ТЕМА: Во која фирма посакувате да работите?

Мислење 06 Фев 2012, 23:19

Сите си имаме желби и копнееме за работно место во некоја наша фирма или фирми.
Која е таа? Каде би сакале да видите оглас, во која компанија?
Дали сте аплицирале некогаш во таа или ако се повеќе во тие?
Дали можеби и сте биле на интервју?
Можеби некој и работи во фирмата во која во минатото посакувал.
На кое работно место се гледате таму?
Мислите дека тоа може еден ден да ви постане реалност?
Што посебно ве привлекува во таа фирма?


Да видиме кои наши фирми се најпосакувани за работниците. Дали се тоа големите фирми, дали е тоа државната администрација, дали е тоа претставништво на странска фирма, дали е тоа некоја позната мала фирма итн. :)

Имам читано анкета за ова прашање и 4-5 фирми се вртеа и речиси сите посакуваа таму да работат :)
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
120176024
Мислења: 3641
Зачленет: 13 Апр 2010, 15:22
СликаСлика

Мислење 06 Фев 2012, 23:32

Мојава желба не е фирма, ами МВР :wasntme: .
Посакувам да работам таму, поточно аналитика.
Професија од соништата.
Или детектив, овај инспектор за организиран криминал или трговија со дрога.
Оглас до сега немам сретнато, но знам дека тешко се влегува на ваквите места.
Плус се работи за ризична работа и си под постојан притисок, но го сакам тоа.
Се надевам дека еден ден ќе ми се оствари желбата, и ќе ја работам работата од соништата.

Засега се усмерувам за адвокат, стажирањето штотуку започнува, па година до две сум таму.
Секако, и во оваа област би сакала да работам со најдобите адвокати од областа на кривичното право, ама за жал условите не го дозволуваат тоа.
Но вољата за успех е голема, амбиците се овде, па во иднина кој знае, може и во МВР ќе ме гледате, во аналитика или како гонам криминалци 8) .
Или како некој добар адвокат ;) .
Аватар на корисникот
JuLleE

Жолто цветче
 
17453329
Мислења: 1284
Зачленет: 15 Јан 2010, 05:30

Мислење 06 Фев 2012, 23:44

Немам пикирано ниту една одредена фирма, не знам зошто, но мислам дека поголемиот дел во Македонија се крш, во поглед на коректноста и фер односот кон вработените.
Мои блиски другарчиња имаат работено во фирмишта како Џонсон Мети, ајде уствари да не испадне невкусно, нема да набројувам, но јаки фирми од различни бранши - кондиторство, фармакологија, адвокатура, трговија и сите биле незадоволни.
Некому не му била погодена платата, на друг работното време, односот со претпоставените, непријатната работна атмосфера, останување прекувремено за без потреба, просто лош и нечовечки однос...
Мислам крајно време е фирмите кај нас да заличат малку на оние од Запад и Америка, дали нашиот народ е навистина толку лабилен и прост, па уште го сметаат овца за стрижење и го јавнува кој сака, па сме до ова дереџе, не знам искрено...

Да скратам - не сум помислила ниту посакала да работам во ниту една фирма, единствено сметам дека оние во банкарството и на аеродром се во блага предност.
Што е до мене да сум во можност, би играла - сам свој газда.
Не е воопшто лесно, и ни најмалку исплатливо на почетокот, но сам се трудиш, сам организираш и поставуваш правила и САМ си одговорен за својот успех / неуспех.
Би сакала да имам своја PR фирма или маркетинг агенција, и ќе си ја крстам "Исто како дома", за почеток внатрешнто уредување ќе ми биде од сите вишоци на мебел низ дома - маси, столчиња, милиња, слика-репродукција на девојчето што плаче, итн.

Деца, пазете, :!: ако некој ми ја украде идејата ќе тепам!
:D

edit: Кои се тие фирми од соништата Роси, чисто онака ме интересира... :?:
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
123346611
Мислења: 4456
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 06 Фев 2012, 23:52

Во банка или во некоја голема фирма.. Во Прилеп-ов ништо не остана... само Витаминка е. Па би сакала да работам во Скопје во некоја банка,или нешто што е поврзано со економија,сметководство.. и такви ствариии :)
Аватар на корисникот
Spring17

Фем почетничка
 
420
Мислења: 17
Зачленет: 31 Јан 2012, 17:33
Some people want it all :D

Мислење 06 Фев 2012, 23:52

Не е фирма, институција
Но многу нескромно од моја страна
Стразбур, Хаг или ООН-Њу Јорк :D
Знам, знам in your dreams 8)
Ете нескромна сум :D
Се шегувам тоа ми се луди и никогаш остварливи желби
За некоја можеви пореална, Хелсиншки комитет во Скопје, ама после последните вести гледам дека и тоа било некоја илузија.
Можеби во некоја адвокатска канцеларија каде ќе им треба меѓународен правник, или пак во Министерство за Евроинтеграции :)
Би аплицирала но дали ќе ме примат, сега не, нормалано кога ќе забрши целиот мој процес на образување.
Поборник сум за човекови права, сум строго против смрттната казна, сакам да имам верба дека еден ден работите ќе се средат.
Имам желба да ја видам еден ден мојата држава дел од сите оние големи сили, моќна, успешна праведна, силна. Сакам да им помагам на оние кои немаат, кои се дискриминирани, и во непожелна ситуација. Можеби па некоја меѓународна организација, за борба за правата на човекот.
If only my dreams can come true :wasntme:
Последна редакција: Hipster на 07 Фев 2012, 00:00; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
19011565
Мислења: 1600
Зачленет: 08 Јул 2011, 20:21
Локација: Свирипичино!
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra :music:

Мислење 06 Фев 2012, 23:59

JuLleE напиша:Мојава желба не е фирма, ами МВР :wasntme: .
Посакувам да работам таму, поточно аналитика.
Професија од соништата.
Или детектив, овај инспектор за организиран криминал или трговија со дрога.
Оглас до сега немам сретнато, но знам дека тешко се влегува на ваквите места.
Плус се работи за ризична работа и си под постојан притисок, но го сакам тоа.
Се надевам дека еден ден ќе ми се оствари желбата, и ќе ја работам работата од соништата.

Засега се усмерувам за адвокат, стажирањето штотуку започнува, па година до две сум таму.
Секако, и во оваа област би сакала да работам со најдобите адвокати од областа на кривичното право, ама за жал условите не го дозволуваат тоа.
Но вољата за успех е голема, амбиците се овде, па во иднина кој знае, може и во МВР ќе ме гледате, во аналитика или како гонам криминалци 8) .
Или како некој добар адвокат ;) .

Многу слични амбиции имаме. :)
Одсекогаш се замислував како вработена во МВР, во некој од одделите за криминологија, без разлика кој.
Адвокат многу не ме влечело али ми е резервен план.

I hope this will come true... :$
Аватар на корисникот
nela.oh

Сино цветче
 
152600
Мислења: 176
Зачленет: 10 Јул 2010, 21:53
Know your rights!

*Pactum serva...

Слика

Мислење 07 Фев 2012, 00:07

Trendafilka напиша:Мислам крајно време е фирмите кај нас да заличат малку на оние од Запад и Америка, дали нашиот народ е навистина толку лабилен и прост, па уште го сметаат овца за стрижење и го јавнува кој сака, па сме до ова дереџе, не знам искрено...

Многу точно кажа бидејки има фирми кои толку убаво звучат, кои претставуваат фирма од соништата да не речам, а во неа работниците велат дека нималку не е совршено. Еве ќе ја спомнам исто фирмата што и ти ја кажа Џонсон, знам 2ца, едниот е презадоволен, другиот незадоволен. Едниот има супер шеф, другиот има ѓавол од човек за шеф. Не е само името, не се само условите, многу значат и надредените, бидејки најчесто од нив зависи како ти ќе се чуствуваш како работник.
Има фирми кои се баш по некој западен терк и мерак да му е на човек да работи.
Мене многу ми се допаѓа што во последниве години има анкета која е анонимна и се обираат најдобрите работодавци во Македонија.

edit: Кои се тие фирми од соништата Роси, чисто онака ме интересира... :?:

Од анкетата? Макпетрол, Алкалоид, Окта, банки и фирми од областа на телекомуникациите.
Знаеш голео звучно име, голема фирма, се слуша повисоки плати имале и таму се мисли дека е перфектно.
А постојат помали подобри и помалку звучни фирми, но ретко кој ги спомнува првично нив.


Инаку од лично искуство ќе кажам дека работев/ам во фирми кои на некој начин се многу посакувани.
Од едната плачев кога одев дома, значи стварно плачев од што ја мразев работата и толку примав негативна енергија, да и јас самата ја ширев. Тоа беа најлошите месеци во животот. Ебате плата, ебате работа, ебате високо име на фирмата кога никакво беше од услови, до надреденост, до колегијалност, а со таков ентузијазам со таква насмевка влегов во фирмата, да со насмевка и си излегов дека конечно беше тоа крај.
А на второво освен статусот мој неопределен можам да кажам дека речиси совршенство да постои :)

А си имам уште неколку фирми на списокот кои би сакала да ги имам во CV, времето ќе покаже :)
Последна редакција: rossonerka на 07 Фев 2012, 00:13; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
120176024
Мислења: 3641
Зачленет: 13 Апр 2010, 15:22
СликаСлика

Мислење 07 Фев 2012, 00:13

Сакам да работам во моја сопствена фирма еден ден..сам да си бидеш газда..и убавини и грижи ќе видиш ;)
Аватар на корисникот
ElenaRbd

Сино цветче
 
1812
Мислења: 103
Зачленет: 26 Ное 2009, 23:18
Слика

Мислење 07 Фев 2012, 00:17

Ја би државна институција, пред приватна фирма.
Државна работа, барем плата и остали приходи и доходи ќе ти бидат во ред.
Ја љубам дипломатијата, па МНР ми е симпатично, од друга страна сакам криминологија и истражување па и МВР доста ме влече.
Неможам да се одлучам за овие две исто и УБК т.е. ДБК, шионажа и разузнавање, ама ова е веќе сон, сепак се надевам дека некогаш ќе ми се укаже шанса овој сон да стане јаве.
Аватар на корисникот
najubava2010

Жолто цветче
 
29751184
Мислења: 1294
Зачленет: 19 Апр 2010, 03:32
Локација: Скопје, Београд, Беч и даље на запад...
Слика

Мислење 07 Фев 2012, 00:32

Најголема желба ми е да имам своја биохемиска лабораторија..
Но на страна од оваа желба, ако веќе треба да работам за некого, тоа би сакала да биде Систина, Ремедика, Алкалоид.. всушност, секаде кадешто ќе бидам соодветно платена и опкружена со нормални луѓе. Тешко е тоа денес
Аватар на корисникот
LaBella

Сино цветче
 
213111
Мислења: 461
Зачленет: 06 Ное 2010, 14:19
Слика

Врати се на На работното место

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter