасно дека беа чисти и средени)

    ... Иначе што ме ваѓаја од такт беа типките кои идеа во школо со 10-ка штикла, 3тона шминка, корсети, накити и тако далје и ближе... па на школо одиш бе не одиш на свадба, мајку му стара! |(

    А јас најмногу од се што сакав е да се воведат униформи, ама асални... Мислам кошула/блуза, пантолони... Ама ете, не воведоја :/
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    За во школо носам униформа, фармерки и патики или чизми!
    Косата најчесто пуштена!
    Јас не можам да сфатам како некој може да доаѓа во краток шорц, сукња, фустан, деколтиња до папок и сл.
    Истото важи и за апостолки, римјанки или како и да се викаат тие сандали или што и да се.
    Јас нив воопшто не ги сакам и не ги носам, ама не се работи овде за тоа.
    Се работи за тоа дека не е пристојно да се доаѓа на школо така облечен.
    Добро, ние имаме униформи, но во некои школи нема. Ама тоа не е причина за се доаѓа недолично облечен.
    Секогаш постои соодветна облека за секоја прилика.
    И за во школо исто. Поедноставна блузичка или маичка на кратки ракави во лето, фармерки (ги има и потенки за во пролет) и патики или чизми во зима. Постојат и ниски чизми, бај д уеј! ;)
    За во школо не треба да си модерен, не треба ходниците да бидат модни писти, во школо треба да се биде пристоен! А соодветната облека и те како допринесува за пристојноста на една личност!
     
  19. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    И јас сум за униформи, но реализацијата на истите е невозможна. Секогаш ќе излезе некој кој нема да ги носи, а по него ќе има уште многу кои ќе се откажат од неа.

    Косата ми е или во којнско опавче или пуштена. Порано носев и шнолчиња, но сега само венче понекогаш.
    Што се однесува до облеката фармерки, блуза и џемперчиња со патики кои ги носам само кога имаме физичко и чизми, балетанки и римјанки. Досега штикла и чевли на полна штикла немам облечено. Полна штикла кај мене поминува, се разбира додека не е екстра висока, би носела и јас понекогаш но пусти срам, ама кога ќе видам некои во штикли 12ка косата ми се дига. Се знае штикла за кога е. Хеланки исто поминуваат но само доколку се со туника. Сукњи, фустанчиња и слични ствари баш и не се за на школо и не ги преферирам. Додатоци како обетки од оние малите кои не висат, рачен часовник, во ова време и капче, марами и шалчиња носам.
    Што се однесува до шминката се ежам кога ќе видам некоја што од километар и се примеќа пудрата и сите сенки кои ги имала дома си ги ставила на очи. Минимална шминка е во ред. Иако најчесто ставам само маскара.

    Никогаш кога одам на школо не одам со намера 'види ме како сум облечена' само сакам да сум средена.
     
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    За на училиште секогаш се облекувам спортски,лежерно.Патики или чизми,фармерки,дуксерка,блузички,тренерки.Косата пуштена,врзана во реп,а некогаш ретко можно е и во плетенка.
    Не можам да замислам да облечам кратка сукња,блуза со подлабоко деколте или пак недај Боже штикли! :x Ученициве се почесто почнаа да го мешаат училиштето со диско.
    Секојдневно се среќавам со накитени цурици од глава до пети,ци*ките до пупка да се гледале и што уште не. :tmi: Како не се срамат се чудам? Јас ги окривувам професорите што воопшто ги пуштаат таквите на час!
    Па училиштето не е да покажеш колку си секси. :fubar: Се знае што се носи на училиште,а што во диско.