Не слушам радио, има премногу реклами и ми одат на живци.
Изминатата недела на работа бев приморана да слушам Антенна 5 и слободно можам да кажам да одат сите од таму на една групна терапија. Ем попуст, ем може ќе се излечат. Од 9 сабајле до 17h секој ден, истите песни дрнкаат. Тоа хитчето идиотско на Џејмс Блант на секој саат време, ми е врежано во меморија засекогаш. Грди песни, рекламите бетер, а кога зборуваат со некој амерички нагласок, како се само залетани во филм, да земеш вратче да им скинеш на сите до еден.
Единствено Петар за појадок и пауза има пристојна програма, ама таа со него, душа му вади со својата некомпетентност, а богами и на слушателите.
Сè на сè, радијата во Македонија, исто како и телевизиите се катастрофа.
