Лозано и Есма ќе ја преставуваат Македонија на Евровизија!!! Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе бидат македонски претставници на Евровизија 2013. Македонската радио телевизија ја објави донесената одлука, но не се откриени детали за песната со која нашите музичари ќе се претстават наредната година во Малме, Шведска. Есма РеџеповаЕсма Реџепова Неочекуваната соработка помеѓу искусната кралица на ромската музика и младиот поп-пејач можеби ќе се покаже како одличен потег за впечатлив настап и добар пласман. Влатко СтефаноскиВлатко Стефаноски Македонија заедно со уште 38 земји се подготвува за музичкиот натпревар кој ќе се одржи наредната година. Засега своето учество го имаат откажано Босна и Херцегодина, Португалија, Словачка и Турција. Повеќето од нив образложиле дека отстапуваат поради економската криза. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 14 и 16 мај, додека финалето е закажано за 18 мај 2013 година. Домаќин на манифестацијата ќе биде Шведска, по победата на Лорин со „Euphoria“. http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... D0%B0-2013
Евровизија 2012 http://kicevo.mk/lozano-na-evrovizija/ Овде ми се единствените надежи дека ќе се претставиме во доста добро светло Баш ми е мерек што ќе одат Есма и Влатко
Евровизија 2012 Есма и Влатче на Евровизија!!! Прекрасен избор .. Најискрено не очекував ваква комбинација но мислам дека добро ќе не претстават! Спојлер Едвај чекам
Евровизија 2012 ^Од кандидатите што беа искрено сакав Влатче да биде....а Есма - зошто да не. Ајде да се надеваме на добра песна.
Влатко е супер избор, Есма - не толку добар. Сепак обавезно и двата на курс по англиски, до МАЈ да бидат супер англиски, да не се срамиме, со пеењето знам дека нема да се усрамиме и се надевам ЕСма нема да пее нешто на ромски.
^јас мислам дека Есма подобро знае Англиски од Влатко, и дефинитивно ќе има дел со ромска изведба=незнам зошто така мислам.
И јас исто така мислам дека оваа година како и претходната имаме добар избор....се надевам дека и изборот на песната ќе биде добар за тие два прекрасни вокали
Браво за одличниот избор на МРТВ оваа година. Пишав и во коментар сега и тука, според мене Есма требаше да не преставува уште по одамна заедно со Гаџа, ама ајде и сега не е лошо. А за Влатко нема што да се кажи одличен вокал, очекувам добар спој, добра песна и уште подобар пласман.
Мислам дека добар избор направија и мислам дека ќе направат интересна песна.Браво за Влатко.Цел град се гордее со него
Најуспешен македонски претставник досега,според мене беше Калиопи со "Црно и Бело" и одличниот сценски настап,едноставно загрмија на сцената. Со Тоше направивме невидена утка со таа "Ангел си ти".Без веза...Пуштивме страшно добар и квалитетен вокал да загрми на сцена со песна од типот "дрн-дрн". Се надевам на Влатко ќе му спремат добра песна,а Есма ќе претстави некој национален сегмент што ја карактеризира нашата држава. Како и да е,останува да видиме...
Влатко ми е братучет и многу ми е мило за него, а и за Есма супер комбинација,би било подобро да нема ромски делови ама и да има не верувам дека ке ја расипат песната А инаку не се сомневајте во англискиот на влатко повеќе Есма може да киксне(не дека го бранам )
Вистина ти е братучед Влатче? Поздрави го Не сакам да ги урочам ама мислам дека го направиле вистинскиот избор.Доколку не успеат нешто тоа ќе биде само од политички причини.Се надевам на добра композиција.
фан сум на влатко но не и на есма ( само да нема некој дел на ромски ) се надевам на добар пласман со среќа Влатко
Пресреќна сум за Влатче, си заслужи детето ! А и Есма е голема пејачка, сигурно ќе бидат одлични заедно! Ајде дај Боже годинава повисок пласман од лани