ТЕМА: Скапоцени камења, нивното значење

Мислење 27 Јан 2010, 16:04

Кристалите и скапоцените камења се дел од старите култури,кои се користеле за најразлични потреби.Кај многу народи моќта на камењата се изедначувала со онаа на боговите,во некои култури,Египќаните,Римјаните,Грците,ги користеле како лекови за многу болести,но имало и разни верувања,во кои пример за дијамантот се верувало дека штити од негативни влијанија,рубинот бил симбол на слободата итн.Ме интересира дали имате вакви камења кои денес можат да се најдат во продавници за накит,или пак истите ги носите во комбинација со друг накит?
Аватар на корисникот
Gordana10

Црвено цветче
 
770711267
Мислења: 6793
Зачленет: 07 Дек 2009, 18:15
Локација: Скопје
Veni, vidi, vici - дојдов, видов, победив!

Мислење 27 Јан 2010, 16:25

Епа вака. Јас знам дека на секој хороскопски знак му соодвествуваат еден или повеќе скапоцени камења. И додека кај некои знаци тие имаат убаво влијание, кај други е обратно. Јас на пример сум овен, и имам сретнато по интернетов дека ми одговара хематитот. Имав обетки од хематит и кога ги носев како да ми се собираше целата нервоза и негативна енергија во нив (иначе по природа сум многу импулсивна, нервозна и избувлива). Но на моите другарки обетките како да им ствараа нервоза. Во случајности не верувам. Но не мора да значи и дека ова е точно. Ај ќе побарам нешо поподробно по списанија и ќе ви пишам.
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
1068417599
Мислења: 13843
Зачленет: 31 Дек 2009, 00:34
Локација: Таму кај што топол ветер прави плетенка од моите кадрици.
I just want you to know who I am.

Мислење 27 Јан 2010, 22:39

Правилно избраните благородни каменчиња можат да ти донесат среќа и да те заштитат од негативни влијанија. Верувањето во дејството на скапоцените и полускапоцените каменчиња и благородните метали врз судбината на човекот е многу старо. Човекот отсекогаш изработувал амајлии за среќа, за љубов, за мир, за заштита...

Во астрологијата, за секоја планета и ѕвезда се врзува одреден скапоцен камен или благороден метал кој е во склад со некој хороскопски знак. Правилно избраниот скапоцен камен може, не само да ти донесе среќа ако го носиш, туку и да те заштити од негативните влијанија.

Според месецот на раѓање:
Јануари: гранит и розов кварц;
Февруари: аметист, оникс;
Март: аквамарин, црвен јаспис;
Април: дијамант, горски кристал, кварц;
Мај: смарагд, кризопарс;
Јуни: бисер, месечев камен (селенит);
Јули: рубин, карнелиан, жад;
Август: перидот, авентурин, сардоникс, сафир;
Септември: сафир, ахат, лапис лазули;
Октомври: опал, розов турмалин;
Ноември: жолт топаз, цитрин, тиркиз;
Декември: тиркиз, лапис лазули.

Според хороскопскиот знак ти одговара:
Овен: дијамант, јаспис;
Бик: тиркиз, сафир, аквамарин, дијамант, хематит;
Близнаци: ахат, бисери, тигрово око, топаз;
Рак: смарагд, месечев камен, бисери;
Лав: турмалин, сардоникс, оникс, килибар;
Девица: јаспис, гранит, карнелиан, жад, цитрин;
Вага: опал, лапис лазули;
Скорпија: аквамарин, гранат, рубин, дијамант;
Стрелец: сафир, аметист, тиркиз, топаз;
Јарец: рубин, ахат, гранит, лапис лазули;
Водолија: гранит, опал, аметист, тиркиз;
Риби: горски кристал, сафир, аметист, аквамарин

Слика

АХАТот е посебен вид на кварц прошарен со калцедоном, опал, аметист, хематит... Дава храброст, енергија, сила, го брка стравот и ја зголемува самодовербата. Освен тоа, штити од штетни зрачења, од бура, громови, главоболка и треска. Спречува иритирање на кожата, лекува од треска и очни инфекции, го подобрува видот и циркулацијата. Ахатот ќе те направи поречита, а ја зголемува атлетската сила и храброста.

Слика

ТОПАЗот поволно влијае на родените во знаците Стрелец и Близнаци. Ја поттикнува среќата и љубовта. Кога овој проѕирно-жолт камен е обложен со злато, е одлична амајлија против „уроци„. Му се препишуваат многу лековити својства: против астма, несоница и душевни болести.

Слика

АКВАМАРИНот е скапоцен камен за родените во знкот на Скорпија, а може да го носат и родените во знакот на Бик. Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Освен тоа ќе те поттикне на брза интелектуална реакција. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.

Слика

АМЕТИСТот е познат како „доброчинител„, посебно ако си родена во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако го носиш како амајлија ќе те заштитува од сите видови зависност. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Го поттикнува мирниот сон и медитацијата.

Слика

АВЕНТУРИНот ја развива креативноста и менталната чистота. Ја зголемува благосостојбата и носи успех во учењето и кариерата, помага да ги видиш алтернативните решенија во секоја ситуација. Дава мир, рамнотежа, внатрешна сила и ја зголемува радоста. Носи среќа, посебно во игрите на среќа. Позитивно влијае на крвта, циркулацијата, главоболката и нарушениот сон. Ја штити чакрата на срцето.

Слика

БАКАРот е благороден метал и влијае на родените во знакот на Бик и Вага. Има извонредна магиска енергија. Бакарните нараквици имаат електромагнетска моќ со која заштитуваат од ревматски заболувања на зглобовите.

Слика

БИСЕРот има длабоко симболично значење во разни земји. Во Кина се смета за симбол на богатство, мудрост и чесност; во Јапонија значи среќа, а во Индија е знак на плодност. Во арапските култури, жените или одредени делови на телото, како забите, се споредуваат со бисери. На бисерите им се припишуваат афродизијачки својства, но се сметале и како лек против меланхолија и нервоза. Бисерите се симбол за солзи. Отсекогаш се сметаат за симбол на убавина, љубов, среќа и богатство.

Слика

ЦИТРИНот е едно од ретките каменчиња кое ја уништува негативната енергија и не е потребно чистење и миење. Топлата енергија го поттикнува оптимизмот, го привлекува богатството и помага да го задржиш. Добро е за ментално фокусирање, издржливост и самопочитување. Цитринот е познат како камен на успехот. Поврзан е со менталната бистрина, довербата, среќата, веселбата, и чувството на моќ. Воопштено се смета за заштитен камен. Го помага празнењето на цревата и ги елиминира кошмарите.

Слика

КИЛИБАРот е корисен за родените во знакот на Лав, а неповолно влијае на Биковите. Со векови се верувало дека килибарот во себе носи мистична енергија и лековити својства, поради неговото совјство да го привлекува и собира електрицитетот околку себе. Ако носиш синџирче од зрна килибар ќе те заштитува од болест.

Слика

ТИРКИЗот е прекрасен азурен камен за родените во знакот на Бик, Стрелец и Водолија. Ја симболизира љубовта и богатството. Често се подарува на веридба и венчавка. Ако го носиш ќе те смирува во напнати ситуации, расправии и ќе ти ги зацврсти пријателствата. Индијанците го сметаат за свет камен поврзан со времето. Ја поттикнува искреноста и комуникацијата на срцето. Штити од загаденоста на околината и донесува исполнување и благосостојба. Познат е како главен исцелителски камен зашто го забрзува оздравувањето. Моќен е за вземјување и воопшто за заштита. Ќе те активира ако по природа си повлечена. Корисен е за мускулите, регенерација, стрес и главоболка.

Слика

ДИЈАМАНТот е скапоцен камен со позитивно влијание на родените во знакот на Бик, Скорпија и сите други кои се под влијание на планетата Марс. Се смета за најмоќна амајлија, симбол на среќата и верноста во љубовта, па затоа се подарува за веридба и венчавка. Дијамантот е најбараната амајлија која успешно заштитува од секакво зло. Го отстранува секое негативно влијание посебно ако го носиш на левата страна на телото.

Слика

ГОРСКИ КРИСТАЛ - Римјаните верувале дека содржи енергија на боговите која дава сила, храброст и мудрост. Горскиот кристал е универзален камен, секој би требало да има барем еден :!: Тој е чист и силен енергетски извор, го зајакнува енергетското поле, ја стимулира мозочната функција, го зајакнува имунитетот и го доведува телото во рамнотежа, ги активира сите нивоа на свесност; ја доведува душата во склад. Овој кристал ги стимулира сите чакри; корисен е за заштита од енергетски влијанија од другите луѓе, заштитува од зрачењето до компјутерите и од поземните зрачења.

Слика

ГРАНИТот е прекрасен камен со црвена или розова боја и одговара на родените во знакот на Девица, а не се препорачува за Биковите. Тоа е каменот на романтичната љубов и страста. Ја зголемува нежноста, сензуалноста и блискоста. Поттикнува позитивни мисли и ја зголемува енергијата. Ја зголемува самодовербата и успехот во кариерата. Заштитува од зло и исцелителски делува на срцето, крвта, циркулацијата и белите дробови. Ги засилува коските и кожата.

Слика

ХЕМАТИТот (крвав камен) е познат како „камен на умот„. Има зеленкаста боја прошарана со виолетова боја. Им носи среќа на родените во знакот на Скорпија и Бик, а не се препорачува на Раковите. Ја поттикнува храброста, штити од опасности, посебно за време на војна. Внесува организираност на ментално ниво, приземен е и смирува. Го подобрува помнењето, поттикнува оригинално размислување. Ќе ти помогне да сфатиш дека границите ти се таму каде самата ќе ги поставиш. Ги врамнотежува телото, умот и духот. Ја намалува телесната температура, крвните пореметувања, анемијата, нервозата, несоницата, помага при зараснување на раните и скршеници на коските.

Слика

ЈАСПИСот е камен на нежноста и опуштањето. Носи тишина, утеха, целост, излекување, добри завршетоци. Го нарекуваат „голем негувател„ поради неговата заштитничка енергија. Египтјаните црвениот јаспис го сметале за крвта на Изид, па затоа го користеле за запирање на крварења од носот, како и за заздравување на рани. Штити од црна магија, ги ублажува болките, посебно во дигестивниот тракт, лекува епилепсија, а се користи и за ритуали за дожд.

Слика

КАРНЕЛИАНот (карнеолот) е камен на креативноста, индивидуалноста и храброста. Го нарекуваат уште и „камен на актерите„ и е голем заштитник. Ја засилува меморијата и помага да ги најдеш вистинските пријатели. Штити од љубомора, лутина и страв. Ќе ти помогне да ти се остварат желбите и ќе ти донесе среќа; ја олеснува и отстранува тагата. Ја стабилизира енергијата во домот. Корисен е за лекување рани, ги регенерира ткивата и клетките, лекува ревматизам, камен во бубрегот и други бубрежни проблеми.

Слика

ТУРМАЛИН КВАРЦот е одличен заштитник. Внесува рамнотежа и внатрешна сила. Ефикасно ги решава проблемите. Ја зголемува конценмтрацијата и меморијата. Го јакне имунитетот, помага при дислексија, артритис, болки во 'рбетот. Ќе ти ја зголеми самодовербата и ќе ти го намали стравот. Го отстранува чувството на жртва, а ја привлекува инспирацијата, сочувствувањето и толеранцијата. Создава рамнотежа помеѓу левата и десната хеисфера на озокот, негативните мисли ги претвора во позитивни. Делотворен е за заземјување. Ја засилува енергијата на телото против надворешните неповолни влијанија и формира заштитен штит околу телото.

Слика

КОРАЛот делува на родените во знакот на Бик и Скорпија, но универзално се користи како заштита од уроци и останати негативни влијанија. Ако носиш синџирче од корали најдобро ќе те заштитат од лоши духови. Одлично делува како амајлија за тинејџери. Во минатото, со коралите кои ги мелеле во прав и ги мешале со вода, се лекувале болести на внатрешните органи.

Слика

КРИЗОБЕРИЛот (мачкино око) е скапоцен камен наменет за родените во знакот на Рак. Тоа е прекрасен камен со млечно-бела боја, а може да биде и жолтеникав, розов, па и кафен. Се смета за силна одбрана од болести на нелиот дроб, има смирувачко дејство и затоа се користи за лекување на психички заболувања.

Слика

КРИЗОПРАСот е моќен камен. Носи среќа, благосостојба и деловен успех. Ќе ти помогне полесно да се изразуваш и мудро да ја користиш оваа моќ. Ако го носиш ќе ти донесе радост и ќе ти помогне да се ослободиш од негативните мисли и раздразливост. Ги зголемува и засилува пријателствата. Кризопрастот е камен на рамнотежата и балансот на јин и јанг и овозможува длабока медитација. Ако го носиш полесно ќе го залечиш скршеното срце и отстраниш чувството на помала вредност или комплексот на надмоќ. Помага ако имаш проблеми со видот и очите, имунитетот, артритис, душевна болест... ја олеснува треската и зголемената телесна температура; помага кај половопреносливи болести. Кризопрастот е најмногу поврзан со срцевата чакра.

Слика

САФИРот со својата проѕирна азурно-сина боја како да повикува на прибраност и медитација. Корисен е за родените во знакот на Бик и Јарец. Сафирот е камен на креативното изразување, интуицијата, медитацијата и зголемување на работите. Корисен е за ментална бистрина и против депресија. Лекува треска и висока температура и проблеми со слухот.

Слика

ОНИКСот е каменче со црна или тамно кафена боја, со бели жилички. Тој е под силно влијание на планетата Сатурн, затоа позитивно влијае на родените во знакот на Јарец, но неповолно влијае на знаците под влијание на Венера, Бик и Вага. Помага полесно да се справиш со последиците во животот, посебно со оние кои претставуваат исцрпеност на енергијата. Помага да го контролираш вишокот несакана енергија. Ги зголемува издржливоста и ладнокрвноста.

Слика

РОЗОВ КВАРЦ е познат како камен на љубовта, дава нежност, толеранција, простување. Смирува, помага во ослободување од насобранито бес, лутина, љубомора, старв. Ја заменува негативноста со хармонија. Делува на срцето, крвотокот, ја подобрува работата на бубрезите; ја ревитализира кожата. Ако го носиш може полесно ќе се ослободиш од вишокот на килограми. Корисен е против несоница, штити од штетни подземни зрачења, па затоа е корисно да го чуваш во твојата соба над креветот. Тоа е каменче кое мораш да го имаш :!: Ќе те исполни со љубов и среќа, влијае на отстранување на опсесии и психози, ја хармонизира енергијата и ја птстранува аритмијата на срцето.

Слика

ЛАПИС ЛАЗУЛИ е камен посветен на родените во знакот на Вага. Го нарекуваат „камен на радоста„. Ја продлабочува љубовта и пријателството. Лапис лазулитот носи искреност, отвореност, внатрешна моќ, интуиција, креативност, мажевност. Го засилува умот, телото и ја зголемува свесноста и духовната врска. Ќе ти помогне да го организираш секојдневието и да го смириш и ангажираш немирниот ум. Лаписот помага да ја изградиш самодовербата и традиционално е кралски камен. Ако го носиш ќе ја привлече и засили љубовта и верноста на момчето. Лаписот е добар заштитник од физички и психички повреди. Корисен е за синуси, главоболка, нервите, говорни маани, хипофизата, ги олеснува сите болки.

Слика

МАЛАХИТот е камен со силна зелена боја кој влева надеж и спокојство за родените во знакот на Јарец. Се смета за камен на преобразбата, ги помага промените и духовната еволуција. Ако го носич ќе ти помогне да ја врамнотежиш љубовта, романтиката и сопствената корист. Малахитот е камен на среќата и благосостојбата. Моќен заштитник, служи како општа заштита од зло. Носи го како заштитен камен кога леташ со авион и при секое патување. Ја зголемува емоционалната стабилност и рамнотежа. Позитивно делува при астма, артритис, воспаление на мускулите и болести предизвикани од радијација.

Слика

МЕСЕЧЕВ КАМЕН (селенит) е амајлија за родените во знакот на Рак. Има сини тонови за кои се смета дека носат среќа, а посебно на заљубените. Месечевиот камен ја зголемува женската енергија, чувствителноста, интуицијата, психичките способности. Штити при патување со брод. Поврзан е со сите видови љубов. Позитивно делува на хипофизата, цревниот систем, дебелината, при задржување на течност во организмот, хормонски пореметувања, менструални проблеми. Камен на чистота, надеж, желба за нов почеток, помага од универзумот да го земш она што ти треба.

Слика

ОПАЛот е скапоцен камен кој со својот прекрасен шарен изглед им дава надеж и спокојство на родените во знакот на Вага и Бик. Опалот ја поттикнува фантазијата и креативноста. Ќе ти помогне да се ослободиш од стегите и ќе ти ја зголеми меморијата. Влијае на духовноста, ако го набљудуваш ќе ти ја засили моќта да ја решиш неизвесноста на некои настани. Ќе ти донесе убави и среќни сништа. Го олеснува процесот на промени. Добар е за видот.

Слика

ПЕРИДОТот ја врамнотежува и стимулира чакрата на срцето. Ова е камен на сочувствувањето. Поседува пријателска енергија и го помага лекувањето. Ќе ти помогне да се препородиш и да се обновиш во секој поглед. Ќе ти донесе благосостојба, складни односи во врската. Го намалува стресот, лутината, љубомората, лекува рани и проблеми со цревата. Ќе создаде заштитен штит околу твоето тело.

Слика

РУБИНот им одговара на родените во знакот на Јарец. Неговата светликава црвена боја ќе ти ги поттикне љубовните чувства и ќе те зближи со момчето во кое си заљубена. Рубинот предизвикува целовитост, предаденост и среќа. Ја зголемува великодушноста и носи благосостојба и романтична љубов. Заштитник е на домот, имотот и психата. Тоа е камен со голема енергија и исцелителска моќ. Не е добар ако си премногу темпераментна и неразбрана, зашто може да предизвика нервоза.

Слика

СМАРАГДот е еден од најубавите скапоцени каменчиња. Највлијателен е за родените во знакот на Рак. Неговата кристално зелена боја ќе ти влее мир, надеж, љубовни чувства. Има лековито дејство на видот, помнењето и нервите.

Слика

СРЕБРОто е најчистиот и најпрефинет метал. Исклучително позитивно влијае на родените во знакот на Близнаци, Рал, Девица и Риби. Му препишуваат терапевтски особини, а сребрени предмети и накит се подаруваат за заштита од болести и грижи.

Слика

ЖАДот е камен си силна зелена боја кој влијае на родените во знакот на Девица, а неповолно на родените во знакот на Близнаци и Стрелец. Ќе ти ја разгори борбеноста и натпреварувачкиот дух, решителноста и желбата за афирмација. Ја привлекува љубовта, верноста и великодушноста. Ќе ти донесе емоционална рамнотежа и стабилност.

Слика

ЗЛАТОто е симбол на сонцето, светлоста во духовна и материјална смисла. Овој благороден метал посебно поволно влијае на родените во знакот на Лав. Затоа го носат кралевите.
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
1068417599
Мислења: 13843
Зачленет: 31 Дек 2009, 00:34
Локација: Таму кај што топол ветер прави плетенка од моите кадрици.
I just want you to know who I am.

Мислење 27 Јан 2010, 22:50

Аквамарин,мојот хороскопски знак,сакам вакви камења и кога би можела би изнакупила.
Аватар на корисникот
Gordana10

Црвено цветче
 
770711267
Мислења: 6793
Зачленет: 07 Дек 2009, 18:15
Локација: Скопје
Veni, vidi, vici - дојдов, видов, победив!

Мислење 27 Јан 2010, 22:53

Браво Hipica, супер е ова. Само треба да си го сменам месецот на раѓање... нешо не сум по бисерот :D
Имам еден прстен со аместит, мноооогу го сакам. Ама не сум го носела да знам како ќе ми влијае...
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
55022515
Мислења: 3149
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 28 Јан 2010, 18:32

Hipica браво за трудот, оваа информација многу ќе ни се најде. Јас воопшто немам никакви познавања во таа област ама и не верувам дека камењата имаат некакво влијание.

Наредниот пат кога ќе купувам поклон за женско, камен ќе биде :) ама сигурно не дијамант.
Аватар на корисникот
angel

Бело цветче
 
400
Мислења: 77
Зачленет: 08 Ное 2009, 02:40

Мислење 05 Фев 2010, 22:36

многу многу не носам вреди работи затоашто ги губам лесно и после ми е криво,па затоа повеќе носам бижутерија и ситно злато или сребро и да ги изгубам да не ми биде толку криво
Аватар на корисникот
black-angel

Жолто цветче
 
570101
Мислења: 1621
Зачленет: 14 Дек 2009, 18:40
Локација: Во длабочините на рајските Вавилонски градини
Слика
Dean Winchester .... you are adorable !!

Мислење 01 Мар 2010, 05:28

Kako moze da veruvate vo vakvi gluposti.kakva mok ima eden kamen,sueverie.
Superiska

Сино цветче
 
120
Мислења: 129
Зачленет: 17 Фев 2010, 20:13

Мислење 01 Мар 2010, 21:33

Hipica, браво за тебе, стварно многу си се потрудила! Добро ке ни дојде ова на сите, колку-толку да знаеме за значењето на скапоцените камења. И мислам дека ова не се само глупости и празно суеверие,туку стварно камењата си имаат свое значење и одредена моќ. Браво уште еднаш :clap: :clap: :clap: ;)
Аватар на корисникот
Tinker-Bell

Сино цветче
 
116361
Мислења: 264
Зачленет: 21 Фев 2010, 19:39
Локација: Skopje
In order to be irreplaceable one must always be different -Coco Chanel-

Мислење 05 Мар 2010, 01:32

Хипица браво за постот, имам едно камче пред компијутер, сестра ми ми го даде ама никако не ми текнуваше какво е, благодарение на твојот пост дознав дека било Аметист :D :clap: :up:
Аватар на корисникот
irenna

Жолто цветче
 
15461848
Мислења: 2586
Зачленет: 01 Дек 2009, 19:19
Локација: Скопје
There are three ways to do something: good way, bad way and my way

Врати се на Мода и стил

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Inna, Rose-tulip, sanja.burgundy и 25 гости