Сако - удобно и модерно. Различните модели се неопходни за секоја жена и за секој провод. Може да се комбинира со се, тоа е како коженото палто за есента - задолжително и секогаш употребливо. Еве како ѕвездите го носат,
Хммм не би рекла дека е задолжително, може е оноа must have за овие сезони, зашто претходно не беше актулено, со исклучок како сако со сукња или панталони за деловна комбинација. А од пред сезона две се носи и во кежуал варијанти. Порано исклучиво кратко сако се носеше, струкирано. Сега се носи и "машко" сако, долго, опуштено, широчко. Плус нели превртени ракави, сезонка мода. Јас искрено најмалку би го споредила со кожна јакна, која немало период а да не е модерна. Ама саково периодично е модерно, а периодично е деловна наметка за вработените девојки. Мене ми се допаѓа имам машко сако пепито стил со превиткани ракави од црн сатен. Имам црно струкирано со кратки ракави. Имам зелено. Али денеска гледајки ги сликите посакав црвено, a и ова розево од Стилисимо ми се допаѓа.
Многу ги сакам,ептен ми се типски и за секоја пригода се.Имам 3 (црно,крем и сиво) а сакам и тегет да си купам
Сако не носам многу често иако мислам е задолжително за женски гардеробер!секогаш се наоѓа...имам едно сатенско така посвечено ,едно секојдневно кратко е и едно на кратки ракавчиња тегет боја е,оние долгите сега што се на мода многу ми се допаѓаат ама не ми стојат баш добро,се загреав лани да си купам ама не ми се допадна како мене ми стоеше инаку ми се допаѓа кога ќе видам девојка висока слабичка,со такво сако, фармерчиња и високи штикли-топ комбинације е
Ајде сега малку реално. Која девојка носеше сако пред година дена? Сакото стана популарно неодамна, значи не е нешто што од секогаш се носело, за да се декларира како нешто незаменливо во гардеробата и неопходно. Впрочем, ако ме прашате мене, до пред две години да ми дадеа сако да носам, ќе одбиев. Од секогаш ме потсетувало на облека за на работа.... Како што кажа Росонерка, маст хев е за оваа сезона, како што беше за таа пред неа. И практично е, се комбинира, ама тоа воопшто не налага секој да го има, што е случајот кај нас. Сериозно, ми доаѓа баш вака да направам кога ќе видам девојки со црно сако. Толку досадно обелкување е тоа кај нас, чудо едно. Не е дека не носам, имам неколку, ама не сум досадна кога ги комбинирам. Ретко ги носам, искрено, и гледам да не делувам како секоја втора девојка. Што се однесува до желба, да имам, и тоа за корално црвено палто, со невообичаен крој. Овие обичните коцкасти се веќе видени и не ми го прават меракот
Сметам дека секоја девојка треба да поседува убаво струкирано црно сако. Тоа е дефинитивно маст хев! Бидејќи секоја девојка ќе изгледа совршено во такво сако. Може да се комбинира секако. И во класични и елегантни комбинации, и посекојдневни. Со фармерки, со пантолони, со сукња, со обична маичка, со кошула, со фустан, со сеее И јас исто викам дека пред година две воопшто не се носеа вакви сакоа! А искрено и немаше некои поинтересни, штосни моделчиња кои можат да ги носат и помлади девојки (барем колку имам јас видено). И доколку имаше повеќе беа така поедноставни, некои беа поспортски. Мене ми текнува пред година (или две не сум сигурна) во Манго видов едно преслатко сако кое премногу ми се допадна, но не го купив и од тогаш барам сако но ништо не ми се допаднало баш. А тоа беше така краткичко струкирано со 3 копчиња и беше во линии теѓет-бело ОК ова беше премн офф топик хахах ама морав да ви кажам за тоа сако!
Јас имам тегет сако,и го комбинирам со тегет чевли,но не е задолжително...може и со други комбинации....не сакам црно,иако сестра ми купи скорото ама кратко,во план е ми е она крем актулената боја за идниот период но само да најдам..... изгеда многу модерно,а едноставно...... преферирам да го носам со панаталони и високи потпетици....со сукни и фустани некако не се осеќам удобно.....
Сакам и носам. Еве некои модели што ми го прават меракот Многу сакам црвено.. следно на шопинг листата ми е дефинитивно
Јас носев сако за полуматура Значи пред 4 години му доаѓа тоа така И за среќа уште ми е точно и си го носам, само што сега ракавите му се подвиткани. Иначе имам и кремасто(коешто за жал ми е широчко сега) и тоа го купив тој период. Значи сакоа имало и претходно само што никој не им обрнувал внимание. Сега за сега имам црно,бело,кремасто и жолто, а би сакала да си купам и црвено,онака баш црвено, или пак темно плаво.
Какво сако си видов денес мх мх мх 2500ден, ама преубаво ма најубаво Ми даде инспирација за уште неколку фотки, ах мора да си го земам Неможев да најдам слика од толку убаво како тоа, ама ај и овие ми се топ
Леле, мајка ми има исто сако. Потполно исто. Стои во плакар, фаќа прашина. Би и го земала да го носам, ама побогу, розево е Црвеновооооо Туку, имам едно сако кремасто со некои цветно-апстрактни принтови. Сакам да ви го сликнам и да ми кажете дали е wearable
Да ве прашам нешто, сакам да си купам црно сако. Ама, 17 години имам ( втора година сум средно) и не знам дали е прикладно да носам сако на школо?