1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макфест 2011

Дискусија во 'Музика' започната од RainBow, 13 октомври 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Вечерва во 22:00 часот започнува 26-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2011“. Двете полуфинални вечери ќе започнат од 22:00 часот додека финалето ќе биде во сабота со почеток во 21:00 часот.
    На првата прес конференција која се оддржа денес, уметничкиот директор Кристијан Габроски истакна дека фестивалските подготовки влегуваат во завршна фаза:

    - Сцената е готова, звукот и визуелниот дел се проверуваат, ќе следи генерална проба со што влегуваме во финалните активности пред директниот пренос. Песните се навистина добри, но за тоа ќе оцени публиката која ќе го следи фестивалот.

    Преносот на фестивалот по втор пат ќе го реализира „Канал 5“ телевизија. Годинава ќе бидат изведени 38 композиции од кои 18 се дебитанти поделени во двете полуфинални вечери со деветмина изведувачи, додека во вториот дел ќе бидат застапени 20-тмина изведувачи кои веќе се етаблирани на македонската забавна сцена.
    Годинава реализатор на фестивалот е фирмата „Нова Икс Идеа“ од Скопје која се пријави на јавниот конкурс за организирање на фестивалот, во име на Општина Штип која останува и понатаму сопственик на фестивалот.
    http://daily.mk/cluster3/dc8cf0d7d72856 ... b05/945122

    Во тек е првата полуфинална вечер. Ја следи ли некој? И какво е вашето мислење воопшто за овој фестивал?
    Еве се обидуваат нешто ново да направат, ама некако не им оди.
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам дека Макфест и со сите новости што ги воведува никогаш нема да можеме да го доживееме она чувство како што некогаш публиката го доживувала,бидејќи денешниве наши "пejaчи"
    дебитанти се катастрофа.
    Лоши песни,сценски настапи ко на лејди гага,триста непотребни чуда се е побитно отколку песната и гласот.
    А пак водителката :puke: :puke: :x не коментирам ми иде на нерви.
    Посакувам да можам да сум некаде во публиката од ова видео ...времиња биле тоа,кога од цела Македонија доваѓале луѓе и публиката била прекрасна а музиката онака за душа да те е мерак да слушаш.
    А денес еве од Штип сум и искрено не би дала пари за карта бидејќи знам дека квалитетот на изведените песни е катастрофа .
    http://www.youtube.com/watch?v=H008yXwmNEY



    Сепак дај Боже да се оправиме во иднина ! :)
     
    На mops, girl.23 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Макфестовско лудило?
    Не! :)
    Стагнира нашава поп музичка сцена последниве години, некои позвучни музички имиња што ги имаме не се пријавуваат на фестиваливе, не знам кои утре ќе настапуваат, но претпоствувам тоа ќе се другарчиња на Џеј Џеј или едни исти одат на фестивали, оние кои 3 пати годишно вадат песни и ги гледаме Макфест, Охрид Фест и лудилото Евровизија.
    А и водителкава ми е антипатик невиден.

    Оној Макфест од 90сетите тешко да ќе се врати Осамен, Кога те нема, Доволно луд, Свирете ја зајди зајди, Кој да ти каже Ивана, Моја Гитара ...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Не следам од почеток но онаа што досега го видов не ми се допадна.Не видов никаков квалитет!Како од улица да ги собирале :x (секоја чест на исклучоците кои и баш ги нема ).Од овие што ги слушнав може само да ја издвојам песната на Катерина од Идол.Некако песните ми се бледи копии а да не зборувам за маскираните пејачки...(стајлинг како за ноќ на вештерките) :x
    Мора да го спомнам дечкото кој пееше како комарец и музиката му беше крадена и тоа од екс ју хитовите што секој може да ја препознае.Катастрофа!
    Извинете вака што мрчам но ова е моето мислење.Сепак ке продолжам да слушам па може нешто ке ме изненади па ке го сменам мислењето мада не верувам :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Ау ама и е грд фустанов на Лаура од Идол. А и пеењето не и е сјајно. И прееска една како беше облечена, не ја запазив која од што ме заболеа очиве. Кога ќе се научат да се облекуваат како што треба. Не е впечатливо се што сјае. И точно, славата на фестивалов никогаш нема да му се врати. За жал.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еве го гледавте доказот дека рамноправност не постои.
    Сите други деца од Идол во дебитанти се натпреваруваат.
    А Лаура рамо до рамо со другиве пејачи. Случајно да не е татко и музички продуцент :)
     
    На mops, Hiii, VeRyCa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    "Поради ваквата рамноправност голем е бројот на гледачи"! Да не беше фемина и нема да знаев дека има.Ако беше нешто квалитетно секако дека ке се разгласеше и сите ке следеа... мислам дека младите не губат време на вакви циркуси :)Секоја година е се полошо и полошо!
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    А што двете полуфинални вечерви се вечерва? Или јас нешто не разбрав :wasntme: :$
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Дома имаме некои стари снимки на видео касети од Макфест.
    Ви текнува кога позади сцената имаше некои уметници што шлакаа бои на бели платна за секоја песна?
    Мене тоа ми е во првото сеќавање за Макфест.

    Инаку, беше многу квалитетен фестивал и засега не покажува некои знаци дека ќе се врати во полн или подобар сјај.
    Песните беа фантастични, Олгица Христовска, Џон И. Апелгрин, Тања и Лидија Кочовски, Ристо Самарџиев, Ареа... прекрасни интерпретации и текстови.
    Со душа го чекавме.

    А кога почнаа да победуваат Џеј Џеј со Знам ти ме сакаш или така нешто беше, :^) па Ламбенце, |( стана јасно дека не е повеќе она што беше.

    Единствена пофалба што први воведоа поинаков начин на водење на фестивал со Вера Јанковиќ.
    Инаку премногу ни се статични фестивалчињата во тој поглед.

    Оваа година ќе го гледам само финалето.
    :)
     
    На eutixismena, innablood и AIT им се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас сум воодушевана од Даре и Никола !!!
    Фантастична песна! Девојките беа пофантастични!!!
    Прекрасна изведба, се дадоа себеси и пејачите а богами и девојките !!!

    П.С... Немав можност да ја гледам директно од тв, туку преку камера, но сепак
    останав без зборови!!!


    :* :hug: :l:
    (даре ти реков) :P
     
  11. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Катерина Симоновска, Бојан и Соња, Наташа Малинкова, Дарко и Никола.Толку се мои фаворити од денес. Другото - очајно!
     
  12. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    jas искрено не гледав а и да гледав знам дека немаше да ме воодушеви нешто.Помина времето кога со душа се редевме пред телевизор и чекавме да започне фестивалов.
     
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сега фејсот на сите им е тв, се разбираме ;)
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Поминаа деновите кога со нетрепение ги очекував Макфест,Охрид фест,Избор за Евровизија....
    Добив јасна слика дека сето тоа е жива фарса и сценарио,и не планирам да го трошам времето на тоа.
    Порано ги гледав сите вечери по ред(дебитанска,полуфинална,финална или по каков и да редослед им бил организиран),а сега премија е да ако ѕирнам.
    *Го фатив настапот на Наталија си некоја,и ми текна дека настапуваше и на домашниот избор за Евровизија,и сфатив дека девојкава си има одреден круг блиски свои пријатели кои си ги влече сегде,а на сметка на тоа,нејзината самодоверба и акции скокнале до небо,за што сведочеа нејзините опасни потези на движење(поготово со рацете,за 3 минути сигурно си замислила дека е на некоj Оскар),а најбитното-вокалот,го спомнувам ете во втор план,иако може комотно да се изостави.
    *Го фатив и фамозниот Кико(или како што јас милувам да го наречам македонскиот Justin bieber)и слушав како крека со нагласено Ш од крајот на стихот,па кога го додадов и одењето од едниот крај на сцената до другиот,преносот ми траеше не повеќе од 45 секунди,побрзав да го сменам!
    *Следна ја начекав Бојана Атанасовска,на која и се воодушевив на линијата и изгубените килограми,како и на некои промени на косата и стајлингот,а и песничето (на кое искрено мн не му обрнав внимание,бидејќи неа ја следев),не беше лошо,па со брзање да сменам како кај колегиве нејзини горе споменати,на Тротоар news,кои беа мојот вечерашен избор.
    Како што реков,не го гледав речиси ни 15 минути се на се,но овие фатени делчиња,очигледно направија стекната видена слика да ја прекажам со лош критичарски осврт.
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Последните неколку години сум разочарана од Макфест, колку подобри песни имаше пред едно 10-тина години, евергрини. А, сега секоја година како исти песни да слушаме, исти мелодии, текстови. Ги гледав само дебитантите, нема некој кој се издвојува, останатите не ги гледав, но погледнав некои видеа на јутјуб. Очекував малку повеќе од Бојан Стојков и Соња, мислев дека ќе пејат некоја љубовна балада, со оглед на тоа дека лани Бојан балада пееше, ама и сега не им е лоша песната. Од останатите нема некоја што се одвојува.
    Секоја година исти имиња се појавуват Елвир, Јован, брат му.. |(
    Го загуби Макфест својот квалитет одамна.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606

    Лаура настапува во полуфиналисти затоа што веќе има предходно настапувано на Макфест пред 2 години а правилата се многу јасни.. А Нели мораме да плукаме па не сме македончиња ако не изедеме гомна :)
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    ептен го обичам овој Никола Паунович :inlove: :inlove:
    песнава копија, крадена, каква сака нека е мене ми е ок

    http://www.youtube.com/watch?v=-0ncfYpDw3Y
     
    На mops, srcekrsacka и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  18. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    МАКФЕСТ

    Во моментов го слушам последното издание на МАК ФЕСТ и баш сум среќна што постои фестивалов. Иако многу мислат дека е замрен дај да му дадеме поддршка, да се сменат некои работи на подобро како на пример водителите и сценографијата, зошто стварно вреди да имаме место каде ќе ни се промовираат млади музичари. Само кога ги гледам старите изданија од 86,87,88 год....стварно премногу хитови имаат излезено, од таму и во тие години посебно се продуцирале феноменални балади, не се промовирале само пејачи, туку и композитори и аранжери, и нови стилови и во музика и во облекување за тоа време било стварно БУМ. Од моја гледна точка сметам дека Штип сеуште живее за фестивалов, не знам нека ми каже некој кој живее таму...па дај да евоцираме малку спомени, на пример: Која ви е омилена песна отпеана на Макфест и која година?
    За мене во 1986 имаше една песничка на Калиопи се вика Линда..мноогу заразна мелодија :)
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    МАКФЕСТ

    Веќе неколку години не го следам Макфест. Не е тоа што беше! Квалитетот на песните и пеачите е шест цифри минус под нулата. Нема да давам пари за да го слушам Дарко Илиевски или Ноне или овие идолите таму...
    Ристо Самарџиев секогаш ми бил најдобар. Оваа година не знам дали го има. Барем тој сеуште го држи квалитеот.
    Штип е сега возбуден, кафичите се полни со јавни фаци итн итн... шо знам јас ич не се палам на нив.
     
  20. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Добро, плесачкана двојка позади Мијата беше пишман што излезе на сцена или? Навистина, мое или туѓо, какво и да е, фестивалов вечерва го гледам само заради сеир.. :worried: :wasntme: