1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за пополнети девојки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Anely, 13 април 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    На форумот гледам различни теми за тоа што ќе биде ин и т.н. Но што со нас што сме малце повише од елегантно пополнети (дебели)? Не само за ин облеката но и воопшто? Дали тука има девојки со таков проблем и како најлесно наоѓате облека која ги прикрива маните до некоја мера, а го истакнува според вас најубавото!?
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Едноставно, јас имам слаби нозе а имам стомак. Имам деколте. Па гледам да носам широки блузи. Примерно деколтирани и фармеки претежно бели или светли за нозете да го одвлекуваат вниманието од стомакот. И носам големи ташни. не знам колку успевам да си го кријам големиот вишок ама гајле ми е. :) Инаку тешко е да се најде облека ако си полничок, дебел сеедно. Меѓутоа јас не ни имам многу алишта. И тие што ги имам си ги комбинирам. И слаба и дебела шопингот ( за алишта) и јас не сме добри пријатели. :D
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас не знам како одеднаш сите се слаби грисини и налетувам на парчиња XS, :^) ги погледнувам и некои од нив одговараат на девојчињата од мои пријатели, возраст 5 и 7.

    Со кој памет цело Скопје е преплавено XS и S парчиња за таргет група од 20-30 годишни девојки / жени, никогаш нема да сфатам.
    Неодамна пробував едно елече во EuroAsia и ја прашувам продавачката - дали имате поголемо од L?
    Луѓе, ми даде таков поглед како да сум направила најлош злостор на светов.
    Девојко, L ни е најголемото во целата продавница.

    Смири се ма, налудничава една. |(

    Кога имам нафрлено повеќе кг, си бирам фармерки и панталони во потемна боја, со додаток на ликра, т.е. стреч материјали.
    Дефинитивно белата боја е непријател, но има секако трикови како да си го сокриете стомакот, визуелно да ги издолжите нозете, итн, итн...

    Имам пријателки кои имаат навистина проблем со голем вишок кг и се жалат дека нема многу соодветни продавници каде би можеле да си купат облека.
    Неколку од нив нашле убави и интересни парчиња во бутици за трудници.

    Секогаш останува варијантата да се сошие нешто ако не може да се пронајде низ продавниците.
    Но, иритираат оние продавнички, како онаа на влезот во ГТЦ до Рубин и книжарница Топер, каде веројатно треба да имаш под 50 кг за да си купиш фармерки.
     
    На Pavlina Pale, Victorian, EdnaDevojka21 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имаме недостаток на продавници од типот на оние пополнетите, убаво кажа Трендафилка најчесто S и М има во продавнициве.
    Имаме недостаток на продавници за високи луѓе, пример мајка ми фармерки одвај најде пред некоја година, костими за работа шие по нарачка висока е 185, а кошаркарки/одбојкарки среќа патуваат вајда во странство па можат да си купат.
    Нема продавници за чевли со над 41 број, освен една Гуливер која еднаш влезете чисто информативно да видите најобична класична салонка е отприлика 10000 денари.

    Нема избор Скопје за шопинг, се е гардероба за широка потрошувачка, за одредена целна група, 80% продавници се за млади луѓе облека, поточно млади лица со нормална тежина.
     
    На Pavlina Pale, EdnaDevojka21, Anely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сестро по маката, да си жива и здрава :rofl: :rofl: :rofl:

    Многу тешко за гардероба. Јас пишував во друга тема (мода за деца) дека сите пари за гардероба ги давам за децата, дека си лечам комплекси со нив, кога неможам јас да сум дотерана, тие ми се како од излог излезени.

    Да се најде парче гардероба број 50/52/54 а да не е бапско комплетче, кај нас е невозможно. Желна сум да влезам во продавница, да пробам и да си купам фустанче!!! Наспроти моите желби, одамна не шетам по нашиве дуќани оти секогаш, ама СЕКОГАШ сум пратена со погледи и осуда.
    Порано носев мартијали на коројачи но ретко ми се погодуваше некој да ми сошие како треба. Или ке е утнат моделот, или изработката лоша, дали имам носено една шиена сукња... Си давав пари и си плачев после, пак немав што да облечам.
    Со години нарачувам преку интернет од американски вебсајт JCPenney.com бидејки се едни од ретките кои испорачуваат до Македонија. Се плаќа испорака до Македонија, па царина, па ддв, чини цело богатство. Од оваа продавница си ги научив броевите но пак понекогаш се случува парчето да ми е големо / мало бидејки има разни кроеви, па некогаш матријалот не е опишан и сл. Друго е кога ке си пробаш пред да купиш....
    За веш да не почнувам да зборам. Имам многу осетливи гради, брадавките секогаш ми се познаваат па имам потреба од прслуци со сунгереста постава. Јас носам 95 а такви кај нас има само до 85ка. И прслуци нарачувам ама тек тие тешко се погаѓаат. Последен пат си купив два од Ulla Popken во Солун, ми се погодија па тие ги носам.
    Гардероба купувам и од Солун. Големи бореви има во Marks & Spencer само скапи се. H&M исто носи BB колекција (Bold and Beautiful) но повекето се обични, секојдневни парчиња фармерки, панталони, понекоја добра маица. И така, со судни маки прибирам гардероба од кај ке стасам тоа што ке го најдам ама никогаш не сум облечена како јас што сакам туку приморана да го носам тоа што сум го нашла. Ги освежувам обичните коминации со по некој додаток, најчесто големи прстени, поскапи ташни и чевликои го одвлекуваат вниманието на некој начин.
     
    На Valentina.Vaki, Gea, Bibko и 6 други им се допаѓа ова.
  6. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    јас имам големи гради и секогаш таму ми е проблемот кога купувам облека, особено некое фустанче.. кај стомакот ми се широки а кај градите премногу тесни... најчесто носам маички и блузи со ликра за да ми се приспособат со телото, и никогаш отворено деколте.. исто така ако носам боди ми помага визуелно градите да ми изгледаат помали... кога носам кошулче никогаш не ставам каиш под градите затоа што уште повеќе ми ги истакнува... носам и ташна xxl за да е таа поголема од мене :lol:

    пред две години кога бев подебелка носев повеќе темна облека... можеби ќе ви звучи чудно но хеланки со долга блуза ме кажуваа многу послаба..

    и јас сум зачудена колку во македонија се нереални бројките... ретко да најдеш облека со xl број..
    во странство бев изненадена колку од секоја облека има бројки до xxl и плус има специјални продавници за подебелки девојки... во македонија носам број L, а во странство кога купувам , облеката со број L ми е голема...
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Вишокот на килограми најдобро се прекрива со црна боја. Дефинитивно свтлите бои особено белата се главен непријател на девојките со вишок килограми. Има периоди кога ќе покачам килограм или две и ги прекривам со потемни фармерки и пошироки маички. Многу невкусно ми изгледа дебелка девојка во кратки панталонки или кратка сукна и сите недостатоци да се истакнуваат.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мој предлог за пополнетите е да носите сукњи со висок струк, со карнери, фалти и слично.И така лето иде, модерни се и убави и кога се убаво искомбинирани поубаво стојат отколку на послабите :)
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Луѓе, полни, полнички, крупни, не пополнети :rofl:

    Јас отсекогаш сум била крупна. Значи не дебела, туку едноставно КРУПНА - висока и широка, џоа комода. :$ Во мојата најскелетна фаза влегував во 40/42, и тоа едвај а не ни си личев на себе.

    Можам да си најдам секојдневна облека, обично XL ми е таман. Тука мислам на џемперчиња, маички, облека од порастеглив материјал. За фармерки, кошули, палта ми треба поголем број. Многумина ме имаат пофалено дека успешно успевам да ги прикријам недостатоците. Битно е да научиш што ти стои, а што не, а не со сила да се обидуваш со нешто кое не е за тебе.

    На пример, јас имам стомак и НИКОГАШ, ама апсолутно никогаш не носам фармерки со низок струк. Зошто ?! Затоа што ми се прават засеци и познатите muffin tops
    http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/44241000/jpg/_44241041_muffin.203.jpg
    |( Наместо тоа, си купувам фармерки кои се некаде 1цм-2цм под папокот. Ем ме стегнува, а и имам половинче така. :lol:

    Друга работа. Секогаш си го купувам мојот број, ни поголем, ни помал, туку точно мојот. Не се чувствувам комотно кога нешто ми е претерано тесно/кратко/ми се развлекува. Тоа што ме нервира е што во продавниците, блузите ги прават ПРЕТЕРАНО куси. Тие долгите блузи јас ги носам како нормални, затоа што нормалните ми се до папокот. Епа женските во Кина се ниски и слаби, што да правиме ние оти сме се погодиле високи и дебели :emo:

    Една моја другарка, прилично ниска, се поправи многу во последно време. Можеби во килограмите јас ги имам повеќе, но верувајте, ако застанеме една до друга таа изгледа многу подебело од причина што носи фармерки со низок струк, има љубавни појас од страните и носи алишта помал број. :x Неколкупати се имам обидено да и посочам, дискретно, ама мислам дека не ме разбира што сакам да и кажам... :sweat:

    Што да правиме, таква ни е судбината - мора да правиме оптички илузии :D

    Еве минатата сабота, се отепав од шетање во Скопје за матурски фустан. Буквално секаде бев. И бројчиња од 38-40, евентуално 42 некаде а речиси никаде 44. Епа, немаме ли ние право да купуваме свечени фустани :fubar: На крај, си порачав од кај една креаторка да ми го сошијат по мои мерки, додека другарка ми - скелет - си најде скроз пристоен фустан за само 30 евра од Солун.
     
    На frutini и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Е да, гардеробата што ја има по бутиците сеедно е наменета баш за грисини убаво рече Трендафилка. Девојки помалади од 18 години, ли што знам. Па јас треба да се изгладнувам сосема за да имам 48 кг, на 28 сигурно не ќе станувам анорексична. Во средно бев толку и никогаш повеќе во овој живот. Тоа може да се деси само ако платам пластичен хирург да ми го подсобере телово во ХЅ фармерчиња. Фрустрации ми се тоа шопинзите баш поради такви некои безвезни работи и нетокму продавачки за кои е еднакво на злостор да прашаш за поголем број, ма ти иде да ја изшамараш ко мало дете.
    Поинаква гардероба за пополни жени вистина мора да има и да не парчиња за бабетини, а нормални бутици со трендовска гардероба но поголеми броеви. Бидејќи, без оглед на тежината со убави парчиња на облека секој може да изгледа и привлечно и секси, згодно и зашто да не би се чувствувал. Не знам да е деликт некој ако имаш вишок килограми и зашто да се чувствува некој помалку вреден кога оди во шопинг заради лудите идеи на сопственици на бутици. Па и манекенките наши што се шетаат по писта не можат да влезат во ХЅ нека ми простат, а се манекенки. Не знам јас сепак, не гледам сите да се грисини по улица. Кога би биле тогаш и би ми било сфатливо единствено мали величини на облека да има.
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.175
    Пол:
    Женски
    Поздрав од уште една хл феминка :lol:
    Јас од поодамна научив во Скопје во кои продавници што можам да најдам и каде што да очекувам. Па така си ги скратив маките и фрустрациите од бесконечно шетање по продавници и повторување на фразата "а поголеми броеви немате?" - "не, една големина се сите ама се шират!" Несакам маички што ќе се шират на мене несакам тесни фармерки од кои ќе ми излегува пола задник итн. Затоа знам да си купам фармерки од Луси, маички и кошулчиња од Павиа пред некој ден ме изненади Боксер со еден куп маички со разно разни броеви а за панталони, сакоа да се живи и здрави од Марди ем се со прифатливи цени се наоѓа и по некој модел за млади и работата е завршена. Ич ама ич не се фрустрирам повеќе како порано кога знаев да шетам само по одредени продавници и пак си заминував дома разочарана и со празни кеси.
    Девојки бидете насмеани хл парчињата гардероба се наоѓаат низ градов само чекаат да бидат откриени :lol:
     
    На ana-banana, Trendafilka, Shana и 2 други им се допаѓа ова.
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Девојчиња, сите вие кои сакате облека со поголеми конфекциски броеви, имате во бутикот Фемина во ТЦ Бисер на приземје...Да потенцирам дека облеката е баш модерна и младалачка...
     
    На Shana и teddybear им се допаѓа ова.
  14. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    112
    Јас немам проблем со тежината ( не сул слаба, ама не сум ни дебела) имам 3-4 килограми плус кои сум во план да ги скратам до летово.
    Мојот проблем е што носам голем број чевли, патики. Патики носам број 44 и секогаш(ама баш секогаш) си купувам машки некој по нежни.
    Ама кога треба чевли , сандали или чизмички да купам маки мачам, неври кинам. Цел град ќе го завртам и се случува да не најдам. Па добро бее сите треба да носат 37ка ? :devil:
    Вистина има во Гуливер големи броеви ама сите се како за жени, некој модели старовремски. :puke:
    Има по порачна да порачаш ама ако нормална цена е 1500 денари, по нарачна цената е 3500.Не се нормални.
     
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да многу е скапо таму. Имаше мислам една тема за ваков проблем што се однесува на голем број чевли ама никако неможам да ја најдам јас изгледа сум ептен ќорава. Побарај ти може ќе ја најдеш!
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    е баш се пронајдов во темава :)
    никогаш не го сфатив тоа што имаат продавниците во Скопје против пополни девојки. Епа што да правиме кога немаме сите 50 кила и кога не не собира во маица Ѕ (ова сериозно го прашувам има некој од вас што го собира во тоа крпче???). Искрено многу ме нервира тоа што никаде нема нормално, потенцирам нормални броеви. Робата кај нас се носи од Кина, а таму се минијатурни. Баш зборев еднаш со другарка што беше во Америка, и она вика абе да видиш што е избор таму. Девојчето е покрупно и влегло во нивното М, жива среќна беше. Ама ај иди докажи му на пусто Македонче, квалитет пред квантитет!!!
     
    На eleni23 и Shana им се допаѓа ова.
  17. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Лани во Охрид за 4 дена качив 4 кг и не можев да си влезам во ниедни фармерки. Носев само широки фустани и сукњи додека не се вратив во нормала.

    Од моја преспектива за покрупните девојки е да не носат горе и доле широко. Значи може широка маица и тесни панталони, сукња и обратно.
    Помалку шаренило, или со мерка, вертикални линии кои ја издолжуваат и не ја шират фигурата како што прават хоризонталните линии.

    Ако сте решиле да симнете некое кило, почекајте со шопингот затоа што потоа ќе пливате во облеката.
     
  18. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Треба да се избере само соодветната облека за да се прикријат критичните делови од телото.=)
     
  19. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Значи да крупна сум не дебела,стегната,набиена како некое кечерче..проблем имам со фармерки имам нозе,бутој..да не речам бутишта..огромни и што е најтрагично и никако неможам да ги ослабам..мускули се..и фармерки тесни скроз не стојат баш баш на моиве ноџишта...тешко да најдам и заради мојот гз..подуен како балон,цврст цименто..незнам шо градба ке имав.. за фармерки треба цеел град да го пребарам и пак нема да најдам и се нервирам многуу кога треба да идам да купувам .
     
  20. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Вака значи јас ни стомак имам бре луѓе , ни широка сум , ама едни рачиња дебели што имам :@

    А и бутчиња .. :@

    Ете фармерки си носам темни , а блузички секакви :)

    За бутчињава се нервирам , можам да си најдам поголеми фармерки ама стегаат бре !!

    И се нервирам , нема , само L му било најголемо , мааа немооој .. а овие другиве што се поголемки од мене кај треба да одат ? Во друга држава да си купат едни фармерки ?? :roll: :?

    Jaс знам една моја другарка што има поголеми бутчиња од моиве тетка и и праќа фармерки , од Германија :sweat: Па и во овие Террановиве , ако земаш најголем број блуза , што би било L , во ретки случаи , како те гледаат :$

    Ко слон да си !

    Од денес НЕ ЈАДАМ ! :D :rofl:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.