ТЕМА: Ваша најголема модна утка

Мислење 07 Фев 2012, 08:26

:tmi: :doh: :x

Многу ги имало, кога ќе помислам на тоа дури се нервирам сега. Еве некои чудни фаци правам...
Како сум можела не ми е јасно во тоа да се облечам :x
Еве една.. Прва година во средно, прв ден, на 1-ви септември јас во школо буквално отидов како кловн.
Фармерки, розеви патики, плава блуза, црни обетки и косата во една скапана пунџа!!!!! Како од спиење да сум станала и само сум ја фатила косата, а воопшто не беше така. 2 саати се спремав, плус тој ден сум го мислела цело лето, пошто нели прваче во средно, плус прв ден, а уствари на крај отидов како Дворски Шут што би рекла Хипстер :D
Еве една друга.. На свадба кај вујко ми... Ужасно скроена розева суќна и розева блуза која повеќе ги истакнува моите недостатоци него ли што ги сокрива. Божем не ми била доволна сета таа розева боја на мене, па сум облекла и розеви сандали (ако воопшто можат да се наречат сандали |( ). Ги купив за 200 ден во еден локален бутик кај мене :worried: Ах Господе..
И сета оваа комбинација беше зачинета со премногу лоша фризура!!! Се нервирам сега, да.

Се случувало исто многу пати да направам некој кикс со облеката, и целата комбинација што ќе биде на мене, ама сум се вадела демек bad day, нешто :D

Слика
-Oва сум јас порано. некој ако ме препознал нека ми каже.
Аватар на корисникот
anabel-a

Жолто цветче
 
14422165
Мислења: 1278
Зачленет: 25 Авг 2011, 17:17
Локација: New York
Слика

Мислење 07 Фев 2012, 14:28

Најголема утка.
Офф то беше на матурата на прва брачеда поглупо не сум можела да се облечам.
Носев блуза зелено со жолто, зелено и бело, иста таква сукња со еден дел пократок еден подолг.
Врв на се беше шо носев зелени хулахопки и зелени патики и то високи и одозгора фармерско.
На главата носев исто такво венче како блузата и сукњата.
Се срамам од ова комбинација, и ден денес ко ќе ја гледаме матурата бегам во друга соба, резил сум :rofl: :tmi:
Аватар на корисникот
Adi888

Жолто цветче
 
34063414
Мислења: 2353
Зачленет: 23 Ное 2010, 00:13
Локација: Enjoying on the sun ! :)
J jus't want to be the girl you talk about, the only one you couldn't live without, to be the one who makes your heart beat crazy and for you to say to your boys ღ"ShE's mY bAbY"ღ

Мислење 07 Фев 2012, 17:34

femina90 напиша:Темава се однесува на комбинации од минатото или воопшто на утка?
Не ми оди да кажам дека е утка комбинација од пред 5 години која тогаш била модерна и ок, само зашто денес не се носи повеќе истото.

Фемина мислам дека јасна е темата. Најголема утка е најголема утка од било кој временски период. Без разлика на модата сме направиле и правиме утки. Ете може некој мисли и дека топукот му бил најголем промашај во животот и никогаш пак не би облекол, иако еве сега пак се модерни. Ѕвонарките пак се носат, но има луѓе што мислеле дека носењето на нив им било најголема утка па никогаш пак не би облекле. Можеби мешањето на премногу бои, стилови итн во една комбинација се утка. Јасна е темата :)
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
965110451
Мислења: 2747
Зачленет: 20 Апр 2010, 18:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 08 Фев 2012, 21:51

Кога ке се сетам не знам каде да сокријам од срам :tmi: Порано како помала имав ептен чуден вкус за овлекување..
се сеќавам на мојот роденден во 6-то.. не можев по катастрофално да се облечам.
Носев жолта блуза со некакви зелени, портокалови апликации.. и тоа нејзиниот крој беше со голи рамена, онака растегната. Долу носев преужасна тексас сукна со некои фалти во разни бои и како згора на се тоа синџирче кое висеше од неа. :x А најтрагичното беше што носев мрежести СИНИ хулахопки и зелени старки до под колена.. еј :fubar: каде сум одела вака како кловн облечена.

Потоа во 1-ва година, на матура кај првата брачеда бев облечена како да доаѓа крај на светот па ајде колку да се помине некако.. една обична бела блуза со некои лилави букви, сини фармерки и патики со лепенки кои ЕПТЕН ги мразев :puke:
каде сум одела со цел ум.. :^)
Аватар на корисникот
DreamAngel

Сино цветче
 
4013
Мислења: 100
Зачленет: 26 Јан 2012, 01:35
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 23:19

Бев на екскурзија со сомотни црвени дреч панталони, со тегетна блуза и слика од Еминем на неа.. На нозе имав обуено кафени кондурчиња со врвки..

И како се ова да беше малку, сум зела и ташна зелано-тегетна, којзнае каква боја беше.. :$ :$

Што да праеш, ја уствари и утка си бев..хиих се зезам, ама секогаш имав некои фрик комбинации :lol: :lol: :rofl:
Аватар на корисникот
Miss666

Зелено цветче
 
254177
Мислења: 588
Зачленет: 24 Јул 2011, 17:36
Локација: Местото до Дарко Станиќ :)
Life is like riding a bicycle. To keep your balance you must keep moving.”


Don't be so quick to judge me, you only see what I choose to show:*

<3 <3 <3 <3 DARKO STANIC <3 <3 <3 <3

Мислење 09 Фев 2012, 13:23

Не ми отварајте вакви стари рани. Have mercy! :D

Да почнам од трето одделение. Ги знаете нели, оние групни фотографии од цело одделение при крајот на секоја година.
Јас, тофтаче, имав качено 3-4 килца и ко демек еднобојно поубаво ке ми личело си мислев.
Иде големиот ден, се појавувам од глава до пети во црвено: црвена хулахопка, црвени плиш бермуди и црвена маица од оние најобични, машки крој што би се рекло, знам со верверици некакви беше, на нозе едни црно-бели сандалки со шара ко да сум заклала далматинец и сум го ставила на нозе. Згора на се, светло сина ташничка од оние малите на лепенки што беа и знам дека беше со Powerpuff girls. За да биде мизеријата појака, другарка ми се појавува сета во жолто и јасно, се сликаме една до друга. Телетабис мафија. Сигурно ќе се(не) познае ако е на форумов. А ако ја најдам сликата, обавезно ја скенирам и закачувам овде. :D

Втора појака утка: Полуматура. Абе ме скапаа сите за фустанче - НЕ! Шо ги е*ам, јас посебњакот ќе си носам пантолони. Врти, превртувај низ цел град и на крај се начукав во гз место што смрдеше на покварено јајце и си ги најдов перфектните пантолони. Тоа беа кремасти ѕвонарки кои ми се влечеа пошто биле наменети за теткици и се растегаа до над пупак ама битно имаше две каивчиња од по 5 милиметри за да се стегнат. Беа од оној леплив, тенок материјал што знае неретко да се наелектризира а јас под нив си решив да носам тегет хулахопка, а бидејќи нели, на тегет чорапа се` иде, за горе си купив темно зелена кошула. Кошулата беше ко чипкана рамбовка со оние врзуваљки ко за корсет ама однапред и додадени ракави од тул кои патем беа ѕвонасти, нели, да одговараат на панталоната. На нозете носев црни мокасинки, бидејќи беа единствените на кои најдов нешто зелено да „одговара“ на кошулата (пазев на бои бе!), а тоа нешто требаше да бидат ко демек листови а личеа на свенати м**иња (мада ко дете тоа не го приметував). Имав и специјалка шишка која несакав да ја носам, па позајмив гел од машките да за ја залижам нагоре ко демек да се соедини со остатокот, за да по некое време личам на сељак на годината со 3 мрсни праменчиња сред чело. Да, и од ова имам слика, ама пресрамно е.

Третата која мислам дека ја имам спомнато овде, беше некаде 6-7одд со моите непрежалени дреч зелени накај жолто, екстра ла кукарача ѕвонарки, 2-3 броја поголеми, во комбинација со дреч циклама маичка со отепани натписи. Таа комбинација морав барем еднаш неделно да ја носам некои 2-3 месеци, пошто едноставно зрачев од сексапил во неа.

Последната беше во прва средно на распустот. Виде жабата се носат тексас шорцеви и си седнав, си исеков јака фармерка, нит седнав да зашијам рабови, ни ништо. Бидејќи беше поладно, под „шорцевите“ облеков црна хулахопка а горе некаква еднобојна маица и црно сако! Излезе јакава п**ка по град, заврте 2-3 круга, почнаа да и` се разресуваат „шорцевите“ и мораше да си оди дома да ги фрли. |(

Фала Богу после се оправив на големо, ама мизериите си останаа овековечени.
Аватар на корисникот
calliope

Зелено цветче
 
1309513
Мислења: 564
Зачленет: 01 Јул 2011, 00:00
Локација: Nottingham Lace

Мислење 09 Фев 2012, 16:15

Хм....имало повеќе но една што ми текна во моментов ќе ви доловам.
Прва година средно,роденденот мој.Носев маица на прерамки I <3 Teranova,црна,кратки светли тексасни пантолончина.Хулахопки црни со ромбоид,и чизми.Згора на се сив каиш на маичката.И што е најтрагично косата ми беше собрана во некаква посвечена варијанта.....ауу да си пукниш више....кај ми бил паметот :S
Аватар на корисникот
kristii

Зелено цветче
 
227544
Мислења: 837
Зачленет: 10 Апр 2010, 01:20
A dress makes no sense unless it inspires men to take it off of you.....

Мислење 09 Фев 2012, 16:28

Јас пак не можам да се сетам на некоја голема утка. Не знам, можеби бидејки сум помлада, па...
Сеедно, ќе ја наведам онаа најголема на која можам да се сетам сега:
Славев шести роденден. Имав едно комплетче, зелено, сукњичка со елече, ама ни долго, ни кратко. За со голо меше. Ама многу го сакав. А мајка ми пак се запна да не ми студи со голо меше.. 22 јуни, жено божја кај ќе ми студело??? :fubar:
Нејсе, го облеков комплетчето и сега среќна излегувам да ме видат. Ама мама е жива јанѕа за тоа дека ми студело и ме врати, ми стави под елечето бела атлет маица и бели дебели хулахопки.
Е сега, истата таа комбинација овде е во подобро издание. Барем под елечето има кошула... :?:
Скриен текст: покажи
Слика

Сум имала повеќе утки додека бев помала и мајка ми имаше влијание во облекувањето.
На некои подоцнежни, кои сама ги правев не се сеќавам.
Аватар на корисникот
WhiteAngel

Жолто цветче
 
1548745
Мислења: 2104
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:52
Локација: Таму некаде...во светот на принцезите од бајките
Слика

Keep calm, Shop and wear Heels!!

Мислење 09 Фев 2012, 16:42

О, па имаше бруки, повеќе бруки додека се што ме збираше беа војничките панталони. Од кај да почнам... Донт џаџ, плис. :rofl:

Прво што ми текнува е дека со тие војнички панталони бев на една свадба. 12-3 години, сега на 12-3 години носат штикли. Ама луѓе, да се разбереме - чисто војнички, со џепчиња и бои и се, туто комплето. Леле, и носев црвена блуза со цветче, и црвена марама на вратот во типот на Че Гевара, па и гордо стојам до невестата. Оптичка измама, блузата како да сум од Пис Корпс, панталоните како да сум некој терорист. :rofl: Бруко моја, и мустаќи имам уште. Мајка ми е крива, јас никогаш не би си дозволила детето да ми шета со мустаќи. Тоа е козметичка утка, ама ајде.

Потоа се сеќавам дека дојде мода да се носат фармерките пикнати во чизми. Ами јас бутче, копанче, чизмите без фармерка не ми се закопчуваат, а тек па со неа. Инатов, сепак, ми запна, ќе пикнам ѕвонарка во тесни чизми. Леле, грев луѓе, грев жив. И дека не ги собираше целите, нели, цела ногавица немаше шанси, одозгора си ја подизвадував фармерката и добивав дабл-трабл ѕвонарка, над чизмата. :tmi:

Истите тие ѕвонарести фармерки, со каивче со реси. Мислев дека сум толку КУЛ, па и со едно кошулче ги носев и тоа имаше ѕвонарести ракави.... Никогаш веќе нема ѕвонарки да носам, ако дојде до толку зорт, ќе ги купувам и ќе ги носам на шијач да ми ги стеснат. :envy:

За на сестра ми крштенката - тенков не го збираше во ништо, и ми сошија едно ДЕБИЛСКО костимче. Дете од 10 години бе, во небесно ебано сино костимче, со потполнки, а мене грбот олкав, олкав и уште потпонки бе, да ми ги нагласат рамениците. ;( Мама сакаа да ја урамат сликата, им реков дека ако испадне во јавност ќе се откажам од нив преку весник и ќе ги тужам за нарушување на ебаната приватност и правото на збор!!!!!! КАКО СМЕЕЛЕ, каде бил мојот глас, срам да им е! :@

Всушност, кога ќе го вратам филмот назад, модни утки немам последните 2-3 години, се пред тоа е КУКУ МАЈКО! :fubar:

Како разгневена се почувствував после постов, одма и се јавив на мајка ми. :emo:
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
54084711
Мислења: 1528
Зачленет: 22 Апр 2010, 23:01
Слика

Мислење 09 Фев 2012, 17:20

Bitches, please! Вие пак сте биле модерни, јас имав 4-5 парчиња облека кои многу ги сакав и сие заедно си ги комбинирав. Земајте во предвид дека овде имам 4 години и сама си ја направив комбинацијата, без помош од мајка ми, а можеби требало да ми помогне? Мало објаснување, се работи за бела кошула на долги ракави под жолто елече, комбинирано со зелено-црвено-жолто-лилакови шорцеви со сите можни овошја и зеленчуци, кои треба да бидат залепени но поради мојата минимална килажа, широки се, бела хулахопка и сунгерасти сандалки во секоја можна боја од новата колекција на Кристијан Лубутин. Шок сликата е во споилер, за доброто на сите.. :tmi:
Скриен текст: покажи
Picnik collage.jpg
Аватар на корисникот
creshicka

Жолто цветче
 
16291039
Мислења: 1453
Зачленет: 30 Мар 2011, 00:19
Локација: На Јупитер, на едно дрво.
It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along...

Врати се на Мода и стил

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: DrenkaC, lalala3, mary1005, Minnie-e, mouse, pamelche, Saki15, Shekerka, sweetheart10, TeaB, Trendafilka и 46 гости

Site Meter