Јас луѓе, позабегано следење пратка во живот сум немала!! Имам една пратка на која што пишува дека е во Пекинг, а мапата покажува во Србија, а друга пратка која што од Кина сега е во Америка Досега секогаш си оделе Кина-Прага-Скопје, не знам што е работава. А пратката што две недели не ми ја покажуваше, почна да ја покажува, ми олесна
Онлајн шопинг и јас имам имано пратка која дошла преку Америка,таква им е рутата на некои производи...а таа мапата е забегана дефинитивно..и мене сите ми се „Србија“ а всушност се на аеродром Пекинг ама мапата ПЕК го меша со некое место во Србија затоа така ги покажува
Онлајн шопинг А преку кои страници ги следите пратките од алиекспрес? Јас кога ќе кликнам на China Post Air Mail Website (ова нели го има кога ќе ја отвориш порачката) некогаш нема информации... И најдов уште една 17track.net, а па некогаш и на posta.mk ги покажува. Постојат ли други некои, сигурни????
Онлајн шопинг Јас најпрво ги следев преку http://www.trackingkit.com/china-post-t ... acking.php, ама во последно време ептен каснат со ажурирањето, па затоа сега ги следам преку http://www.17track.net/index_en.shtml, засега ми е најажурна и најточна. Едит: Преку 17track.net можете да ги следите и пратките преку Хонг Конг.
Онлајн шопинг помагајте феминки пратката ја следев на сите можни страни дури на 04,01 ,2014 ја покажа дека е во мк стигната пред тоа цело време прага денес се живо свртев наопаку и открив дека пратката на 30,11,2013 била стигната во мојот град ама јас не добив никакво картонче па така после месец време поштата ја вратила назад кај продавачот оти е препорачана пратка у случај ако се изгуби да се врати назада имам отворено и спор со оваа пратка му пишав на селерот дека пратката не стигна до мене и дека му е пратена назад и му реков да не ми врака пари него да ми ја испрати пак истата пратка и сега го нема да одговори а на спорот ми пишува дека се чека одговор од продавачот и ако во рок од 10 дена не одговори продавачот спорот најверојатно ке го решава али баба има ли енкој вакво слично искуство што ако не сака да ми врати пари или да го прати пак назад кај ке можам јас да се пожалам после истекот н аовие 10 дена од спорот???? полудев од нервоза и не е евтина порачка 20евра ја платив чаре феминки кажувајте?
Онлајн шопинг жалам што ќе те разочарам ама ти е на аеродром во Пекинг...аеродромот има ознака ПЕК како и некое место во Србија и мапата го меша и аеродромот го кажува како Србија
Онлајн шопинг Така ја лоцира на мапата поради тоа што веројатно во Србија имаат река Пег, а така се нарекува и аеродромот во Пекинг , затоа следете ги на http://www.17track.net/, моментално се најажурни , најточно ги покажува пратките. Вака на мапата и јас се лажев, па после се чудев зошто од таму ми оди во Швајцарија или Чешка.
Онлајн шопинг епа мапата е фалична,тоа е..инаку досега не сум сретнала пратка која доаѓа преку Србија..или доаѓа од Прага-Скопје или Цирих-Скопје.
Онлајн шопинг Дечки нарачките веќе 11 ти ден како ми покажува Македонија а ги нема уште..? има ли потреба од паника да идам во пошта да проверувам Страв ми е искрено да не ги зграпчат лоповиштава кумановски 2 капута и една ташна...
Онлајн шопинг Како било, ете ... Јас претходната нарачка не ја ни пратев и си стигна, ме изненади, така што и оваа ќе прекинам да ја пратам, па нека ме изненади Сега видов за претходната нарачка: Од Пек ми стигнала за МК за 16 дена. Значи ПЕК стварно е Кина, ама после оди за Прага (за 5 дена беше појдена претходната нарачка) и после за 10 дена во Скопје, на 16.12, а јас ја примив на 20.12.
Онлајн шопинг Оди си во пошта со тракинг бројчето и нека ти кажат што се случува. Или имаат гужви со пратките , па не можат да стигнат. Кај мене обично за 1 ден откако ќе ја лоцира во Македонија, ми ја носат на врата, но ние сме помал град.
Онлајн шопинг оди си во пошта и провери си мене пратката ми стигнала уште на 28,11 во скопје а на страната за следење дури на 04,01 ми ја покажа у скопје кога веке и била вратена назад за кина е сега сум у преговори односно продавачот не се изјаснал сеусте дали ек ми врати пари или не сепак јас диспут пред истек на времето отворив и ако во рок од 9 дена не одговори продавачот али ек го разгледа мојот случај кој знае што ек испадне
Онлајн шопинг Мојата пратка ја проверив пред една недела и беше во Los Angeles. Сега отворам да ја проверам и гледам пак таму. Зошто не ми мрда пратката?
Онлајн шопинг Пратките преку САД се чекаат повеќе, може и цел месец да ти стои таму. Јас имав пратка која повеќе од месец дена беше во КАН-Америка, ја чекав повеќе од 2 месеци и еве конечно стигна. За жал, тоа е тоа, малку побавно, но ќе тии стигне.