Да прво има здола свила мислам па згора жоржет а која е цената метрото на жоржет и свила бидејки никогаш не сум шиела ништо незнам па сега сакам да шијам фустан како тој погоре што го ставив
^ За свилата припреми си го паричникот да биде подебел. Овде речиси никаде да нема свила, а и да ја најдеш некаде, премногу е скапа. Односно, не се продава свила на метро, ншто пишувам џабе. Само готови производи. Можеби да супституираш со нешто слично.
Девојки,незнам во која тема ќе биде соодветно да го пишам ова .Се надевам некој од тука ќе знае Бев на шнајдерка,за фустанчето за матура и ми рече да купам материјал сатен.Мене како изгледа сатенот не ми се допаѓа баш ама она ми рече дека ќе го правела од обратната страна и дека нема да биде таков.Е сеа незнам јас како изгледа така,ако може некој нека постира слика да видам како изгледа
Немој никако сатен ако не ти се допаѓа, зашто и на мене не ми се допаѓа ама ич, кажи и некој друг да ти каже да купиш
Кога е од обратна страна, не свети толку сатенот, ама сепак тапа материјал е, не е удобен така, не паѓа... е сега, не знам какво ти е фустанчето, може навистина таков треба.
Дали знаете каде се продаваат силиконски ленти (незнам дали баш така се викаат) што се стават на фустанче за да стои прилепено, т.е. да не паѓа.
Каде можам да најдам ваков материјал во Скопје и колку би чинело метро https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater
Женски може помош малку Дали знаете каде може во Скопје да се купи Филц (индустриска волна) во разни бои ?
Можеш да провериш, иако не верувам дека има. А можеш и шапкарите во Турска чаршија да ги прашаш дали користат филц и од каде го земаат.
Женски каде да најдам ТУЛ во боја?Ми треба за изработка на туту фустанче за керкичката во боите на виножито , па ми треба тул во такви весели бои