Спојлер росонерка ме потсети со поздравот за фановите на хеберн , побарав колку што видов нема ваква тема ...а мора да ја има Одри Хепберн Роден(а) Одри Кетлин Растон 4 мај 1929 Брисел, Белгија Починал(а) 20 јануари 1993, (возраст 63) Толошна, Швајцарија Други имиња Еда фан Хемстра Активност 1948 - 1989 Одри Хепберн (англиски: Audrey Hepburn) (4 мај 1929 – 20 јануари 1993) била англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка. Израсната во Арнхем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора Светска војна, напорно тренира балет пред сосема да се посвети на актерството. Најпрво е забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмско деби има како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добива својот единствен оскар. Таа е една од најпознатите актерки во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати е номинирана за оскар. Меѓу номинациите особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во Појадок кај Тифани (1961). Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн е Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и е наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, прогласена е за третата најголема актерка на сите времиња според Американскиот Филмски Институт во нивната листа АФИ 100 години... Вечна популарност Од мигот на својата појава, до денешен ден, Одри Хепберн е икона на убавината и модата. Често е ословувана со титулата најубава жена на сите времиња . Нејзиниот моден стил е сѐ уште популарен меѓу жените. Спротивно на нејзиниот современ портрет, иако Хепберн навистина уживала во модата, таа не ѝ била особено важна. Секогаш повеќе сакала нормални, удобни алишта. Воопшто и не се сметала себеси за особено привлечна девојка. Во едно интервју од 1959 година, Хепберн ќе рече: "Можете дури и да речете дека се мразев себеси во одредени периоди. Бев премногу дебела, или превисока или едноставно премногу грда... дури и би можеле да речете дека мојата сигурност потекнува од чувствените слоеви на несигурност и инфериорност. Не можев да ги надминав овие чувства преку несигурност. Единствен начин да го извлечам најдоброто од нив беше преку прифаќање на еден силен, концентриран стремеж ." "I believe in pink. I believe that laughing is the best calorie burner. I believe in kissing, kissing a lot. I believe in being strong when everything seems to be going wrong. I believe that happy girls are the prettiest girls. I believe that tomorrow is another day and I believe in miracles." — Audrey Hepburn
Прекрасна жена. Класа, елеганција, гламур, интелигенција, хуманост, нежна и женствена... Преубава енергија пренесувала на филмското платно, многу е доминантна и освојувачка. Ме нервираат бледите копии и имитации, мизерни се. Мислам... Парис Хилтон се облекла како Одри и мисли дека е жена со класа одеднаш. Па нормално дека Одри била посебна, не може секоја да биде муза на големиот Живанши, нели? Спојлер Нејзиниот стил остана вечен. Смирена елеганција, прекрасна облека која не е нападна за да ја засени неа. Тајната на нејзината елеганција е во безвременската едноставност. “My look is attainable. Women can look like Audrey Hepburn by flipping out their hair, buying the large sunglasses, and the little sleeveless dresses.” Разликата е што таа и’ дава класа на облеката, а не облеката нејзе. И бидејќи темава е во Мода и стил, еве неколку слики на Одри во креации на Живанши, кој патем, рекол дека Одри би била елегантна и во вреќа за компири. Спојлер Овој фустан ми е омилен, какво струкче има: И за крај легендарниот црн фустан од Breakfast at Tiffany's:
Да да еден убав ден како што пишува во спојлерот ги поздравив фановитe на Одри и тоа вака: Поздрав до феминките на форумов кои и се воодушевуваат на една преубава жена, една дама, една актерка, една хуманистка, една стилизирана жена, поим за природна убавина, верувам дека секоја девојка би посакала бар на 1 минута да е Одри Хепберн. Јас само ќе кажам дека таа е една од најпрекрасните суштества што постоеле и една од најталентираните, a и мене Одри ми е синоним за убавина. И доказ дека секој сака да е Одри
50 години Breakfast at Tiffany's Филмот кој го обожуваат милиони ширум светот, во кој секој кадар е култна сцена и симбол на модата, наполни 50 години. Од совршената Одри Хепберн до магичната музика на Хенри Манчини и костимите на Живанши. Сето ова е сè уште популарно и покрај тоа што поминаа 50 години. Шармот на Холи Голајтли никој го нема промашено, а многу туристки во Њујорк – штом слетаат одат да јадат кроасани и да пијат кафе пред излогот на луксузната продавница "Tiffany's". Музиката, облеката, изјавите – до ден денес се користат и се неисцрпна модна инспирација. Ако имате барем малку слободно време вреди да го погледнете уште еднаш ова ремек дело. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... a1dGEsUyME Извор: црнобело.ком
Одри Хепберн...единствена, уникатна, неповторлива. Синоним за елеганција и стил. Како само е слатка а женствена. Нејзиниот стил е навистина потполн. Ракавици, капи, накит, а сепак толку едноставно изгледа. Дури и без шминка... Особено ми се допаѓа кога косата и е со шишки, ептен ми е слатка. И не само што е уникатна во фризурата, шминката, акцесоарите...уникатна и во начинот на кој ги носи. Еве слики од нејзината широка палета на шапки... И била во право кога велела дека побитно е како го носиш она што го носиш, а таа дефинитивно имала неверојатно женствено држење...балерина бе... Згора на тоа, хуманитарец со чувство на емпатија кон луѓето...кон животните...сеедно... Едноставно...Дискретна, а впечатлива. Едноставна, а необична. Модна икона. Една и единствена.
Κаκо што κажа Belisima, Одρи е најдобρата и најубавата аκтеρκа на сите вρемиња! Одбила да се излечи само за да спаси многу животи! Ρетκо κој го пρави тоа! Многу ја саκам аκтеρκава! Единствена е!
Одри е едноставно поим за совршенство и елеганција..многу девојки се огледуваат на неа а има и такви што ја копираат целосно, но, стилот нејзин е просто неверојатен немам зборови..... вистинска убавица ...