Срамно е да го кажам, ептен!
Не дека била една, ама оваа вредела за сите
Дете бев, мала 12-13 години, и незнам кој и што ме нaтера, се заљубив во едни кожни панталони, и морав да ги имам.
Бев горда на тоа што поседував отврадни маслинесто-златни кожни панталони , кои не само што не ми стоеа, туку и ми се лепеа на задникот и на кожата и ми предизвикуваа црвенила
И капак тоа, од местото каде ги купував, истата таа продавачка виде во мене можност за дополнителен ќар, и не пропушти да си продаде и таква слична блуза-кожна која е совршена комбинација
Не беа овие сега природа кожа, ама евтин скај кој е одвратен за носење па и гледање.
Мајка ми до ден денес ми се смее, а јас само црвам образи.
Слика не верувам дека има, набрзо штом се свестив престанав да ги носам и ги фрлив правац контењер.
Да би имало,сигурно на сите ќе ви го продолжев животот.
Довоно тоа што ќе ме прати таа слика до крајот на животот.
Сум била како од Матрикс излезена сирота
Имало и други, но оваа беше најболна,уште ме боли тоа што сега нескам ни да видам ни замислам кожни панталони па и блуза

со комбинација на златно
Дворски шут не ми беше рамен
