Каде да најдам Oxford-ки, по поволна цена? Незнам од каде, но да искоментирам во врска со нив. Многу ми се грди, ептен демоде, грд модел, незнам, незнам... колку и да бидат во мода никад не би ги носела! Мислам дека погрдо нешто од овие нема, и од гумените чизми
Каде да најдам Oxford-ки, по поволна цена? Јас си купив по препорака на една феминка-400 денари од продавница во Кисела Вода одма карши Трафик. Убави се на црна основа со цветичи а има и клот црни, сиви и крем. Поквалитетни т.е. кожни има во Беверли и во Центар одма до Краш, истата продавница е на двете места, 1400 денари убава кожа, клот црни, бели, кафени. Има и во ЕвроАзија многу типски со чипка и црни 1190 денари.
ја сум вљубена у овие... имам вакви бели а вакви видов во кочани, ама немав пари тогаш у мене за да си купам...беа 1400 денари
Ми беа грди дури не најдов извесен модел што премногу ми се допадна и не е баш како овие на сликите, само тој го сакам. Ако најдам нешто слично го купувам, инаку во глобала овие најчесто шо ги носат не ми се свиѓаат. Иако попрво би носела вакви него римјанки, јас па тие апла не можам да ги смислам а сите мои другарки ги носат. А мислам дека да би отишле во странство би носеле и гумени чизи и оксфордки и ватевр што е таму популарно, кажувам за веќе видено од 2-3 девојки.
Мене оксвордкиве ептен ме бендисуваат ама не цветните него еднобојните. Мислам дека за да ги носиш треба целиот стил да ти биде од овој тип, а не само да ги опнеш на било што. Плус треба да ги носиш со карактер
Искрено, сакам да носам модерни работи и горе-доле пратам модни трендови.....ама Оксфордкиве ми се така антипатична ствар (како што погоре прочитав- опинци). Воопшто не ми се женствени и убави. Порадо би ги носела платнените патичиња, отколку овие чудесии. Сепак, за некоја девојка коа што негува ваков стил се ок. Јас не се гледам себеси во некоја комбинација со Оксфордки. Ги почитувам и ги сакам оние модни парчиња кои ја истакнуваат женственоста кај девојките, овие некако ме потсеќаат на момци.
Ми се дпаѓаат и би ги носела САМО тие на штикла Овие рамниве ми се грди и стварно незнам на што би ги облекла освен на панталони.
И цветни и еднобојни, прекрасни се, барем за мене. Би ги носела поголемиот дел. Тие на штикла малце чудни ми се, ама има некои и од тие што стварно би ги изнаносила, со мерак.
Мене чевливе ми се прекрасни. Немам некој определен стил, во главно носам работи во кои се чувствувам удобно, па тако званиот мој стил би го сместила некаде меѓу спортско - елегантното, така да мислам дека би се чувствувала удобно и во дотичниве чевлиња. И мислам дека убаво би стоеле и во најобични комбинации - фармерки и некоја кошулка, па ''зачинето'' со овие, би била добитна комбнација. Да додадам само, дека не ми се допаѓаат оние цветните, ниту штиклите, некако не се пронаоѓам во такво светло, ама затоа оние во сивкаста и крем нијасна ми се сон.