Пред некое време читав една статија за најлошите, т.е гласовите кои ве иритираат или ви се одбивни. На листата прочитав имиња на пеачи на кој им симнувам капа, а оние кои можеби имаат навистина одбивен глас не беа ни спомнати. Според мене еден од најодбивни гласови ми има Дафи! Прочитав еден коментар за неа дека нејзиниот глас потсеќа на колењe не животно, или на гуска Со често служање и мене ми стана преодбивен и напорен за слушање! Од друга страна има бројни критики за гласот на Ејми Вајнхаус, за кој не се согласувам ни најмалку, имаше предобар но преспецифичен глас Најодбивен исто гласот на Пит бул, ако тој воопшто се смета за пеач Шон пол исто, но тој има смешен акцент повеќе него глас. Од Македонскиве ќе кажам Нонето, ептен како затната и настината, глас на 10 годишно дете. Спојлер би ве замолила само да се придржувате строго до темата, и да не пишувате пеачи само заради тоа што вас ве нервираат или иритираат како појава.
За Нонето неможам да се сложам таа има специфичен глас, а тоа што и ги утнуваат песните и не и одговараат на гласот тоа си е друга работа.
http://www.youtube.com/watch?v=M5vkHj6suPA Те моли да престанеш да слушаш, а не ти дава душата. Ушното тапанче во секој момент ќе пукне,а ти продолжуваш да ги слушаш ваквите примитивни крици кои штотуку уништија можеби една добра француска песна. О Марија, ооо Марија
Џеси Џеј! Немам слушнато погрдо крекање, едноставно одвратна ми е целата, и не можам да разберам зошто сите толку ја величат, ауу каков глас имала. Јас поубаво пеам, а не пеам баш пријатно
Мартин Вучиќ (самопрогласен пејач) Моја претпоставка е дека на неговите цел свет им згрешил нешто па за одмазда на Мартинче му дале микрофон во рака, нели добриот глас надалеку се слуша. Па и на Евровизија го пративме, свет да го види. Бритни Спирс, како звучат тетреби кога се парат ете таков и е гласот. Јован Јованов и компанија со мотото Ние всушност и не знаеме да пееме ама ајде да забавуваме прости народни маси кои вртат пари.
Според мене и Шакира нема некој пријатен глас, ми звучи како блеење на овчичка, кога ќе испушти некој звук.. А има добри песни не викам не
Usher? уат те фак ис ронг ??? и ова го слушнав.. Извини ама морав.. Инаку Дафи фефинитивно ми крека башка на нос пее..
Oд нашиве дефенитивно би ги издвојала Eлена Петреска и Kристина Aрнаудова,не можам и не можам да ги слушам,ме иритираат A од странскиве Kели Kларксон,ме потсека на вриштење....
Па повеќето ми се иритирачки затоа што и немаат добри гласови. Лејди Гага - Не и го можам гласот.Можеби не фалшира но јас кога ќе и го слушнам гласот ми е едноставно одбивен.Има некоја чудна боја. Ники Минаж - Не дека оваа "пее" но сеедно не разбирам како некој може од неа песни да слуша.Уште кога ќе и го слушнам тоа лигаво рецитирање . Џастин Бибер - Мислам дека нема потреба да објаснувам.Тој има едно лигаво женско гласче. Лил Вејн - Не знам дали повеќе ме иритира гласот или аутотјунот кој му е и уствари "гласот" во песните. Дафи - Оваа кога пее мислам настината е.Или се наголтала хелиум. Бијонсе - Е можеби има одличен глас и се тоа но ме иритира да ја слушам.Едноставно премногу вреска и каде што треба и каде што не треба во песните.Разбирам јас малку повисок тон (врескање што би се рекло) како на Витни Хјустон и Мараја Кери но оваа Бијонсе ми е потполно непријатна за слушање.Многу нема да се сложат но тоа е.
Maлце забегавте од темата.... Неможам да верувам како Бијонсе или Ашер ви имаат иритирачки глас! Океј за вкусови не се дикутира, и немам право да се мешам, но погрешно ја свативте темава! И мене Мараја Кери ми е одбивна и одваратна и се слушење и за гледање, па сепак има убва глас! Па и биберот. Ако неможете да ја гледате не значи дека има иритирачки глас.... Мешате баби и жаби како и секогаш.
Иритирачки...од секогаш кога ке сум ја слушнела Маја В. ..ама не ми се верува колку девојчето се мачи додека пее..и плус упорна е.. се мачи таа не мачи и нас ...тоа толку иритирачки ми делува што навистина колку и да се напрегам додека ја слушам не можам да најдам ни трунка нешто убаво во тоа ... Sorry...
Сега некој ќе се најде да рече - темата е пејачи и пејачки, а не рапери, ама на прво место го ставам Еминем! Не можам да го поднесам неговиот глас! Ме иритира и ме прави нервозна, многу се напнува додека рапува, неговиот глас ми е одбивен, а е вистинска штета, зашто има добри песни. Ники Минаж веднаш после него, звучи како да ја плескаат двајца или тројца црнци, додека во меѓувреме меле во устата нешто како печена пченка или слично. Oд нашите - Ева Нединковска е ужасно крекало, а Маја Вукичевиќ има преголема желба за пеење и нула талент. Не сфаќам зошто се мачи, ќе си ги уништи гласните жици од толку напрегање.
И мене Минаж ми има ама баш одвратен глас, со тоа што таа ни за пеачка не ја ставам... П.С имаше некој напис дека за еден од најодбивните гласови се смета на Мајкл Болтон, и јас тука останав ваква
Па, немам некоја листа тука... Гласот на Дафи премногу ме иритира, се израдував кога изјави дека нема веќе да пее (или прави пауза, којзнае) и гласот на Влатко Илиевски. Ауу, човекот не пее туку грчи, и дури ја испее песната ми се чини дека ќе се задави во секој момент