slatkar i ostanatite momci od toksikologija gi slusam 24/7 najbollji se gi postuem a za sofija maneva i nejzinata pesna naslovena ligav tip nemam komentar pa sto drugo moze da se ocekuva od toni zen i slatkar osven da napisat pesna i da i vratat so ista mera
Реков јас, да сум на негово место и да имам вакви фанови ќе се запрашам што не е во ред со мене. Уште по речникот...
Мора да има и такви, за жал! Јас најискрено се плашам од ова што се случува... Па како можат да слушаат онакви песни, а деца од 10 години ги знаат од почеток до крај! Па каков е тоа пејач што оди и пцуе зборувајќи, навредувајќи ги женските и што уште не... БЉАК!!!! Едно девојче ми покажа дека си ги сечела вените по него! еееејјј!!! Што ќе биде од ова?
Оф Спринг, годините на неговите фанови вибрираат од -13 години, и нивните родители кои што ги придружуваат на неговите концерти. А што е најважно, ако не го слуша некој стакларов, велат, сигурно се пронаоѓате во неговите песни, па затоа го плукате. А јас не, воопшто не си се пронаоѓам, туку ми смета тоа омаловажување, и простотилок. А од тоа и до тоа дека се пронаоѓаме има голема разлика. Се согласувам со постот на Вајлд од истава страница.
Ангелче, мене ми смета простотилукот што го сее и малограѓанштината. А за текстовите негови многу ми е гајле, нека го слушаат они се трујат не јас. Само ете, не ми е јасно а го имам прашањето поставено. Со кој го споредувате Слаткар за да биде најдобар?
Проблемот е во тоа што воопшто не споредуваат. Немаат ни Р од рап. Да не сме сфатите погрешно, мразам рап, меѓутоа имам другар кој слуша и навистина има разлика од текстовите на Тупак до текстовите на Снуп Дог, 50 сент и ајде Слаткар. Не слушнале ништо пошироко, не слушнале ништо што исполнува, што те прави среќен, те прави да уживаш во секој стих. Најчесто помладата популација не го цени Слаткар (ако воопшто некој го цени човеков ) според „песните“ кои ги прави, туку според неговиот надворешен изглед. За жал поголем процент од луѓето музичарите ги ценат според нивниот надворешен изглед, а не според музиката која ја создаваат. Има и добро спакувани пакети со стас и глас. Можеби ќе се навредите, меѓутоа за мене една личност која е фан на Слаткар и и се допаѓаат поголем дел од песните на Слаткар е никој и ништо. Не е склопена како што треба, треба сеуште да се развива и да сфати дека не може да „свари“ текстови полни со навреди, омаложувања и простотилук.
А и изгледа како најголем постак човекот, па нема ни за тоа што да се цени Со она капчето накриво што го влечкаше цела зима Ми се плачи од човекот
Знаете што? Секој со свој филм! Слаткар не се реди во исти кош со Тупак, како што Токио Хотел не се става во исти кош со Лед Цепелин. Точка.
Точно така! А, иначе Слаткар, ниту сум го слушала ниту пак сакам да го слушам, меѓутоа стварно не е ОК, да ги навредувате фановите, односно луѓето на кои им се свиѓа таа музика... Па, секој си има свој стил на живеење и така си функционира! Тоа е тоа...
Значи жал ми е кога ќе прочитам дека некој напишал дека го почитува ликот и делото на големиот СЛАТКАР....Добро бе женски не го слушате ли текстот,не го сфаќате?Тој ги става сите женски во исти кош и ги навредува....Навистина жалосно
Слушам рап.На Слаткар му поштувам некој песни како ,,Да Полетам,, ,,Идиот,, ,,Сакаш да си фаца,, ама во суштина слабо го слушам.Не знам,сепак секој си има свој вкус.Не се дискутира за вкусови.И кога во друштво ги слушаат неможеш ти да не ги слушаш.Дека е вулгарен се согласувам. А за Софија Манева се извинувам што коментирам за неа во оваа тема мислам дека сака да изгради кариера врз вулгарните текстови на Слаткар.жМое мислење
Кој се разбира од рап, ќе знае дека и странските рапери подеднакво ги навредуваат жените, со имиња како bitches and hoes , текстовите се за дрога, насилство, секс, банди, гангстери, гетото... Суштината на рапот е таа, без влакна на јазикот да се рапува за секојдневието. Не знам што така навредливо се најде во песните на Слаткар, зборувам од аспект на рап музиката - ете ти ја Candy shop - 50 cent, Notorious - Fuck you tonight, Pharrell - Can I have it like that, итн, да не набројувам сега, преведете си ги и ќе видите нема баш многу поразлично. Со тоа што нашиот Слаткар си рапува на македонски. Суштината на текстовите е таа. Едно е да имаш мислење дека општо - рапот е навредлив за жените, а друго - само Слаткар е одговорен за тоа. Иако, веќе споменав во песната Сакаш да си фаца не претерал ама ич, баш убаво си опишал типична спонзоруша. Не го бранам и не викам дека Слаткар е врв, ама во оваа држава каде каде има бетер од него. Барем не е турбо-фолк! :y:
:y: :y: :y: Така си е Bright, не сум забележала, ама поентата е таа. Се согласуваме, не знам што толку се напнуваат околу дечкото, какви се бетер има...
Потполно се согласувам со Трендафилка и Брајт. Не дека го обожавам, ама има некои песни што навистина ми се допаѓаат како на пример : Да полетам, Сакаш да си фаца, Игра, Love и Нервоза.
не дека и нив ги обжавам ама барем едно интервју знат да дат за разлика од овај инаку да овие песни се убај и се гледа дека има талент ама самио си го пусти ко е глуп