Dali nekoj znae stranici kade sto mozi da si poracas obleka,sminki.cevli....i ako nekoj ima napraveno vakvi poracki preku net neka pisi
еве повели незнам како точно оди ова ... http://www.ezilon.com/shopping/clothing/index.shtml http://www.victoriassecret.com/
досега не сум правела онлине шопинг,незнам страни ама знам луге кои не се задоволни од онлине шопинг,демек им земале повеке пари од што треба
jas imav poracano od victoria secret ostaviv podatoci se potpolniv ama ne znam zs ne mi stasa,mozi go nadminav limitot za poracki pa zatoa ne mi pratija
незнам лејди гага јас сакав да порачам шампон за коса и маска,ама моево маже не ме остава демек не било сигурно со онлие порачкиве
Еден другар си порачува Конверс старки преку онлајн шопинг - и поевтино ги купувал, за разлика ако купиш од продавница.
Јас книги си порачувам преку интернет и од Авон козметика Кај нас онлајн куувањето не е толку развиено, ама да се надеваме дека за некоја година се ќе можеш да купиш на интернет, па да не морам да се влечкам по продавници
Мислам дека не би купила нешто што претходно не сум го пробала и што не сум го осетила материјалот каков е.. Ташни, бижутерија, марами и хулахопки да, но друго од облека не
Јас би ви препорачала да не нарачувате многу по интернет оти во Македонија нема ставено заштита на системот и кога ќе пишете број на кредитна картица или незнам тоа како иде , хакери го зимаат и ви црпат пари од картицата.. Така да побезбедно е да одвоите малку време за сигурен шопинг
Имам многу пати нарачувано патики преку интернет ( т.е татко ми ). Ептен поевтино ми се фаќа , овде и да купам не знам дали би било оригинал .
Ахам, типично размилување. Лани бев на презентација одн.предавање за ваквото онлајн купување. Моментално во Македонија има еден или два сјата преку кој може да се нарача се и свашта, и се заштитени и сигурни. Не наплаќаат за испорачка, зошто нели, се во Македонија. За тие од странство, нормално е дека се наплаќа, особено ако е прекуокеански. Премногу прашања имаше баш за ова што ти го имаш напишано. Вистина е дека тоа може да се случи, ако воглавно тоа е многу ретко. Обично сите вакви сајтови, кога треба да се изврши наплатата сами те префрлуваат на сајт на некоја банка со која имаат склучено договор. Или пак едноставно, каде што треба да оставиш информации има катанче, знак кој покажува дека е безбеден сајтот. БАрем така може да се заштитат луѓето од несакани можности. Онлајн купувањето е секаде во светот широко применувано. Кај нас и на балканот воопшто, има големи предрасуди и страв кои главно потекнуваат од неинформираност. А и таков народ сме...во се се сомневаме, се критикуваме, и ретко кој има храброст да си седне и да купува преку нет. Лично јас не сум купувала. Ама сестра ми да, и никогаш не се случило нешто да не е во ред. ПОнекогаш може да се чека подолго, ама се разбира тоа е заради далечината. Друг проблем немало.
Знам дека многу барам ама доколку некој може да ми го објасни целиот процес на нарачување и плаќање, поточно дали се дава број на картичка и од неа се земаат пари или.....????? фала ви
Пријатели на моите родители имаат купувано од Интернет и велат дека им доаѓало поефтино доколку истото нешто го купат онлајн, а и поквалитетно е. На пример, старки кои што јас ги купив од Загреб се исто пари и тука, но ако ги земев онлајн ќе дојдеа дупло поефтини. Луѓево купуваат преку дебитна картичка - ставаат онолку пари колку што чини тоа што го купуваат, па така не можат да им земат повеќе пари од што треба Лично искуство немам, бидејќи не сум купувала ништо онлајн до сега, но се надевам дека моите ќе ми купат една книга онлајн која во Америка ќе излезе во јануари, а кај нас ќе биде достапна по повеќе време.
Фемина имаш нешто купено од овде ? Гледам дека е како оглесник, нешто како ибеј, па ме интересеира дали имаш искуство со оваа страница ? Шипингот го рачунаат во цената, а царина се плаќа на нарачката, и како се царини ?
Јас имам искуство на купување онлине со Викторија Сикрет, Дизни и Амазон. Со кредитна картичка и сега за сега фала богу несум била ограбена. Одам во пошта го подигам пакетот и платам некоја мала сума 100-150ден за царина и завршена работа. Имам разговарано со еден банкар што е баш на кредитни картички и ми има кажано да кога дојде налогот за извршување во банката кога е онлине, ако им е сомнителен тогаш банката има право и да ти ја блокира картичката. Као и дека банките имале листи на сајтови каде што не е дозволено да поминат нивните картички во стил ако сајтот е сомнителен и не е заштитен. Инаку трошоците за испорака се на сметка на испраќачот.