Сосем случајно наидов на една статија, која ми се виде интересна. И патем ме натера да прогуглам. Еве дел од мрзеливите случки. * Се јавив во ресторанот да ми го пратат келнерот на мојата маса. * Се обидував со 10 стрели за пикадо да го исклучам светлото. Но, го промашив со сите и таа вечер спиев со вклучено светло. * Нарачав достава за пица. А живеам над пицеријата. * Нарачав достава на пица, само затоа што сакав цигари. Платив екстра, за возачот да ми донесе цигари. * Возев до факултет. Ескалаторите сѐ до 3-от кат беа расипани. Се вратив дома. * 45 минути седев на вц школка, затоа што ме мрзеше да си ги облечам панталоните. * Секогаш кога ја користам микробрановата печка, ги загревам работите на 1 минута и 11 секунди или пак, на 2 минути и 22 секунди бидејќи сум премногу мрзлив да ги мрднам прстите и да стиснам 0 пред да почнам. * Јас и мојата цимерка ја декориравме собата за да биде соодветна за употреба од страна на мрзливи луѓе. Едната од нас секогаш може да досегне до мини-фрижидерот и до прекинувачот за светло од својот кревет, а другата до прозорецот и климата од својот. Од тогаш па наваму никогаш и за ништо не се скаравме. * Брат ми седеше во неговата соба, го викнав за да ми го исклучи вентилаторот. Не сакаше, па јас се разболев. * Жена ми ми побара чорапи. Ги врзав за грбот на мачката и и' реков на жена ми да ја викне. * Сите чинии за житарки беа за миење. Покрив една валкана чинија со фолија и така јадев. Тоа го повторив и наредниот ден. Па? Вие со која мрзелива работа би се „пофалиле“? Мене ко за инает, не ми текнува ништо.
Искрено ретко ме фаќа мрза ама кога ќе ме фати не ме пушта цел ден, така што од мрза и не јадам. Во една народна приказна ( мрзливата жена), жената седна под едно дрво со јаболки ја отвори устата и чекаше да и падне јаболко во устата
Мене(а сигурна сум и на многу други) ми се има случувано да и викам на мајка ми вода да ми донесе од другата соба. А пак татко ми,преспиваше,се разбуди,јас во друга соба седам,ми звони на мобилен за да отидам в кујна и кафе да му сварам.
Пред четири години. Ја истрпев цела главоболка од почеток до крај (едно три саати) зашто ме мрзеше да станам, да направам десет чекори (буквално “се шмекавме“ со гезвето и тоа у крупен кадар) и да си сварам кафе (5 минути работа).
Од кога имам стол онаков,за на биро со кој можам да се возам,тоа ми е такси по дома и не станувам од него,ако ми притреба нешто ќе си се возам само
Беше петок. И ние испаднати седеме во еден ресторант, а надвор врнеше. Само што станавме да одеме во дискотеката, надвор почна многу силно да врне. И јас, за да не ми се извитка косата од дождот, си викнав такси, а дискотеката ми беше на едно 15-20 чекори.
Си го фрлам телефонот на кревет бидејќи ме мрзи да направам пет чекори да го ставам.Па сеа негов проблем е ако му го пукнам екранот.
Ја гледам и најдосадната програма затоа што ме мрзи да станам и да го земам далечинскиот управувач за да сменам канал
Гледам цртани на тв затоа што ме мрзи да ја тргнам чинијата од мене и да го земам далечинското. Лежам во кревет и три часа по станување, затоа што ме мрзи да се пресоблечам.
Спијам и едно време на телевизорот се вклучи силна музика, се разбудив и ме мрзеше да станав да го искл. и да си легнам и продолжив да спијам со ПРЕгласна музика
Кога даљинското или било кој предмет ми е под нозе, а сакам да го земам, тоа го правам со прстите на нозете и го кревам нагоре да го земам. Исто и кога сум на кревет, а сакам да земам нешто околу мене што е, не станувам да го земам него се тегнам ко гасеница да го фатам.
И ѕвонев на мајка ми на телефон да дојде кај мене в соба да ми го изгасне светлото зошто јас демек бев многу убаво наместена, па да не ми се расипе положбата, а иначе светлото е над мене и можам да го изгаснам само ако ја подигнам раката.
Eднаш со брат ми седиме во соба и вратата и џамот отворени и ПРОМАЈА! Се дереме полаа саат ко не нормални по мајка ми за да дојде врата да затворе
Неколку пати го имам направено ова: Легнав да спијам навечер и убаво си се наместив под ќебенцето, ама гледам не сум го изгасила светлото во собата. Телефонот ми беше на маса до креветот. Го земав и му титнав на брат ми, он беше у соба. Кога дојде ми вика што е, му викам ај изгаси светло, ме мрзи да станам и ми изгаси
Еднаш легнувам да спијам и сум легнала со упалено светло ме мрзи да станам да го угасам , и почнав да се дерам по мајками :мамооооо мамоооо доаѓај веднаш имам нешто важно да ти кажам !" И таа цела испаничена :Што?! И јас и велам :Мамо знаш колку многу те сакам ,ај угаси светлоо " и она го угаси . Happy End
Со сестра ми ја делиме истата соба.Си легнавме да спиеме и таа се покри со две кебиња,а јас со едно.Не беше многу ладно кога си легнавме,сеуште беше топла собата ( беше зима,ама оние потопли денови) Додека беше тола собата убаво ми беше со едно кебе,ама после кога почна да студи,а ме мрзи да донесам уште едно кебе,требаше да се спуштам на долниот спрат,ем студи,ем ќе се расонам.Викам,ај сестра ми ќе си донесе друго и и го украдов нејзиното второ кебе,си се замоткав и про должив да спијам.
Ни беше расипано даљинското од телевизорот у дневна, и нормално пошто телевизорот е мнооогу далеку да, нема јас сега така убаво легната, наместена да зеам и да станувам за да си мењам.. таман работа! па затоа земав и со сукалка си ги менував каналите!
Ако ми треба некој што е во другата соба, му се јавувам на телефон за да го викнам. Ако мајка ми не ми постави да јадам, не јадам. Ме мрзи да стојам додека се туширам, па си седнувам во када. Го пуштам и го исклучувам компјутерот со нога. Понекогаш ме мрзи да се облечам и цела ден ја поминувам во пижами... ме мрзи уште катаљарда работи ама ме мрзи да ги кажам.