Се ближи и зимата оваа зима планирам да си земам палто од крзно или кажано бунда.Проблемот е во тоа што јас неможам да си најдам такво какво што сакам и сега решив оваа зима да шијам,па сакам да ставите некои слики ако имате од крзнено палто ама кратко да биди до половина...имам видено такво во спотот на Јелена Карлеуша која го носи во песната слатка мала
Од мајка ми имам 2 бунди и една лисица. Одвратни ми се , не можам да гледам и крајно не почитувам природно крзно. Има ли начин некако да ги продададам? Ако не да ги фрлам негде зошто се ежам од самата помисла на нив.
Обожавам крзно, секако вештачко. Имам бел крзнен елек и крзнена јакна (лани си ја купив од теранова). Баш ми се погоди за зимоска, ме топлеше. Тоа е едниствената работа која ја сакам во зима, за да можам да ги носам крзнените работи. За зимава што доаѓа сакам да си купам уште некое јакниче или елек. Баш женствено ми изгледа крзното.
Палто од крзно. Пиша дека сака палто од крзно, не спомна какво. Под дифолт ќе претпоставам дека станува збор за вештачко. Незнам колку сте информирани но вистинското крзно доаѓа со цена, висока. Не се нафрлајте, никаде не беше спомнато дека станува збор за вистинско крзно. И не дека е актуелно сезонава, ами мене ми е меѓу најдамските парчиња. Делува грациозно и елегантно. Преферирам вештачко се разбира од хумани причини, но неможам а да не се восхитам на вистинското. Мајка ми има неколку, едната вреди 4000 евра. Прекрасна е, еднакво колку што е и одвратна.
Мразам девојки кои носат крзно. Без разлика дали е вистинско или вештачко. Демек гламур ова она. Некако евтино ми изгледаат, како да не им е гајле што за тоа крзно страда некое животно или би страдало.
Обожавам крзно (вистинко) се разбира многу е поскапо но веќе имам 4 елеци со вистинско крзно и 1 јакна крзнена. Тие ги купувам од Лерин и Воден. Има прекрасни модели па и коштаат повеќе. Како што викаат „Колку пари , толку музика“
Сосем се согласувам со @Bitter-Sweet . Од мене НЕ НЕ НЕ. Не носам , не сум облекла никогаш, и нема ни да облечам вештачко а не пак вистинско. Не поддржувам убивање на животните за некој друг да си се топли. Страшно сум против и многу мразам се што е од природно крзно.
Живо е Спојлер Чувствува Спојлер Бавно умира во бол и агонија Спојлер Само затоа што не можат да кажат "СТОП" не значи дека тие уживаат во тоа. Убавината на крзното се задржува додека е во вистинска сопственост. Купување на насила одземеното е плаќање за нивно убиство. Уживаш ли во тоа?
ОГРОМНО НЕ за вистинското крзно! Дури има такви кои плаќаат ќе има такви кои убиваат за да направат, за жал! Имам едно бундиче од вештачко, секако, и го носам повремено за некоја свеченост. СТОП за вистинското крзно!!!
Потполно се согласувам. Тортурата која се врши врз недолжните животни,кои не можат да се одбранат е доволна причина никогаш да не купам било што од природно крзно. Ако веќе купувам,ќе биде или вештачко или никакво!!!
Која себичност... одвратни ми се луѓето кои мижат пред страдањата на животните, а воедно и плаќаат за тоа, само ради тоа што „убаво стоело“. ЖИВОТИНСКОТО КРЗНО НЕ МОЖЕШ ДА ГО НАРЕЧЕШ ТВОЈА СОПСТВЕНОСТ, ТОА Е НЕШТО ШТО БИЛО, Е И ЌЕ ОСТАНЕ НА ПРИРОДАТА И ЖИВОТНИТЕ КОИ НЕ ЈА ЗАСЛУЖИЛЕ ТАА БОЛКА!!!
Крзно како крзно сакам. Но вистинско крзно не сум носела, ниту посегнувала по такво до сега. Некако малку ми е језив целиот тој чин како е дојдено до него. Но вештачко сакам и носам. Крзнени елеци, шубари, шалови, крзнени детали ...
Никогаш не би облекла вистинско крзно, ниту пак кожа. Да убиеш животно за да го носиш во денешно време кога има милион материјали е пресурово.