Иако за многумина премногу слаба,препотентна, вулгарна,па дури и злобна....но мора да признаеме и дека е една од најелегантите жени во светот.
Не знам зошто ја нарекуваат злобна? Не знам многу за неа освен тоа дека е вистинска модна икона,секогаш средена и тип-топ облечена и шминка и фризура...
Ни јас не знам ништо повеќе од Багуфче за Бекам, освен тоа дека е одлична дизајнерка, модна икона, секогаш скоцкана, и дека има проблем со високите потпетици и своите стапала. И да, дека е жена на Дејвид Бекам. Викторија, скоро никогаш не греши со модните комбинации кои што ги прави. А за тоа дека ја нарекуваат, злобна; не сум слушнала, и би сакала да знам зошто?
Една од многумината кои имат негативно мислење е и американската актерка Џоан Риверс наведува Викторија злобна,непристојна и крајно вулгарна и дека се однесува како секогаш да има лош ден. Но меѓутоа неможе да го оспори фактот дека секогаш е топ и актуелна.Не мислам дека е злобна,туку дека лугето и завидуваат затоа што скоро се и оди од рака има своја модна линија,три сина и најзгодниот маж...
Прочитав дека во една анкета дека и ги прогласиле за убедливо најгрди славни стапала. За стилот, облеката немам зборови, ама навистина е премногу слаба
за неа мислам како и другите форумџики дека секогаш е скоцкана,тип топ навистина за тоа можат сите да и завидуваат.само што многу е слаба и не ја имам видено на една слика насмеана
Изгледот нејзин не ми се допаѓа.Нити пак ми е нешто харизматична.Се е тоа дел од големата маркетиншка фама.Али за гардеробата и нејзиниот стил ми е ок.Затоа што сакам едноставни,ненападни, а добри комбинации.
Ах каде се оние расни жени од минатото?! Воопшто не ми се допаѓа. Не би рекла дека е модна икона иако признавам дека има стил. Макар што, некои од нејзините комбинации знаат и тоа како да бидат погрешно одбрани. Ама што е слаба човече... да ја дувнеш, ќе падне. И мислам дека облеката што ја носи, подобро би прилегала или пак подобро би дошла до израз на некоја што има облини, како на пример Моника Белучи. Секое парче што ќе го облече, како да виси на закачалка За карактер, не можам да судам - ама не ми е ни многу грижа каква е...
Мене ми е ужасно антипатична. Не можам да ја смислам. Не знам зошто, ама како да нема никаква харизма во неа, ништо позитивно.
Е шо ми е криво за Бекам што го има, криво ми е. Порано се смеев, прославував кога ќе видев дека се скарале имале проблеми во пракот итн. Ама ај да не бидам оф топик, жената знае што да облече, ми се допаѓаат комбинациите само не можам да гледам колку е слаба, страв ми е да не се скрши додека оди И флузурчено нејзино ми е топ
Викторија Бекам не викам дека не е скоцкана секогаш,имам приметено дека некогаш знае убаво да се облече,некогаш не,дека е модна икона,не верувам баш,затоа што мислам дека има и други славни личности кои имаат стил и во права смисла го отсликуваат поимот модна икона.Гледам другите форумџики го спомнаа маж и Бекам,мене воопшто не ми е привлечен,сега човекот плива во пари,па сега зависи што има привлечност,убавината или парите,а за паметот негов тоа е друга работа,па не гледам зошто некој да и завидува за Бекам,сега добро секој си има различно видување на нештата Како што спомнаа претходно во другиот пост,дека за да ја истакнеш облеката,стилот на облекување,се согласувам со тоа дека треба да се има облини,а Викторија е премногу слаба,изгледа како да ќе се скрши на два дела од премногу слабост
се согласувам вистинската жена има облини ..а оваа кај ги нема ...има ледена фаца , ајде да не бидам оф топик има светли моменти , но кобинациите јас често ги гледам кaко монотони и еднолични : огромна чанта ,тесно здолниште, високи потпетици и очила за сонце .. за да го заслижи епитетот модна икона треба да знае повремено да изненади со нешто
Мислам дека доволно изненадува со интересни комбинации и секако фризурите. Скоро секоја фризура на Викторија станува ХИТ, која ја копираат многу девојки.Тоа е факт,неможе да го одрекуваме.
Викторија е анорексична, воопшто не е харизматична, мене ми е и далеку од симпатична. Меѓутоа е секогаш средена, облеката најчесто и е совршено избрана и знае како да ја носи. Изгледот кој го промовира влијае негативно врз девојките за тоа како треба да изгледа телото. Позитвното влијае на тоа дека секоја девојка и жена треба да изгледа средено, уредно и убаво во секое време. Не ја сакам, ниту ја почитувам многу, секогаш ми е некако неутрална, ладна и многу не емотивна.
Не ми е убава ниту харизматична,па изгледа единствено добро нешто кај неа е нејзиниот стил(освен Бекам нормално ).Во глобала ми се допаѓа нејзиниот стил,знае да избере убави комбинации,секогаш е скоцкана,елегантна е и си има изградено стил при што ретко прави грешки,али и по малку станува досадна и предвидлива.Се знае дека ја преферира црната боја,сака тесно,средна должина или ултра кратко,големи очила и едноставен накит,високи штикли,ептен само во тие рамки се движи некако.За изгледот освен што е преслаба мислам дека е и прекварцана.А за злобна дека била ...мислам дека таков впечаток оддава поради тоа што ретко или никогаш не се смее,а и самата изјавила дека не се смее поради тоа што мисли дека има грди заби.Можеби треба да размисли за алтернативата вештачки,мој предлог само. Во однос на фризурата,мислам дека плава не и стои и многу подобра ми е со долга коса.