На Бит пазар има една теткица, што продава наводно вистински полудраги камења. Сите да ве предупредам дека тоа НЕ се правилни полускапоцени камчиња!! Во златарите секако ќе најдете, но на пазар или во бижутерија не. Ако ве носи патот накај чаршија, таму побарајте, зошто во тие златари нема што нема.
Порано имаше кај Грчка амбасада продавница специјална за накит со овие скапоцени камења, дали знаете дали уште постои? Ми ја имаат зборено, а не сум била. Ако знае некој нека каже точно кај е дали е сеуште, мн сакам да си купам
Да постои, има секакви камчиња во секакви форми и големини... Трговскиот што е кај Грчка амбасада, значи одма позади амбасадата, се гледа малечка е многу
А може да ми кажете отприлика колку се движат цените во таа продавничка кај Грчка Амбасада? Одамна сум имала желба да си купам скапоцено каменче или слично ама никогаш не сум знаела каде можат да се најдат и цената колку им е, зашто знам дека би требало да се прилично скапи. Мене фаворит ми е аквамаринот но има и други што ми се допаѓаат..
Ептен ми е погодено и по месец и по хороскоп. Дијамантот е стварно преубааав. Сега за сега немам нешто такво во мојата колекција но ќе поработам на таа тема
Многу ми се допаѓа накит со овие полублагородни камења,ама не сум имала можност да сретнам до сега а и немам познавање дека се вистински..се прашувам дали даваат некоја гаранција кога ги купувате ,се разбира доколку некоја од вас купила
Има продавница за накит од полудраги камења во Лептокарија, преубави се и секое парче е оригинално, а и цената е пристојна. Камењата се оригинални, знам со сигурност бидејќи сум голем љубител на вакви камења. Што се однесува до тие на пазар што ги продаваат тие не се ни приближно вакви, тоа се фарбани камења за слично да изгледаат.. али не е тоа тоа. За матура од тука си купив накит и сите ме пофалија Видете ги и сами http://www.facebook.com/pages/Арт-Понтес-Art-Pontes/189316897752112
Има и во Sewa има избор од неколку 10-тина полускапоцени камења, и има објаснување кој кака влијае, според хороскопски знаци. Си зедов Aметист, знам дека тогаш не ни загледав значење туку ми се виде најубав и го зедов. И кога проверував дома, најдов дека во Америка за продава од 70 до 100 долари а јас го зедов за 70/80 денари.
За 70 денари не може ни ќесичка со најефтини монистри да се купи. Тоа попустот во Сева ги исполажа луѓето.
има некоја од бт? дали има во продавницата за накит на широк сокак вакви камења? таа до хард рок мислам дека се викаше тоа
Опседната сум со вакви камења. За мене се свети. Секогаш носам понекое со мене. Имам многу видови камења просто ги обожавам, цело мало богатсво имам потрошено на нив. И навистина, некои даваат енергја, некои ми носат среќа, некои кога ке ги стиснам и кога ке им ја почувствувам топлината ме прават среќна. И на пример кога ке ме боли глава ке го стиснам хематитот и болката за чудо проаѓа и не само кај мене, сите што пробале успеало! Не знам до што е ама...
Девојки значи пред некој ден читав хороскоп веројатно беше овој на фемина индијанскиот и како и да е значи прочитав дека мој камен е азуритот.Е сеа навистина сакам да си купам значи таков камен али потребен ми е како ланче или како прстен за на десна рака а незнам каде да најдам...помош ?Вие носите скапоцени камења?Од каде купувате и по колку пари ?
Скапоцени камења и кристали Јас не носам. Но можеш да прашаш во златара или место каде што се продава накит па мислам дека 2000 3000 се најевтините кристали и скапоцени камења
Во Гтц во пролазот кај што е Ботони има една бижутерија каде се продава накит од полудрагоцени камења. Судејќи според цените не би требало да е fake Ама каков е накитот
file:///C:/Users/Martin/Pictures/Logitech%20Webcam/Picture%2041.jpg Незнам дали ова е аквамарин, ама е потемен оти од позади е полиан со злато (барем така мислам) ве мооолам ако знаете кажете ми
Браво бе за темиве! Инаку сакам полудраги и драги камења и имам доста накит. Кај и да патувам си купувам обавезно или мажот ми ми носи. Е пари за вистински камења давам и многу ги ценам, за Сваровски не. Браво за Хипика и објаснувањата!!! Тиркиз, сафир, дијамант, бисери, тигрово око, рубин, жад, оникс. Ахххххх прекрасно нешто, кој од кој!