1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свој уникатен стил на облекување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од GiaMarie, 17 февруари 2011.

  1. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Ја отворив темава за да разговараме колку тежнеете кон градење на сопствен стил на облекување по кој сте препознатливи и се разликувате од другите? Како и дали ја избегнувате униформираноста и едноликоста? Имате ли изградено свој стил и како сте го постигнале тоа? И за крај по некој совет за сите оние кои сеуште трагаат и немаат изградено свој стил на облекување.
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Според мене, се облекувам прилично добро и секако комотно. Комоцијата ми е најважна работа. Значи преку ден, ниски чизмички или патичиња со фармерки и интересни блузиња. А на вечер гледам да се облекувам малце провокативно, ама сепак да не е премногу! Единствен начин за да се избега "униформноста" е секој да си го следи својот вкус,значи што ти се допаѓа тоа облечи го па да не ти е гајле што другите мислат за тебе ;) :hai:
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Незнам зашто темава нема многу одговори, баш би сакала да слушнам и други девојки да се изјаснат за својот сопствен стил. :wasntme:
    Јас не дека многу се разликувам од моите врсници, но сепак сакам да ја избегнаам таа монотонија и постојано да се копирам со моите другарки, да купувам исти патики како нивните, дуксери и маици што често се случувало во мојата околина и друштво. Гледам да бидам оригинална, и да имам некој свој чуден (за некои) и уникатен стил но гледам да не претерам во тоа, сепак не сакам да заличам на некој фрик и сите да ме гледаат накриво. Да, знам дека не треба да гледам што мислат другите но сепак ова е Македонија, мала земјичка со многу стереотипи што владеат во неа така што не се осмелувам сеуште да си го изградам сосем мојот стил, баш таков како што го замислувам. Еве, јас одсекогаш сум сакала да носам широки и долги маички со интересни принтови на нив, со текст или такво нешто. Во последно време ми се допаѓаат маички што имаат беџови на нив, но не премногу па да заличат кичесто туку онака по 2-3 беџа. Исто, ги сакам оние што лесно ти паѓаат на едното рамо и што откриваат дел од грбот. Се случува да земам и некоја потесна маичка, не се лоши и таквите, ама сепак сакам да биде малку подолга. Незнам зашто, ама баш се чувствувам лесно, слободно и убаво во такви меки и големки памучни маици. Во последно време обожавам да носам карирани кошулки, онакви долги и струкирани, абе многу си ги сакам. Носам исто широки и долги дуксерчиња, раперски да ги речам, еве имам еден така темен со леопард принт и многу ми се допаѓа. Имам два пара тексас фармерки, онакви со низок струк и цевка што се ама во скоро време гледам да го променам тоа и да си купам нешто пошироко и полагодно, ми здосадија искрено овие. Имам и зелени, виолетови и црни, ама виолетовите немам ни на што да ги носам, црните не ми се допаѓаат, катастрофа ми стојат зашто и онака сум слаба а тие ме прават визуелно уште послаба.. Зелените, да, ги носам повремено ама ептен ми беше мерак да ги купам тогаш кога ги купував, ама сега не толку. Обувки.. Па, носам претежно старки. Многу сакам таква патика, ептен ми е типска и урбана ама ептен се нервирам што платнените лесно се кинат а и многу тешко се облекуваат. Пред година-две сакав онакви дебели патики, со дебело јазиче ама тогаш им беше модата и да ви кажам право, сега дури се прашувам што толку ми се допаѓале тогаш.. Не дека и сега не ми се допаѓаат, ама тогаш стварно лудував по нив. Исто, пред година дена многу сакав онакви високи и дебели патики ама она на нив триста бои, такви светкави.. Абе све ми боје лепо стоје, што да ви кажувам. Среќа мајка ми ме предомисли па си купив Converse, сега глава ќе си чукав ако ги купев тие, и онака беа околу четири илјадарки а стварно не вредеа за парите. Не сум по марами, обетки, ланчиња и прстени, на кратко аксесорис. Зошто? Не е дека не сакам аксесорис, баш ми се допаѓаат одредени и интересни ланчиња, на пример ланче со peace знак, со копија на храна, со такви полжавчиња, обетки во форма на коцки, обетки со пердув и така нешто. Ама проблемот е што јас неможам да трпам да носам алки и ланчиња, едноставно ми сметаат. Обетки носам понекогаш, но почесто ги вадам. А и често знам да купам нешто од бижутерија од што не сум можела да му одолеам, или па на пример некое ластиче, шнолче (што воопшто не носам) ама па затоа се тоа ми седи дома нечепнато. Некогаш знам да си фурам некој рок фазон, порано се будалеев по емо и сцин нешто :D , во последно време нешто ме влече рап стилов, ма и винтаж да си кажам право. :wasntme: А, да знам некогаш да се облечам и онака спортски.. Некоја интересна маичка, горна и долна тренерка, патичиња некои удобни и фурам. Незнам, така ми е многу згодно, не се стегам ни ништо. Но, сепак тој спортски стил си го фурам најчесто на тренинг и низ уличкиве на населбава, за во град а посебно на некои прослави - тоа не, нормално. И да, ми се случувало да менувам неколку стилови.. но тоа е најверојатно зашто сеуште не сум го пронашла вистинскиот што ќе ми прилега само мене. Ама, се си мислам дека ќе се задржам на рок и рап стилот, па така ќе си ги менувам периодично :D , а и такво музиче си слушам. Во школо, еден ден ме гледаа со карирани кошулка, некоја откачена маица и фармерки а утредента ќе им се појавев со долг и широк дуксер и некоја таква маица, со слушалките во уши и ќе го слушам Еминем, ајдеее.
    И така, тоа е мојот стил. Можеби чуден за другите, но сепак совршен за мене. :)
     
    На La.Reina.Del.Sur, sweetyears и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Доста се пронајдов во текстот над мене.На некој начин се трудам да имам свој уникатен стил на облекување, иако знам да пронајдам инспирација од некои интересни комбинации.Често ми се досадува од униформираново Скопје и сите веќе видени комбинации па пробувам да направам нешто ново но не претерувам затоа што има премногу стереотипи кај нас.Понекогаш знам да се облечам нежно со фустанче со цветчиња и убави римјанки, понекогаш сакам да облечам тесни фармерки, поширока блуза која што паѓа на едно рамо и конверс.Сакам долги карирани кошули и често ги носам,сакам маички со принтови, обожавам конверс и најубаво се чуствувам во нив.Знам често да ставам марама на мене, додека пак накит не носам многу често.Знам да ставам по некое ланче пис знак, ајфелова кула или лондонски автобус, машничка но многу ретко, понекогаш се одлучувам да носам и шешир и не ретко добивам чудни погледи.Па главно тоа е мојот стил, јас се чуствувам пријатно и убаво,а тоа сега за сега ми е најважно :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас немам некој посебен стил со кој се замарам многу. Си носам се што ми е убаво и што ми се допаѓа убаво комбинирано. Обожавам тесни фармерки и штикли :inlove: :inlove:
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Прво гледам она што го носам да ми е удобно, а дали е во мода и не ми е толку важно.
    Имам скромен гардеробер и гледам да ги комбинирам парчињата за да бидат по шарени и по интересни.
    Знам да облечам и шорцеви со црна рамбовка, а да ставам ланче кое би ја направило комбинацијата многу подобра.
    Бев спречена на некој начин за да го изградам оној стил кој долго го посакував. Си мислев дека ќе ми требаат повеќе парчиња со кои ќе треба да комбинирам, а моите беа сосема едноставни, секојдневни парчиња кои беа прикладни за на училиште.
    Знам и често да направам нешто што отскокнува од тие кежуал комбинации.
    Ми се случува и да позајмам и некоја добра блуза од брат ми и да ја искомбинирам со некои тесни пантолони што пак изгледа добро и ново.
    Деновиве планирам и да поставам во соодветната тема комбинација од една машка кошула која случајно ми припадна мене. И онака само би зафаќала прашина, па зошто да не биде искористена? :)
     
  7. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас сеуште сум во потрага по мојот стил,носам се што ми е убаво и во што се чувствувам комотно,и секогаш гледам да сум поразлична од другите. :D
     
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Немам изградено некој посебен стил. Си носам се, секако што ми е комотно и се чувствувам убаво во него. Секако, да биде убаво :)
     
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ниту јас немам уникатен стил. Си се облекувам во зависност на кое место се наоѓам и како што мислам дека е долично :) Воопшто не се замарам што ќе речат другите. Апсолутно се изнервирав баш на прослава на една матура годинава. Бев поканета кај братучед ми за да прославиме вечерта. Една девојка коментираше како била облечена нејзината „соперничка“. Соперничкаа облечена во црни пантолони и црвено блузиче. Па баш мене ми беше убава. Што за прослава на матура морало фустани :envy: . Ова е пример дека не си се замарам ама воопшто со стилови бидејќи мора да се искоментира како и да си облечен. Инаку баш и денес за да изградиш подобар стил треба да се има повеќе :cash: :cash: :cash: Било дали стилот ќе биде во стил на рок, панкерски, па дури и спортски стил. Но сепак којзнае дали ќе биде уникат. Ќе се најде и некој друг со таков стил. Девојки , облекувајте се како што се чувствувате удобно и според мене ич без гајле. Што и да направиш на денешницава мора да се озборува |-)
     
  10. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Најдобро се осекам во фармерки,маичка и дукс некој поспортски,патичиња убајна :D ..нејкам да се нинџарам со некој свилени блузи илли пантолони..поспортско подобро..мојте да ме видите само во црна и бела боја ретко ептен ретко во некоја друга... :)
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не ја следам слепо модата, не купувам облека зашто тоа се носи, не купувам парче кое го има таа и таа. Купувам и носам она што ми се свиѓа, што убаво ми стои, што одговара за мене и за годините (а нормално и за местото каде што ќе го носам)...
    Сакам да сум поразлична од другите барем во облеката и никогаш не копирам.
    Не се облекувам „металски“ „емо“ и не знам како....тоа мене ми е одвратно.
    Носам нормални парчиња облека кои јас лично сакам да ги носам. Сепак и тоа е некој начин на стил на облекување... :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Прво, воопшто не робувам на модни трендови. Искрено, глава ме фркнува од девојки опседнати со мода, модни брендови и парчиња облека.
    После криво им е кога ќе слушнат дека звучат плиткоумно и биле ограничени.
    Е ај нека не бидат, 24/7 да зборуваме за чевли и чанти и да се занесуваме дека изгледаме како Блер или Серина од Госип Грл. |(

    Втора, и многу важна работа - познавајте си го вашето тело.
    Не стојат бре сите парчиња на различни типови на девојки. Не сме сите ко од калап, некои се слабички, други покрупни, трети ниски, четврти многу високи, широки колкови, дебели нозе и обратно... Зошто по секоја цена би се пикала во нешто неудобно, само за да бидам ин и во тренд, и да имам чувство дека сум слонче во продавница за кристал?

    За да си изградиш свој стил на облекување, освен сопствениот префинет вкус, треба да имаш и парички.
    Не велам дека сите со пари имаат добар стил на облекување, ама олеснува ако ги имате, нели? ;)

    90% од парчињата во мојот плакар се во црна боја.
    Обожавам црно, за секоја пригода, тоа сум јас, можам и на 40 и кусур степени да си го носам и да ми е пријатно и удобно.
    Белата боја не ја преферирам, бидејќи ме прави покрупна и воедно сум понекогаш трапаво детенце, па не би сакала блузата да ми биде потсетник што се' сум изела тој ден. А факт е дека и полесно и побрзо се валкаат белите работи, а јас сум за практичност.

    Од материјалите одбирам памук, поретко лен, стреч материјалчиња и свила. Одбегнувам сатен, полиестер. А и оној фин жоржет (ова од мајка ми го научив :D ) го почитувам затоа што не се тутка.

    Less is more.

    За мене е најважно фармерките / панталоните да се удобни и да стојат убаво.
    Кога ги пробувам задолжително и клекнувам, затоа што не сакам да ми ѕирка линијата на моето газе.
    Интересни маички, еднобојни сакоа, по некоја марама и добар пар салонки.

    Сакам убави фустанчиња во стилот на babydoll dresses, бидејќи и' ласкаат на мојата фигура - горе тесни, а долу лежерно паѓаат.
    Мераци.
    [​IMG]

    Почитувам бели кошули со интересни кроеви.

    Многу повеќе внимание обрнувам на модните додатоци, како обетки, ѓердани и прстени.
    Сакам бисери и филигран.

    Стилот на облекување не вреди ништо без негувана кожа, чисти заби и лице, негувана коса и насмевка.

    Пред некој месец прекроив фустан стар 50 години од баба ми, и многумина не можеа да поверуваат дека го носам. Но, со соодветен ремен и накит изгледа прекрасно.

    Не носам воопшто вреќести маици и панталони, ниту поседувам тренерки.
    Тоа воопшто не сум јас.

    Мојот стил се коси со модните трендови, можеби не е целосно изграден, но оди натаму. Полека, но сигурно.
    It's Sassy Casual. ;)
     
    На sleepingbeauty, BeYourself, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас незнам искрено имам ли некој свој тренд, или следам како овца, што и да купиш во продавница во денешната мода е. Не гледам да креирам изглед кој некоја славна фаца го промовира ама во последно време му имам дадено поголемо внимание на изгледот. Порано носев многу црно/бело комбинација и никако со гола нога макар 30 степени надвор, поради тоа што верував дека така изгледам професионално, и ми беше важно да изгледам чисто, уредно и примерно кога трчав по асална работа. Ама со време ми светна дека колку и да е различен кројот на црната суќна или белата кошулка, во очите на секој друг изгледав исто секој ден. Униформа.

    Сега употребувам повеќе бои и морам да си признаам и портокалова(оти оваа се смета за модерна ако слушнав убаво), мада утепајте ме пред некое време немало е да ми текне да купам нешто во таа боја. Ме потстетуваше на едно време во средина на 90ти години, имаше едни дреч портокалови блузи со напишано Lee во црно мастило на нив напред, се продаваа на пазар, боже ако не беа од кило, ама дефинитивно мислам ќе купевте една за 100 или 150 денари, и толку ми беа одвратни а немам поим колку комшики/тетки ми купија баш таква за полу матура. И ајде да беа под бројче, туку мислам дека ги имаше само во машка L и XL а јас метро ипол со жив зор и 40 кила жива мера. И за пиџами не ги биваше! :swear:

    Мислењето за портокаловата боја ми се смени откако погледнав во едно фустанче, залепено горе, на кимони, извезено со цветчиња со конец во иста боја на материјалот, а од половината надоле полн глог до колена, кога се завртам во круг лета околе мене. За мерак! Па комбинација со црно кратко џемперче, 3/4 ракав, дизајнирани за со фустанчиња и со високи црни салонки, абе не можам сама да си се нагледам! :up:

    Оттука станав по храбра. Ако може портокалово фустанче, може и жолто и црвено и модро и зелено, и господ да чува, ама и розево па и со пеперутки по него. Стигнав во обоен свет и толку ми причинува задоволство што не се враќам на црно/бело никогаш.

    Инаку купувам облека во која сметам дека изгледам елегантно, и во која се чувствувам така. За лежерна облека користам фармерки и едноставни памучни блузи. Понекогаш користам панталони на ластик, ама ретко, највеќе ако боледувам по дома ама да не седам во пиџами. Не можам да се замислам во хеланки, ни по дома не ги носам, или пак тренерки исто така. Единствени рамни обувки ми се неколку пара патики, а пандуфи носам само за кога сум на одмор негде.

    Ако некој сака да ми стварно промаши поклон нека ми купи Ugg чизми :puke:
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Мојот стил на облекување е во процес на континуирано дооформување и се надевам усоврсување.
    на крајот на секоја сезона правам мала Чистка во плакарот, и приметувам постепени промени во мојот вкус и стил на облекување.
    золта, розева, златеста боја... повеке години не се застапени во мојот плакар.
    многу ретко го ставам златниот накит. порано секогас бев со неколку прстенЧиња и барем една алка но со тек на време се извадив.
    бизутерија усте поретко ставам на себе мегутоа поЧитувам и ми се допага кога една девојка добро ке искомбинира 1-2 парЧиња.
    во мојот плакар нема тигрести комбинации.
    коза да, само за јакни, обувки, тасни и каис.
    саат на рака, наоЧара за на сонце, сал кога ке дувне а и капЧе кога ке застуди.
    за секоја пригода има соодветна облека, не е финтата покази се сто имас по секоја цел.
    кога ми се допага едно парЧЕ склона сум кон претерување :lol: . купувам од една фирма, исти модел, исто бројЧе во повеке нијанси. тоа посебно се однесува на косулЧиња.
    во мојот плакар најзастапени и најомилени се косулЧиња и џемперциња.

    за на факултет и работа сум секогас униформисана. го поЧитувам оној неписан кодекс на облекување.
    Панталони и косулЧе носам со задоволство искомбинирано со ЧЕвлиЧки, ремен и тасна. некогас облекувам соодветни патиЧиња за да го минимализира класиЧниот ефект.
    преку ден сум скоро секогас на рамно, ЧевлиЧки или патиЧиња сеедно, сминката ми е минималистиЧка и не носам никогас стандард зенска тасна. најЧЕсто сум во козена, покласиЧна на една рамка.

    за обиЧни просетки комбинирам јеанс и маиЧки, а многу ЧЕсто наметнувам соодветно дземперЧе за да го неутрализира спортскиот елемент. омилени ми се маиЧки со јакиЧе и 2-3 копЧиња(поло)
    спортски маиЧки, спортски панталони и патики за возење велосипед, излет и сл.
    трењерки немам. дома сум секогас во удобни фармерки.
    од веЧЕрната гардероба ги имам отфрлено јаките миниЧи, деколтиња и многу јаки стикли. во некои не се Чуствувам удобно како порано а за некои сметам дека не ме лиЧи веке.

    во соодветна прилика узивам да облеЧам фустанЧе сто добро ке ме отцрта(а не открие :lol: ) незна сминка, стандард стикла и дамска тасна
    гардеробата сто не покрива бас многу, ја оставам за на плаза.
    купувам тоа сто ми се допага и сто добро ми стои.
    со сила убавина не бива, не е само да го купис оти е убаво на куклата, треба да се погледнес и во огледало.
    туги стилови мозам да поЧитувам, ако ми се допагаат да дадам комплимент или да показам интерес од каде е купено некое парЧЕ али не и слепо да ги следам.
    сума сумарум отприлика тоа е мојот стил
     
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Многу повеќе се замарам со коса и лице отколку со гарероба. Нормално, сакам да бидам модерно облечена, ама не по цена да не се чувствувам удобно и да не ми стои.
    Пред да купам нешто сто пати размислувам, затоа што сум доста слаба и се си мислам дека алиштата ми стојат како на закачалка. Сакам комотни работи и не сакам кога нешто ми смета, во стил да треба некој фустан цело време да го тегнеш и да го спушташ.
    Во мојот ормар преовладуваат светлите бои. Убаво ми стојат портокалова, бела, виолетова и зелена, а за излегување преферирам црна и мастило боја. Бели кошули имам во најразлични модели и со се ги комбинирам, а кога станува збор за чевли, највеќе носам балетанки. Сакам комбинации интересно искомбинирани во неколку бои, пред се девојката да знае да ги носи.
    Злато, кристали Сваровски мрзам и носам наједноставни герданчиња и впечатливи менѓуши.
     
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Мене многупати ми се допаднале некои нови работи што ќе излезат ама од инает не ги купувам, зашто пола град ги носи. Тие за сонце очилата закосени, кога излегоа ептен ми се свиѓаа, кога некаде ќе ги видев се мислев да ги купам, ама веќе секој втор ги имаше.

    Повеќе носам свежи бои, највеќе бели маички. Не сакам шари, натписи ретко, несакам долги обетки, ланчиња, а и ретко носам. Немам некој определен стил, го носам тоа во што се чувствувам удобно. Ми се случило да купам нешто, на изглед да е многу убаво, а кога го носам да не делува така и обратно.

    Многу ми е битно, фармерките да ми се удобни, затоа што ако добро ми се совпаднат ги вклучувам во секоја комбинација.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас пратам трендови, си признавам. Ама не слепо и не по секоја цена.
    Без разлика што да облечам сакам да ставам печат што е својствен за мене, нешто што ќе ме разликува од останатите. Мислам дека меѓу моите другарки и поширокото друштво имам претпознатлив стил со моменти кои отскокнуваат од целиот изглед. Најчесто тоа е накитот и чевлите.
    Пред се гледам тоа што го носам да е удобно за носење и да ми стои на фигурата. Купувам од секаде, а посебна почит имам кон парчињата облека од мајка ми, кои се преправени за да можам да ги носам. Неизмерно се радувам кога ќе купам ефтино парче, а ќе го утепам од носење. Љубител сум на сите бои, а најретко сум облечена во бело и црвено. Сакам различни дезени и шари, од сите материјали пред се го бирам памукот, за на крај на списокот да ми е сатенот(never).
    Најмногу акцент му давам на накитот, што го имам во преголеми количини, дел е наследство од мајка ми и баба ми, а дел е мојата опсесија. Интересно е што мајка ми купува многу чанти, опседната е со нив, а јас ретко се делам од неколкуте мои омилени.
    Мајка ми ми е вечен критичар, а сестра ми најискрен советодавач иако многупати не разбирала од каде ми се тие комбинаии.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кога се чувствувам убаво и комотно во некое парче облека, знам дека така ме доживуваат и другите околу мене.
    Ги следам модните трендови, ама не по секоја цена, значи најважно е тоа нешто прво мене да ми се допаѓа. Па и да не е по последна мода, пак би го носела.

    Неможам да кажам дека имам некој уникатен стил, ама сум добивала пофалби за тоа како се облекувам и тоа многу ми годи. Понекогаш знам со часови да се дотерувам, да правам најразлични комбинации, а понекогаш мојот стил е ептен лежерен. Но неможам да кажам дека ептен се замарам со облеката. Други работи во изгледот ми се поважни, на пример средена фризура, чисто лице, убава шминка итн.

    Ги сакам и светлите и темните бои, сакам и фармерки, сакам сукњички и фустанчиња, значи во мојот стил нема ништо посебно и невообичаено. Го сакам накитот, особено обетки, ги имам премногу... Сепак секогаш внимавам да сум облечена и дотерана со вкус.
     
  20. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Јас си имам свој стил, дефинитивно. Цело време сум со врска, како заштитен знак ми стана ретко да ме видиш без врска освен ако навистина не одговара на комбинацијата. Модни трендови не следам, значи спортски стајлинг :)