Муабетот со симпатијата Кој не игра ЛоЛ тешко ќе го сфати ова,ама ајде. Кога ќе те убијат во играта,после неколку секунди или минути повторно се раѓаш во својата база,каде што имаш кули и трон и такво за раѓање. Е,и за тоа нема име Па си го нарековме д*ндатрон И нова пцовка имаме,гејмерска: - Мрш во д*ндатронот на плавиот тим И јас самата си се насмеав како по обичај. Сфатив дека сум благоариус примариус,односно лечам луѓе со благо Што и да ме праша некој за здравјето,секогаш некој десерт му давам. За изгореници - сладолед,за главоболка - лепче со медче и путерче, за температура - бисквити и млеко И секогаш помага
И избалансиран доручек....ДА! ДА! Избалансиран доручек....Колку леб толку паштета! хахаххахахаахха која легенда... *Инаку делов за вегетаријанци ми е смешен ама тоа не значи дека имам нешто против истите,напротив http://www.youtube.com/watch?v=DsvaVDF0Awc
Денес.. Гледа баба ми "Бурни Времиња " и доаѓа таква сцена каде што Мете дојде дома и праша дали има нешто за јадење.. Мајка му Џемиле не одговори ништо.. И баба ми таква целата нанервирана..во стил .." А бре жено , дај му да јаде ! Јадење бара детето . Гладно е ! " Баба ко баба...само за јадење мисли
Ги обожавам свадбите ... Невестата се преправа дека е девица, младоженецот се гордее што ја пронашол својата принцеза, родителите од двете страни се преправаат дека се сакаат. Само гостите се искрени - дошле да се најадат и напијат. #truestory
Седене кај другарка ми и доаѓа татко и' од работа и и' носи нови влечки Ама такви гумени и плави и и' вика да ми се пофале, а јас и викам де пробај ги да видам како ти стојат. Абе прснавме од смеење
Што би ме насмеало ако не мојата глупоќа. Одам на пазар и си велам: А има да штедам и да купувам поефтино,а богами и ќе се ценкам,иако никогаш во животот не сум се ценкала. Купувам пиперки и патлиџани.Продавачот мери и ми ги дава и ми вика.Патлиџаните ти се 70 денари,а пиперките 60,вкупно 130 денари.А јас цела умислена и водена од желба да купам поефтино и да заштедам,нели како од пушка му викам: -Може ли за 150? Ептен ефтино ќе поминав да ми успееше ценкањето и да ми "попуштеше"