Што мислите за девојките поточно за ''ангелите'' Дали ви се допаѓаат ревиитe,колекциитe,парфемите,забавите,аксесоарите, и милион други нешта на Victoria's Secret??...Јас уживам да ги гледам,прекрасни се....а и кога би имала доволно парички би си купила нешто
Прекрасни се и манекенките и сите колекции, ревиите се ептен гламурозни и стварно би сакала и јас да има продавница во Мк па да може да си купиме по некои парче, а знам дека многу девојки си порачуваат од Америка па по некои пријатели им ги донесуваат. Од манекенките најмногу ми се свиѓа Адријана Лима, Хајди Клум и Жизел ( не знам дали е уште во Викторија Сикрет или си даде отказ)
Ги обожавам креациите на ВС. Очите ми се одмараат кога ги гледам. А од моделите најубави ми се Лима, Александра А., Жизел беше една од најубавите. А Хајди Клум некако ми е многу остарена. И јас сакам да отворат бутик на Вс тука во Македонија, да не се мачиме да нарачуваме. Вики ми ја погоди темава
Јас преку нет си нарашувам од Victoria's Secret, до сега имам купено три пара купаќи, гаќи и маички. Добар квалитет се. Само кај нас не утепаа со царината, некој ја има купено лиценцата за Victoria's Secret, иако нема отвирено продавница, сепак си ја чува , а поради тоа ми ги царинеа како нафта да увeзувам Инаку не се скапи, за такви модели и дизајни навистина вредат дадените пари, и од тука да купувам истите пари ќе ги дадам, а има и големи попусти.
Прекрасни се сите милина да ги гледаш,ги обожавам,баш сакам и кај нас да има продавница Викториа сикрет..најслатка ми е Миранда Кер,срцка
Па не знам дали е возможно да има откупено лиценца,а да нема отворено продавница...мислам дека не е можно тоа,мислам дека се царини се што стига како пратка со производи кои се купени од странство.Зошто братучед мој порачува опрема за тетовирање од Америка често и секогаш му ја царинат,а исто така таква нема тука кај нас. Инаку,колку те чинеше едно парче ако не е тајна?!Мислам со се достава и царина и се...мене малце тоа ми е,да не ме опељушат солидно,па да треба да ги урамам гаќите и од жал да не ги облечам.
Јас бев на идеја за отварање ваква продавница..затоа што моја блиска другарка работи за америчка шпедитерска фирма..Ама она кога си нарачуваше од Викториас и ги носеа наши луѓе од таму затоа што вика дека царината е голема..Така да и плус поскапи се и ќе те треба тука да се продаваат со цени кои верувам за наш стандард е многу..Така да ништо од идејата..Али никогаш не вели никогаш!
Ние нарачуваме повеќе другарки, и ни се собира голема сума за нарачка, шипингот е бесплатен, ама кога ни дојдоа јас платив плус 30 евра повеќе од она што сметав дека ќе го платам(а имав нарачка од околу 70 евра ) , и се тоа за царинење. Отворете на страната на Victoria's Secret ќе видите дека цените им се пристапни, ама царинава не одра. Од Америка пратката стигна за три дена, а тука за да ја царинат чекавме 10 дена .Братучед ми има бутик и он ми кажа дека најверојатно Алек-Теранова или Фешнгруп ја имаат купено лиценцата.
ептен си сакам ангелите и производите на Victoria's Secret до сега имам неколку производи користено, ама донесени од Aмерика - гаќички, лосиони за тела обични па и со светки, сјаеви за уста, парфеми... и да имам ташна, и мноооогу си ја сакам
можит некој да ми даде страна каде што порачувате? јас живеам далеку од мк,во друга држава,па ке се распрашам дали имат вс продавница во нашиов град
во склоп со темата ќе си прашам овдека а не во СДП кога порачуваш онлајн за производите на викториас сикрет, колку ти ги наплаќаат и како? ептен е скапооо?