1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Tammie, 11 февруари 2010.

  1. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    сакам да одам на фризер..и таму со дифузер да ми ја извиткат..или дома е подобро..?
     
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Ти си знаеш, според мене најобично би било супер. И шминка минимална. Руж, маскара, креонче и сјајче :makeup:
     
  3. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37

    Прикачени фајлови:

  4. ymwaa

    ymwaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Девојки јас годинава сум полуматурантка и планирам да носам некои куси пантолони, еднобојна блуза со некои синџирчиња и некое спортско сако со старки. Дали би било добро?
     
    На Squirrel и pamelche им се допаѓа ова.
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    И јас исто така годинава сум полуматурантка. Важно ми е што ќе носам, секако, бидејќи сакам да се покажам во најдобро светло. Сепак ова е последна вечер со цела генерација. Планирам да носам некое фустанче или блуза со сукња и сандали/балетанки.
    А за алманах, само ќе ја испеглам косата или пак ќе си сплетам плетенка-венче. :)
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Алманах ли ќе правите? Нели алманахот е за матуранките? :^) :^)
     
  7. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    И за полуматурантките прават алманах сега :D, бог да чува :rofl:
     
  8. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Дај ставете некој предлог за vintage комбинација.. Решена сум така да си се облечам :rock:
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Супер е! Од мене ќе имаш едно огромно браво и :up: доколку си така облечена за полуматура ;)
     
    На ymwaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Јас пак не сум девојче кое би носело старки за полуматура. Ама сепак, која сака - слободно нека носи, ми се чини интересно.

    За табло (и алманах) не сакам фризури и натрупани шминки. Може нешто, ама минимално.
    А за облека.. Немам појма.
    Првата вечер некое фустанче (ама не шијам, оти сум таква што може после да не ми се допадне како ми стои, а не ни течат пари дома, па да го оставам и да купувам или шијам друго), некои сандалки (ваљда полна пета, не знам.. има време). За втора вечер сакам некои кратки панталонки, сако, маичка (за да не изгледам ептен формално). Тука се слави и трета вечер, ама онака, се збираме кај сакаме.. Можеби едно парче само ќе купам, ќе видам како ќе стигнат парите. :$
    И плус некои алкички, ташничка.

    Е сега, испланирав, ама што ќе остварам - немам појма.
    Како и да е, за цел месец и половина (или два) ќе пишам што сум купила. :)


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    [​IMG]

    Со римјанки или балетанки. ;)
     
    На Mevluda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас планирам да бидам едноставно облечена.Сакам со некое фустанче со цветен принт да е нежно а не некоја драџ боја. :!: Штикли нема шанси, со балетанки ќе бидам.А може да облечам и фармерки со некоја блуза и сако а за нозете незнам :?: со штикли тоа највеќе оди али ич не ми се облекува штикли.. :!:
     
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    • 2407.jpg
      2407.jpg
      Големина на фајлот:
      35,4 KB
      Прегледи:
      673
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    мене ми се допаѓа, само ако сакаш да си ставиш некој каиш во некоја посветла боја за да не бидеш цела во црна, и да исто така впечатлива боја на ташна и чевли.
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Сега никој нема да биде во штикли, а во јуни ги гледаш сите пораснале 10/12/15 цм.
    Другарка моја од клас на роденденот беше во штиклите (розово и сино) кои Старфиш ги нашла во аванти и се двоумеше да ги купи, зашто имаше и едни црвени кои и се допаднале. А за полуматура да не правиме муабет..
    Една друга другарка вика „јас на излегување одам со штикли, а не пак на полуматурската“ .. Тоа е.
    Добро, можеби ние струмичани сме тука со друго размислување. Девојчиња во рамно ќе видиш максимум 5 од цела генерација. Или ако евентуално некој си носи сандали во случај да не треба бос да игра.
    Сите се натокмени, нашминкани, скоцкани..
    И баш со мајка ми правев муабет за високо (полна пета, штикли). Ако се одлучам за штикли нема шанси да најдам некои ниски, сега сите се со платформа и високи. Ваљда полна пета. Ма, не знам, има време.
    Па што, и мајка ми облекла полна пета прв пат полна пета во осмо, од агро-кожа (некој тогашен дуќан) и тоа не за полуматура, зашто таа година решиле да ја укинат, а следната пак ја воведеле. А тоа било отрпилика пред 35 години.. И повеќе.
    Сите уште сега шијат, купуват... Ама, ако си купел од тука, Грција или Бугарија си бил испод ниво. Е ај, у Милано ќе одам јас на шопинг, ако и таму не најдам одам во Барселона..
    Ма ајде. Од тука ќе си купам. И што ако некој има ист? Пеза ќе сум била.. Пф.
    Има различни начини на комбинирање и голема разлика во тоа како му одговара еден фустан на различно тело. Така да, не се ни замарам.

    Што ќе ми се допадне - ќе купам. Ако мене ми се допадне, не мора на сите. Побогу, секој со својот вкус.. :)
     
    На belieber, macysh и pamelche им се допаѓа ова.
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    БиЈу облечи си како што ти ќе се осеќаш најубаво,ич да не ти е гајле што мислат другите.Мислам,под ова не подразбирам или одобрувам некој минич залепен и деколте и штикла 15ка,туку нормално нешто,денски :)
    Штикли можиш да облечиш ако имаш ќеф,и многу ми е глупаво кога овде читам како ги напаѓаат девојчињата кои сакаат да носат штикли за полуматура,а читам во темата "Kога се запознавте со штиклите?" повеќето на оваа возраст облекле прв пат.А овде осудуваат. :?:

    Јас лани носев денско фустанче - беше со кремаст корсет,и од под градите надолу со фарбели,цветно,разлетано :) Ептен беше обично,си го изнаносив летото.Имав и неклку алки на рака - кремасто-кафеави,и сандалки на платформа - 8 сантими мислам дека беа,и плик ташничка мала ептен :)
    Сандалките ги облеков и на другарската и толку засега,на свадба можи летово пак ќе ги носам :D
    Не се секирајте полуматурантки,за џабе толкав стрес - и тоа ќе помине,а најмногу во сеќавање остануваат спомените од проводот отколку кој како е облечен :) И ние ич не бевме сложни,па последните месеци ептен се зближивме сите и им побаравме екскурзија дури :) ,и на крајот сите плачевме :wasntme: Избегав амлце од темата ама ако :P

    Едит : aко планирате да играте повеќе ставете си на платформа сандалки,оти сите што носеа штикли лани ги извадија :) Мислам како сакате - некои издржаа цел ден.
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Па, имам мерак за нешто високо, ама умерено и нормално. :)
    И да, нема да облечам нешто за другите да не ми се смејат, или сл. Ќе го облечам зашто јас сакам. Да се поштедиме од правдања демек сите ќе се во штикли/полна пета па ајде и јас..
    И онака кога си размислувам за коса, вакво нешто сакам:
    [​IMG]
    или
    [​IMG]само со поубаво оформени бранови (со маша се прави тоа, барем тука така го викаат).
    А сега што се сите фустани се за матурантки, после Велигден, накај мај ќе почнат да носат летна гардероба и за полуматурантки. Така да, сметам дека има уште време.

    Мацуш, фала за советот. :)

     
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Еве овие ми се интересни...
    За црното незнам баш, некако многу разголено, ама еве...
    што мислите... :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 23.png
      Picture 23.png
      Големина на фајлот:
      155,3 KB
      Прегледи:
      457
    • Picture 24.png
      Picture 24.png
      Големина на фајлот:
      128,4 KB
      Прегледи:
      457
    • Picture 27.png
      Picture 27.png
      Големина на фајлот:
      228,7 KB
      Прегледи:
      458
    • Picture 28.png
      Picture 28.png
      Големина на фајлот:
      226,9 KB
      Прегледи:
      457
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Што знам, првото е убавко.
    Бев лани полуматурантка. Можам да кажам дека ја претеруваат децата. Не е тоа којзнае колку голема работа, па шиење, штикли од 15 цм, на главата некои ѕинѕурки...
    Јас бев со пантоломи , постирав слика. Но имаше девојчиња кои навистина ми оставија впечаток за полуматурантки, средено, типично за годините, а сепак слатко. Еве од мене идеи за фустанчиња :
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    За на нозе, можете да носите балетанчиња. Значи нема ништо срамно да се појавиш со балетанки, мада сега не е баш убаво сфатено. Можеш со полна пета, или некои сандалки. За полежерни фустанчиња викам. Ако сакаш да одиш со балетанчиња, оди. Никој ништо не ти може, носиш што сакаш. Нема никакви ограничувања. Секогаш оди со став, како ти да си на врвот, сите те гледаат. Самоуверена, немој да речат - Види ја со балетанки, и ти шпринт дома да земеш штикли. Нека викаат, они ќе се жалат за нозете после, нема ти.. :)
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    Друго правило за полуматура. Ако видиш некоја со исто фустанче како твоето, иста чанта, чевлии .. Немој да се караш, секогаш викај си ,, Мене ми стои поубаво " . Децата купуваат од различни места, ќе се погоди некое како твоето. Немој да ја изгубиш самодовербата.
    Трето, за полуматура можеш и со пантоломи, суќна, куси, кошула, да одиш. Комбинирај. Не вели ,, Сакам како нејзе да бидам облечена" , викај ,, Сакам да сум единствена вака " Биди оригинална.. :*
     
    На BeYourself и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  20. Smileee

    Smileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    12
    Имам 15 години и годинава сум полуматурантка..сите дигаат прашина околу тоа ама јас не се замарам многу..за носење размислувам да носам шорцеви и одозгоре некоја блузичка а на нозете балетанки..само кога им кажав на овие девојчиња од мое одделение што ќе носам ми се изнасмеаа во фаца..што мислите срамота е да се отиде во шорцеви..?