Потпунките во сакоата и капутите порано биле хит и во машката и во женската облека. Со текот на времето тие се отфрлиле од употреба (барем во женската облека) за сакоата и капутите изгледаат поженствено. Денес тој тренд е вратен, но ретко кој го следи. Можеби не е ист како во порано, но присутен е со мали варијации во вид на подуени ракави кај рамениците. Што мислите вие за ова? Дали ви се допаѓа или не? не најдов ваква тема, искрено се извинувам доколку е дупла
Некако многу „офицерски“ ми делуваат потпункиве, никогаш не сум ги сакала. А сите џемперчиња, капутчиња, јакнички и такви работи што останале од мајка ми кога била млада имаат потпунки. И на сите им ги исеков кога земав да ги носам. Подуените ракави на некои парчиња облека ми изгледаат слатко и би ги носела, ама потпунки - не.
Мене симпатично ми делуваат, имам едно сако со потпунки, ама најверојтно се некои полу-потпунки па не се дотолку приметливи. Ми се допаѓаат и делуваат доста штосно и интересно, нормално ако девојката знае да ги носи и убаво ссе искомбинирани. Но и потпункиве според мене не се за секоја девојка, особено не за девојки кои се природно широки раменици, затоа што со потпуниките се истакнуваат дополнително и не изгледа убаво. Како и се кое друго парче гардероба не стои и прилега секому, така е и со потпункиве и подуениве ракави.
Потпунките баш и не ги сакам. Ми ги шират рамењата и ми го скратуваат вратот што баш и не ми одговара. Онака изгледаат убаво, додаваат елегантност ама сепак, не фала. А подуени ракави сакам. Имам неколку блузички и џемперчиња со такви ракави и баш убаво изгледаат.
Потпунки Не!! Не ги сакам Ми делуваат строго, неубаво Како женско да се билда и затоа е толку развиена во раменици А за подуени ракави...па да. Зависи што е и како ми стои
А-у. Погодена тема. Потпунки не, ама подуени ракави ДА! Многу ми се свиѓаат, и многу убаво ми изгледаат подуените ракави, сакам да носам такви блузички. Имам неколку, и мислам дека прекрасно стојат, си ги обожавам. Моментално носам една маичка со подуени ракави, и станав до огледало да видам како стои, по којзнае кој пат.
Не сакам и не носам ни пупунки ни пак подуени раменици убави ми се да ги гледам онака на некого но јас да ги ставам се чуствувам како бетмен спремен да полета не можам да ги носам ме нервираат
Потпунки- леле колку ме потсеќа зборот на огромните стари сакоа на мајка ми. Цело да те проголта, плус да ти додаде билдерски раменици Ама кога ќе размислам подобро, тука најверојатно се работи за “трауми“ од детството. Слатко ми изгледаат подуените ракави. Од едноставна секојдневна блуза- добивате слатка и посвечена. Плус ако на моделот додадеме некој штосен брош- имаме полн погодок. А сакоата со потпунки- морам да кажам дека особено многу ми се допаѓаат моделите на Балмаин. Навистина се шизички Би ги носела, зошто да не. Само уште да се инвестира во едно квалитетно и трендовско парче
Ми се допаѓаат, и би ги носела да немам широки раменици, но јас имам така да додатно не би ги проширувала. Иначе супер се и супер стојат на некои девојки
Порано ич не ги сакав, кога ги гледав по кошулите на мајка ми. Сега ми се ептен интересни, женствени, елегантни. Само не знам како би ми стоеле, имам и јас широки раменици. Се заљубив во фустанчето . Сериозно размислувам да го шијам за матура.
Мене лично многу ми се допагаат и ги носам, имам сако со потпунки на рамениците исто имам фустан, блуза со подуени ракави и мислам дека стојат прекрасно
Подуените ракави женствени ми се баш ама ова со потпункиве жените повеќе на капетани и команти ми личат отколку на жени
Ми се допаѓаат подуените ракави, изгледаат многу женствено и елегантно. А потпунки никако не би носела...
Па не, затоа што многу ми ги прават дебели рацете. Имам една маичка, со така подкренати раменици, ама пократки. И ја носам, ама по ретко.