Неколку дена веќе си планирам како да најдам карти за пожарот на Кале, а гледам тука ни тема посебна си нема Мислам дека го заслужува нашето внимание Бендовите ми се ок, не сум воодушевена, но мислам дека ќе има посебен шмек целиов настан поради тоа што ќе биде на Кале под отворено небо, тамнски ќе се стопли и уффффф.... Ми се оди на Скопје гори Ќе одите ли, ви се допаѓа програмата годинава, м?
Јас веќе си зедов две карти најверојатно ќе одам со дечко ми ако не со другарка ми, посебно одам поради Hurts а и Elemental i S.A.R.S ќе бидат добредојдени за моите уши.
Стареам...готово.Ми спласна воздбудата за вакви настани,почнувајќи од свирки најобични со ист репертоар,па се до Таксират, макар што да ми речат јас ти плаќам за на Егзит годинава, истата без везе фаца ќе ја направам...не бидуе човек од мене.О,зошто?! Туку шо знаеш, нема шо друго да се прави. Бар пиво ќе пијам, ќе цупкам у место и ќе пеам ако ми се пее... Плус Грамафонџије и ... уште некои.Слабо,слабо,ма да Хртс треба да се видат уживо. Мана-мана!
Лилит не е до тебе, верувај! На сите нешто ни се случува, нова работа не се случила којзнае колку време, ама на ова мора да се иде да се раздрмаме поштено, музиче, луѓе, пиење ау ... Јас сум среќна што за првпат ќе добиеме група која е во својот ек, а не геријатрија која собира пари за старечки дом Мислам дојдоа Зизи Топ, Били Ајдол и милион други кои се светски имиња со одамна помината кариера :/ Што знам...
^ Тоа стари, нови изведувачи ми е тотално без врска. Баш постарото е поквалитетно во речиси секој жарн музика. Поновиве изведувачи треба уште многу бумбари да јадат и повторно е прашање дали ќе ја направат истата квалитетна музика како на ЗЗ Топ, Били Ајдол, Боб Дилан, Пети Смит и други добри музички имиња. И баба ми е стара, па уште ја слушам. Да не бидам офф топик, на Скопје гори ми се оди само поради Хртс и САРС. Единствено нив ги слушам. Сеуште сме во преговори со другаркиве, ама многу е веројатно да отидеме.
хаха не мислев во таа смисла хуху далеку од омаловажување на тие имиња, нееее поентата ми беше што секогаш се носат тука, откако ќе се пензионираат, без нови песни, нови албуми, светски тури... значи одлични артисти и бендови, безмалку совршени со историја, искуство и реноме, ама би било супер да се носат кога се’ уште се на светските топ листи, а не 40 години подоцна... да не вртам ко киша око Крагуевца, ама муабетот ми е, да речеме сега поголемиот дел од младинава ја слуша Бијонсе (давам банален пример, да си ја доловам поентата), зошто да не ја донесат сега Бијонсе, туку после 40 години, кога јас ќе бидам баба и нема да можам да одам на нејзиниот концерт поради тоа, а цел живот сум ја слушала, можеби и идол ми била, туку да одат моите внуки и правнуки кои малтене 10 песни ќе и знаат одлично што успеале воопшто да се донесат такви имиња во нашево земјиче, но мислам дека треба повеќе да се вложува во носење на такви луѓе, многу повеќе отколку на Лепа Брена, Аца Лукас итн итн, ивинување до љубителите на оваа (не)музика...
Ќе одам најмногу заради Хртс, Елементал се стандардно добри во живо, а САРС досега не сум ги слушнала пред мене, па се надевам на интересно. Инаку, јас не сум фан на овие собири. Мака ми е што е на отворено и што ќе збере џган луѓе, нема ограничен број на влезници, ќе биде малтене Пиволенд, 100% ќе се најде и некое штандче со лесковачка и глазирани јаболка, ама тоа е. Пиволенд бр.2 само наместо без пари, оп - 900 ден. карта. Пак ќе кажам, да не беа Хртс немаше да се згнам. Ми се чини дека подобар избор ќе беше Филип Втори, но кога ќе размислам, со само еден албум не може да се исполни толку време, па ова било веројатно утешна солуција.
Јас па мислам дека баш затоа што ќе се одржува на Кале, ќе има посебна атмосфера, а тоа што ќе чини 900 денари (поконкретно 800 до 1 мај, потоа 900 до 26 мај), мислам дека е дури и предност, зашто нема да дојде секој на кој ќе му текне, како што знае да се случува кај нас, ако е евтино цело маало под рака и ајдеееее
Ланското Скопје Гори ми ги подари Massive Attack, а овогодишново Hurts. Нема шанси да пропуштам, освен ако не згинам недајбоже За музика (живот) се работи! Елементал ги имам гледано милион пати, ама би ги гледала милион и еден, секогаш знаат да направат добра атмосфера. Во секој случај, соленка е цената , иако, за бенд кој е хит низ Европа - таман си е. Дефинитивно љубам вакви случувања, и знам дека ќе си поминам добро.
Да да да! Првин се залетав за ХРТС, ама кога ги објавија и останатите изведувачи како јас да сум го правела лајн-апот. САРС беа на Стрит фестивал во Куманово минатото лето и таму беа одлични. Елементал ги немам слушано во живо, сега ќе ми е прв пат, исто и останатите изведувачи. Едвај чекам!
Луѓе, мислам дека по актуелно од ова нема да има во следните 5-10 години... Hurts богзнае кога ќе дојдат пак со оглед на интересот што го има за нив... Еве просто мерило, дали сте седнале во кафич пола саат без да чуете песна од Hurts или Gramophonedzie. А Елементал и С.А.Р.С владеат по социјалните мрежи... Мора да се иде, цената е ниска во споредба со околните држави, дури и во Србија се дупло поскапи картите.
Е многу ми се оди, најмногу заради Hurts-ги обожавам!!!Ама тешко да ќе сака некој со мене, никој што го познавам не ги слуша
Можеби ке одам ама не сум сигурна. Карти имам ама зависи и до моето расположение, може во последен момент и да ги дадам.
AAAAA Elemental i S.A.R.S. не смеат да се пропуштат, оние Hurts ми се мн емо малку сум специфична у везе музика, али има друго болно кај мене шо се енма екипица сакам да ги испцујам сите мои драги у овој момент кои не сакаат да ме дружат на 26ти
Ваквите настани се едни од ретките моменти кога си го пцујам друштвото затоа што нема кој да ме придружува. Јас можев да купам карта за на Баста, и да ми пропаднат парите, да. Ако некого го интересира за купување карти: http://www.kupikartizase.com/
Знаете дека е префрлено во Метрополис така? Спојлер http://www.kadevecer.com.mk/info/item/909-vazno-skopje-gori-2011-se-premestuva-vo-metropolis-arena
Претпоставува дека ќе го заебат Калето поради глупостите со црквата... Ќе требаше да има повеќе цајкани од фанови :/ Не ми се иде у Колосеум... Филмот беше на отворена тврдина :/ Баш се разочарав