Форумџика на годината

Облека за на училиште

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rozy, 13 декември 2011.

  1. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Јас во основно секогаш одев со униформа..освен во мај
    А во средно сега првите месеци ќе одам без униформа..ама сепак планирам едноставно да си се облекувам..ии од кога ќе ми дадат пак унифромата на мене и ич главата да не ме боли..најубаво е така 8) :lol:
     
  2. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Во моето училиште нема униформи,а ептен сакам да ги носам да бидеме сите еднакви.Инаку претежно носам панталони блуза и косата во репче нормално. :)
     
  3. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Јас и во средно и на факултет носев униформа.. Додуша,на факултет како ке ни текнеше така,ама понекогаш знаеа да не не пуштат на предавања ако не носевме,така да барем горниот дел гледавме да го носиме. Во средно задолжително беше,немаше шанси да те пуштат да влезиш без.. Мислам дека во сите училишта требит да се практикуват носеење униформа,од причина сите да бидат еднакви и ке престанат децава да се делат на групи...
     
  4. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Кај нас уште од многу одамна се дискутира за униформи, но сèуште немаме. И мислам дека е подобро вака.

    Туку, не ги разбирам девојчињата кои на школо доаѓаат со високи потпетици, розов кармин, еден тон пудра, црна сенка на очите, и чанта за излегување. :x Да, имаме такви, среќа што не се во мојата смена. Само се чудам како ги пушќаат да влезат, кога имаме обезбедување на вратата. |(

    Јас досега не паметам да сум облекла нешто друго освен фармерки за на училиште. Најчесто во комбинација со блуза на кратки кога е топло, кога е ладно или блуза на долги ракави или некое плетено џемперче, јакна одозгора и толку. А, на нозе не сум носела ништо освен патики и чизми. Не сум носела кратки панталони, кошула, маица без ракави, ниту пак балетанки, а не сум ни помислила да носам штикли или шминка.
     
    На LittlePinky, eliesaab и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  5. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Јас сум средно училиште и си имаме униформа дуксер и мајца на кратки ракави :D но понекогаш си одам како што сакам но сепам униформата ми е секогаш во ранецот за секој случај бидејки му текнува на директорот да врши проверка и може да не истерат од час . Бидејки сум здравствена струка имаме 2 пати во неделата пракса и таму морам да си носам бел мантил :D
     
  6. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    И јас сум средно здрствена струка и истото го правам. Уште и во основно имавме униформи такви дуксер и маица на кратки ракави ама тогаш не ги носевме и не ни ги бараа :D
     
    На Love16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Ние во средно немаме униформи, а може и подобро е така.
    Никогаш не сум ставила сенка, руж, кармин за на училиште, ниту пак некогаш ќе ставам.
    Има и такви кои носат фустани, штикли и чанти за во чаршија на училиште и многу невкусно изгледа. На училиште си девојко, не одиш на бал. :puke:
    Иначе јас носам фармерки, блузички, џемперчиња, некогаш марама, палто кога е ладно.
    Од обувки патики, чизмички и балетанки.
    Сакам да изгледам едноставно, а убаво.
    Пудра ставам зашто имам потреба, а некогаш и маскара, моливче и сјајче. :)
     
  8. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Сега за пρаκса ќе имаме бел мантил и ќе моρа да го носам а иначе немаме унифоρма и носам фаρмеρκи, дуκсеρκи, блузи на долги-κρатκи, κошули, патиκи... Во глобала ваκа зависи од вρемето дали е топло,ладно :)
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Секогаш носам фармерки на училиште. Нагоре зависи. Маичка, блуза, кошулка (поедноставна) и тоа е тоа. Некои носат и часовници од тие модерните, нараквици, ланчиња, пртени, бла бла. Јас сум против тоа. Ај, да имаш некое ланче како амајлија и секогаш да го носиш за среќа, убаво. Но, да се китиш ко елка за на школо, не фала.
    Или па, има од девојките кои носат цепени фармерки. Мислам, сва и свашта.
    Нешто друго несватливо ми е, носат марами кога врие, пекол. Но, за нив си е. :)
     
  10. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    kaj nas imase uniforma od 1vo-4to odd. ama nikoj ne ja nosese :lol: i poveke od togas nemam videno , sega vo gimnazija nikomu ne mu gajle kako se oblakas nekoj idat po pizami ( od tie debelite pizami) :rofl: nekoj nosat fustani , sekoj si gleda za sebe i nikomu ne mu e gajle sto nosis ..
    jas obicno nosam patiki , baletanki , farmerki i bluza , nekogas treba da se obleceme za prezentacija nosam sukna ili fustance so baletanki sekako ( ne stikli ) i za prviot den od skolo taka, za leto sorcevi .. imame pravila deka ne smees da nosis nisto na preramki i ne smees da nosis nesto pokuso od nad 2/4 od kolena ..
     
  11. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    до сега во основно никогаш сме немале униформи и секој се облакаше како сакаше некој шорцеви некој фустани...јас постојано си носев фармерки со некоја блуза или маица а на нозе балетанки или патики...а сега во средно ќе имаме унифорими и рај ќе ми биде барем сите ќе бидат еднакви :)
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Најубаво е да се има униформи.
    Ќе ја платиш 2000 денари ама барем ќе се знае сите еднакво и во исто облечени.
    Гледајќи ги денешните деца доста чести со префрлаат затоа што некој немал пари за да си купи поскапа облека (марка), некој бил цела година во исти фармерки, трет немал ова она.
    Вака сите ќе бидат во исто и толку.
    Ми се повраќа кога ќе видам на школо облечени како за на излегување во хеланки, чизми со висока штикла, деколте, црвен кармин, со флизури и уште што не.
    Треба да се има ред, тоа е школо не диско.
     
    На eliesaab, N.Kety и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. lamadame

    lamadame Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Напочетокот на годината маичка и фармерки, а после задолжително мора да ја носиме униформата :)
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ех ех ех мислм сосем погрешен правец е она со еднаквоста
    џабе што носиме иста мизерна кошула кога ти носиш ајфон а јас цигла нокиа од 2003та или еден носи саат од 10 000 а друг бројаница од оние 100 денарките, еден кажува како му било цел распуст у грција а друг се сеќава како копал компири...
    униформата не не прави еднакви тоа е што е, класно општество- што порано го видите тоа подобро.

    Униформите се добри од друг аспект, се знае што е како е нема деколте и мини, хеланки и тренерки и тако то.
     
    На Dobie, Derby, flawless-98 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Кај нас во средно пак, нема униформи и според мене сметам дека е тоа добро. Бидејки сум таков карактер изгледа, некако би ми било многу монотоно и досадно секој ден да носам едно те исто |( . Од друга страна пак униформите треба да се воведат за "девојките" чиј стил на облекување е сачувај Боже. Почнувајки од ставање на еден тон пудра,па се до кармини,ружеви,маскари,сенки,моливи се тоа е претеризам. А, пак за облекувањето да не зборувам. Некои носат хеланки со кратки маички, (тангата се гледа), други пак деколте до стомак, трети проѕирни маички каде што им се гледа прслукот, четврти чизми или патики на мала штикла, а што е најважно 70% носат или мали ташнички кои две тетратки не собираат или ташни какви што носат нашите мајки, а за вештачки нокти да не зборувам! Школо ли е модна ревија ли е? И кога ке собереш се на се изгледаат како да имаат 20 години, а не 14/15/16. И после тоа се жалат дека постари машки им се додворувале или пак им досаѓале.Свака им част на тие кои носат фармерки,кошулчиња,маички,џемперчиња и пак успеваат да изгледаат пристојно и со стил. Јас така никогаш не сум се облекувала а не ни планирам. Ставам шминка точно, ама моливче,маскара,малце пудра и сјајче. А за облека: фармерки (секогаш) со маичка,џемперче,патики/балетанки/чизми или пак хеланки со долга маичка или туника. Што е премногу е премногу.
    Исто така не ги оправдувам ниту машките кои носат тренерки во школо или шорцеви. Се работи за установа, а не за тренинг.
     
  16. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Сте погледнале ли некогаш некое Back to school outfits на јутуб? Јас баш пред малку отворив бидејќи немам никаква инспирација за што да си купам за на школо оваа година, да видам што е во мода демек и се запрепастив. Ако не сте виделе, да погледнете. Посебно познатата јутуберка Бетани Мота. Ма свашта. Кој нормален директор или надлежен на образовна институција ќе дозволи вака да се шетаат по ходниците 15-16 годишни? То треба да се убие :!:
    Ние немаме униформи а баш би сакала да имаме бидејќи секое утро нема да ме боли главата што да облечем, па тоа не ми стоело, па тоа ми било за перење, па ова, па она. Иначе хеланки, освен за на физичко, не сум облекла, и тоа дали еднаш до двапати се случи. Во фармерчиња, панталони, маички на куси ракави, на долги, дуксерки, патики, чизми и кога е потопло сандали или балетанки. Се остало: НЕ ИДЕ У ОБЗИР. Како прво, јас не би се осеќала убаво со хеланки, со рамбовка, со тон шминка на час и ла штикла патика, а не па професорите.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Денес бев до моето школо малку требаше да се видам со една другарка таа дојде да полага арно ама требаше да полагаат од 8 тие почнале од 8 и пол оти додека се соберат сите професори овој оној и во 8 и пол почнале. Отидов таму ми рекоа почекај надвор или во ходник сс да заврши со полагањето. Прво си правев муабет со една служителка после излегов надвор стоев со едно девојче. Од оздола иде затрчана друга моја школска значи саатот беше 9 и 5 точно погледнав на саатот а полагањето требало да почне од 8 а таа дури во 9 иде а школото и е на 10 минути ама се успала кутрата. Доаѓа облечена во балетанки кремасти, куси панталони ептен до под задникот такви како фармерки што се, маичка бела како рамбовка нешто, обетки, испеглана коса и голема ташна. Како за на базент, диско, излегување, за во град .. комбинацијата и беше за секаде само за во школо не. А ќе сме имале нова професорка по бизнис и истата таа професорка беше на полагањето на тие ученици што полагаа и влезе и оваа што доцнеше и јас после тоа стоев на вратата од училницата оти беше отворена со тоа едно девојче и таткото на девојчето што го чекав. Девојчето што доцнеше полагаше конструкција и сега незнае да пресмета нешто и оваа новата професорка ја прашува колку е 88 делено со 2 оваа ја гледа, професорката пак ја прашува оваа молчи, ја прашува колку е 8 поделено со 2 оваа и тоа незнаае и и вика извади телефон пресмејтај и на телефон пресметуваше 8 делено со 2 :x После тоа нешто се вртеше, шушкаше инаку пола градии и се гледаа и немате поима каков впечаток остави кај новата професорка. На жената и скисна од неа стана и од позади врата го одлепи кодексот на однесување и и го фрли во лице и ја тераше пред сите да го чита. Јас да бев на нејзино место во земја ќе пропаднев. Па оставете друго дотичната госпоѓица едвај прочита, добро не се засрами професорката и вика знаеш да се дотеруваш а незнаеш да читаш. Тоа ми беше муабетот начинот на облекување остава многу погрешен впечаток. Иако е топло сепак куси панталони, таква маичка за во школо не се. Треба да се знае која облека за каде е. А неможе синоќе истите алишта што излегувала денес за полагање да ги облече. :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
     
    На cresa-jagoda, love11111, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Ние во нашето училиште имаме униформи..мајца и џемпер,но јас не го носам џемперот :$ ...А мајцата ја комбинирам со,фармерки или панталони , некое интересно џемперче/кошула и балетанки,патики,чизми ,сандали (зависи од сезоната).
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас сум секад во фармерки и блуза, маичка, рамбовка, џемперче или слично зависи од сезоната и доле секогаш патики и ташна обична мислам ко за искачање што е, зимно време, ранецот си го зиам пошто ми е поудобно :D . Чизми не носам а римјанки нешто отворено не ми е за во школо. Знам да носам хеланки во деновите коа иам физичко за да не се пресоблакам, пошто никој не облекуваме опрема а не ни носиме. Патики,хеланки, маица со што сме дошле ќе промавтаме на физичко и толку. :D
     
  20. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Кај мене во средно имаме униформи - маичка и џемпер и мора секогаш да ги носиме, дури и сега на први. :| Кога времето е топло ја носиме само маичката, а кога е ладно ги носиме двете униформи. Порано кога не беше задолжително да се носат двете, џемперот го носев со ролки. Сега униформите претежно ги носам со фармерки, а понекогаш и со пантолони. Во зима носам марами/шалови, зависи како ќе искомбинирам. :P