1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баби во младоста

Дискусија во 'Насмевка' започната од bad-cat8, 5 јуни 2011.

  1. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Ваште баби во младоста

    Јас имам две баби .. Едната..(од на татко ми страната) со нејзе никогаш не сум била ептен блиска.. незнам зашто.. но сепак си ја сакам .. секогаш ми кажуваше да ги слусам моите и да им помагам бидејки она како мала истото го правела многу и помагала на мајка и .. со дедо ми се запознале на некаква игракна..и така некако биднала целата работа.. Сега баба ми е многу болна жал ми е за нејзе многу но тоа е животот!
    Другата баба (од на мајка ми страната) тоа е права госпоЖа .. хаха никогаш не оди во продавница ниту фра губре.. секогаш дедо ми го праќа т.е. веке не ни го прака самиот знае дека треба да оди .. биле наставничка и дедо ми бил исто така и така се запознале во некое школо кај што двајцата предавале..За дечковци такви работи не зборам со нив уште мислат дека не сум имала дечко зашо ме мислат уште за мала.. хахах пошо сум им најмало внуче и сеуште сум мала за нив.. Но памтам сестра ми кја е постара од мене баби ми шо и каза еднаш ја прашуваше дали има дечко и сестра ми и кажа дека сега нема.. баба ми најди си некој .. види како ке ти е с него ако не ти одговара мењај си мора да ги мењаш дур не најдеш некој асален хаха боже боже ! ете тоа се моите бабии .. :angel:

    Се извинувам се забораив дека темава е за бабиве од младоста .. ств извинете сум утнала малце ја
     
  2. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    40
    Леле сите ве исчитав, бабите ви се закон!

    Инаку моите две баби биле лепотици, они главни биле, најпаметни и слично :lol: . Со баба ми од на татко ми страната не живеам во исто место и затоа не знам многу за нејзината младост. На сметка на тоа пораснав со баба ми Менка, многу откачена жена (во позитивна смисла :D ). Инаку она е од Кавадарци и многу сака да зборува на дијалект :inlove: . Многу била разгалена кога била мала, тринаесеттото дете била и сите многу ја чувале. Абе се што сакала се добивала 8) . Претходното лето кога седевме извади еден албум со слики од неа и луѓе јас се заљубив и цел го скенирав, еве две слики што ми се посебно драги :$ .
     

    Прикачени фајлови:

    На LittlePinky, kravina, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.856
    Ех баби... Јас всушност не сум голем љубител на баби :) дедовците повеќе си ги сакам, веројатно заради едната баба..
    На едната се сеќавам многу малку, но имам многу убави спомени. Ја паметам како учена жена, секогаш средена, со фризура и шминка, и секогаш на штикли :)
    Знам дека ни правеше јадења цело време и ни одеше по кејф.. Со дедо ми се запознале кога дедо работел кај неа во село, па си праќале писма :D (еднаш ни ги покажа) и после некое време се земале. Дедо бил многу убав човек и сите жени го бркале ама ете, баба го ќарила..
    Другата баба, се запознала со дедо ми на факултет, и она се омажила, не го завршила факсот. Секогаш ми покажува слики да видам колку била убава...
    Ми вика пред некој ден додека се депилирав.... - Ние немавме вакви работи во наше време, така се шетавме :o
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    ах баби и приказни колку сакате...
    Мојата била најучена во цело село (дури 4то одд :tmi:) и до ден денеска ги окривува нејзините што не и дозволиле да го продолжи образованието и да добие добро работно место, таа била многу интелегентна и до ден денеска кажува :lol: - па отука и изреката - учи синко само учи |(
    Кај учена па и убава, висока, средена :lol:
    Дедо ми исто така убав човек, висок, со плави очи го ќарила на прва :clap: потекнуваат од сосема различни краишта па одлучиле да живеат на 3то место и се доселиле овде...
    Алал да му е на стројникот што ги наместил :lol:
    Не е баш во добра здравствена ситуација инаку ќе научела кој ми е дечко :wasntme: од нејзе ни тогаш ни сега неможело ништо да се скрие, се дознавала, се распрашувала по народот :lol:
     
  5. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78

    аххахах најзакон :* инако сликите се многу убавиии :clap: :makeup: :makeup: :makeup:
     
    На Aurelia-Aurita му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Мојата баба да признаам како млада била ПРЕУБАВА!
    Да не ја урочам ама еве и сега се држи со исто темпо. Со неа како помала сум зборела многу во врска со дечковци, таква си е :) Ми има кажано она едно нешто и уште си го памтам од мои 8-9 годинки :
    “ На машко дади му се пола нагоре, а пола надоле чувај се за себе додека не одлучиш што сакаш. “
    Интересно и сеуште си го памтам и си се смешкам на истото :)
    Инаку она страшно ги мотала дечковците, незнам како после тоа се земала со дедо ми млада и останала верна на него, ја да бев на нејзино место ке ги сменев уше тогаш, алии ете љубовта што ти прави :)
     
  7. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Рибица права мојата ќе да била најсекси мама во тоа време :lol: . Бомба права била . Ех тие времиња - само си спомнува баба ми .. и мајками е на неа но јас за жал не сум :fubar: :worried:
    И да за малку ќе заборавев .. Не била толку интелегентна . но сега богами е . :D
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Баба ми се запознала со дедо ми на игранка. Била мноду убава, згодна и дедо ми исто и танцувале заедно и во тоа време доволно му било за рака да се држат. Дедо ми многу бил љубоморен и не ја оставал да танцува со други хахааахаха и на крајот се зеле, ама штиклите што ги носела многу и ги сакам :inlove: :inlove:
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Мојава, Бог да ја прости, права лисица беше во секоја смисла на зборот, ем карактерно, ем такви едни зелени очиња како лисичка имаше. :)
    Биле 8 деца на богат сељо-мен кој поседувал 70% од нивите во околината и имал најголема штала со најмногу животни на кои сите му љубомореле дека изгледале најубаво и најздраво, и мојава секогаш кога ке сакала да не ја испрашуваат, им носела петли на учителите за да си прават супа. :D Уште тогаш примале мито мајкиниве!
    Го паметам името на нејзината прва љубов - Стојанче Дрангоски (и секогаш му се смеам на именцето :lol: ), ама пустиов некогаш се фатил на оро за друга жеМска и сета љубов на баба ми кон него исчезнала, плус тоа за неа било навреда пошто таа била најдобра играорка и секогаш коловоЏа.
    Дедо ми го запознала кога за време на друг Тито работеле доброволно на некои шини и типов строен, убав, згора на се` и официр, случајно се изгубил тука за ете, да се најде со баба ми и по некое време решиле заедно да побегнат пошто прадедо ми бил престрог и несакал да ја даде за некој кој тој не и` го намерил.
    Била и голема заводничка пошто имала убаво лице а згора и најголеми гради од сите таму, и зимно време хоби со другарките им било да оставаат траги од гол задник во снегот. Пискав од смеа кога ми го кажуваше тоа со толкава сериозност и жар.
    Ја сакам и ми недостига. :(
     
    На Neytiri, Meggy, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Како што кажува баба ми за себе, била најубава мома во селото (Вруток). Била метро и жилет, ама црвена, бела со долга коса плетена што да ви кажувам. И башка била од побогато семејство, нејзините си терале бизнис во Бугарија. И, уште од мала си го имала меракот за дедо ми, и тој од истото село. Заедно учеле, и секој ден си се шмекале. :D
    Ама баба па си имала многу други додворувачи. Кога фати еднаш да си ги набројува, од каде не, јас си реков па оваа и Анџелина Џоли ја заебала (инаку баба ми се вика Ангелина). :D Али, љубовта валда победила, па баба си ја омажиле за дедо, сигурно им одговарало, татко на дедо ми бил кмет во селото и другите околни села (нешто како што се градоначалнициве на градовите). И така си живееја среќно и весело се додека дедо не почина пред некоја година и љубовта тука заврши. ;(
    А баба, денес има околу 80 год. и да ви кажам во населбата ја викаат Брзи Гонзалес, зашто девојка од 15 год неможе со неа. Нон стоп е во движење, а од ништо не боледува. Опасна си е :D :D :D
     
  11. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    33
    Аххх бабаа... штета шо сме толку раздалечени ... :(
    јас родена и израстена австралија со неа. мајка ми на работа тато на факултет и работа првите 15 годии повеќевреме поминував со баба од колку со моите ... не жалам :)
    кога ете да речам станав жена (18) отидов да ја посетам еден совет кој никогаш нема да и го заборам беше: бабаа немој да ги оставиш то петлите таму македонија со пијчка да ти се приближат не се битни парите битен е паметот. ах баба баба кога полнеше 61 дедо ми цееееели 2 мееци и викаше sexyone и та ладна туш: Велко shut up ! xaxaxaxa
    баба iloveyou!
     
    На machorka, Meggy, love.edward и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Баба ми како мала била многу мачена жена, со непостојано живеалиште, те кај брат и, те под кирија.. Нејзините многу млади умреле.
    Кога се зеле со дедоми, станала многу модерна. Се фарбала плава и имала долга коса. Секогаш и била во некои пунџи и фризури. Била средена цакум-пакум.

    И можам да ви кажам дека е прекрасна. Многу била убава. Има зелени накај плави очи, прекрасна насмевна која на скоро 60 год. заводливо си ја носи. Нема ниту еден паднат заб. Има заби на глумица.

    Модерна, со модерни сфаќања и тогаш и сега.Имам една слика за визуелно да ви ја покажам. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • Captureњњ.JPG
      Captureњњ.JPG
      Големина на фајлот:
      33,7 KB
      Прегледи:
      439
    На aaaaa, CoCoGiiiRL, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Знам само за баба ми од на мајка ми страната. Кога ќе дојде дедо ми на гости кај нас, го терам секогаш да ми раскаже уште нешто плус.
    Родена во село кое денес брои околу 20тина куќи од кои 2ца дали живеат во нив. Повеќето се викендички. Во нивното село имало училиште во кое се учело само до 8 одд., а потоа ако сакаш можеш да станеш и наставник во него. Средното училиште било одалечено со километри, па не секој можел да го продолжи своето образование. Куќите им биле колку сега една наша соба, 25тина квадрати. Баба ми, витка, убава, млада девојка, од угледна фамилија. Рано ги изгубила своите родители, па била оставена да ја чува нејзината стрина. Блиску до чешмата на сред село, нејзиниот татко имал еден објект. Половина бил продавница, а во другата половина се одржувале селските игранки. Сите во селото се знаеле, а повеќето од нив биле и роднини. Се спремала свадба на некоја братучетка на баба ми. Она била таму месачка. Дедо ми кој бил од истото село и само неколку куќи подоле од неа, исто така присуствувал на свадбата со неговиот другар, кој бил пак роднина на баба ми. Другарот на дедо ми здогледал некоја девојка. Била братучетка на дедо ми. Се договориле некако на игранката вечерта да излезат заедно, па за возврат другарот го прашал дедо ми дали сака да излезе со баба ми. Дедо ми уште на почетокот велел дека нема шанси кај неа, а и била мала, но сепак се согласил. Се забавувале извесен период за да после одлучат да се венчаат. Потоа се родиле мајка ми и вујко ми па се преселиле во градот каде израснала и мајка ми.
    Тоа е во кратки црти за тоа како се запознале они двајца. За понатаму за нивниот живот ќе забегам од темата, бидејќи главна улога има мајка ми. Во наредна прилика ќе биде дораскажано.
    За другата баба и не знам многу. Во кратки црти ми е раскажан нејзиниот живот и тоа низ магла се сеќавам на некои случки кои ми ги раскажуваше.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.912
    Mojата баба била многу модерна жена за нејзино време.
    Во мојот плакар имам една чантичка што редовно си ја носам и е многу добро зачувана . Ми даде едни парфемчиња со дрвен оклоп кој е рачно изработен од мојот прадедо - нејзиниот татко .
    Ова ми беше воедно и подарок за роденден .. Секаде јавно кажувам од кого ми е даден , koj го правеше, ма сигурна Баба ми била најшколована во цело село ,на вода кога оделе со другарките таа била најдотерана и најчиста од сите , имала дури 3 понуди за мажење ама прадедо ми не ја давал лесно . Еден дошол на врата без стројник без ништо и ја прашал дали сакаат да се земат и рекол : Ќе те наредам со златко како Богородица, само стани ми жена,, Баба ми на ова неможела да не се насмее оти човекот изгледал многу смешно и помалку просто за нејзини рамки .
    Сакала и да го продолжи школувањето но бидејќи била дете на столар неможеле да си го дозволат тоа , затоа и ја омажиле.
    Дошол еден познајник на прадедоми и му рекол дека сака неговото девојче да му биде жена на син му .
    Ни 2 ни 3 прадедо ми без да ја праша баба ми и кажал за кое дете ќе ја мажи а баба ми рипнала да се буни , но немало назад , звборот бил даден , а ако дадеш зор ко в црква да си ветил :D
    Баба ми никако неможела да се помири со тоа , си се борела за своите права како жена и го замолила прадедо ми ако може барем еден муабет да направи пред да се земат. И дозволил и се нашле овие .
    Кога го видела баба ми многу и се допаднал ,висок со симпатични црти - ама еден збор не кажал. Се нешто срамежлив само баба зборувала , дури и вода му носела со котле да се напие :D.. Кога се зеле заминале да живеат в град бидејќи баба ми била бремена со тато и несакала веќе да и се мешаат од дома . Сеуште се држи добро баба, бојата на очи и е како сафир плава и има прилично полни усни .
    Баба ми овде продолжи образование и се вработи како туристички водич а дедо работел како калфа.
    Појдени се на места во светов колку за 3 животи . Љубовта меѓу нив се развивала , пред 2 години славеа 50 годишнина од бракот :inlove:
     
    На CoCoGiiiRL и Dzverche им се допаѓа ова.
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Хаха кога и да гледаме слики, вика: еееее што тенка бев во половината тогаш. :lol:
    Исто ми беше интересно кога ми кажа дека го фатила дедо ми во Скопје со некоја женска на клупа и под чадор како седат. Опасен дедо ми да ти бил.
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    До сега ми раскажувала како и било во младоста можда над 100 пати и секогаш обавезно кажува две работи: дека била највисока а со тоа и најубава у селото и многу ја сакале за жена. И, цитирам 'Не излегувавме ко вас сега, имавме само едно збирало и таму одевме да пееме песни'. :lol:

    Истата фризура што ја има сега, ја имала и тогаш, цеееел живот исто.
    Се омажила млада, на 19 години. Дедо ми дошол од Србија на гости кај неа во село, се бендисале и се зеле. Кога ке размислам на кој принцип било мажењево... :tmi:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    За биографијата нивna нема да пишувам ама сакам да напишам дел од нивните козметички препарати и техники и фризарски вештини.

    Eдната баба ми е Бугарка Бог да ја прости. Имала тешко детство, до 5 одд одела на училиште ама после останала дома да ги чува помалите. НЕ ми се расправа нејзината историја длга и широка ама ми има кажувано дека таа кога дошла тука на 18 години се зачудила од модата на тогашните моми тука. Тука на мода било девојката да има влакна по нозете, демек колку поголеми влакна толку поплодна е :D Дошла баба ми овде издепилирана (не знам како со конец се депилирале) и сите ја оговарале демек оваа деца нема да има а таа уште првиот месец трудна останала. И виделе жените оти грежка се почнале и они да се справуваат со влакната. Стално кога се депилирав викав ’’Бабо ти си крива за овие маки што ги трпам’’.
    Била од сиромашно семејство а имала одено на шопинг во Турција, Грција и во Италија. На враќање од Италија во vоз го запознала дедо ми кој се враќал од печалба. Така им бил дома редот дома собирале пари цела година ако треба штом имаат девојка за мажење да ја пуштат во странство за ’’руба’’ да спрема. А не моиве копуци дома не им текнува да кажат керко еве ти 4000 евра мома си тркни до Милано купи си нешто за руба, они ме мелтретираат тука со студирање.

    Другата баба ми е со хрватско потекло,многу убава жена беше кога се мажела за дедо ми цел град бил против и неа Бог да ја прости. Од нив научив дека ние не сме кој знае олку понапредни и посрекни луѓе. Баба ми и да има и да нема време на косата маски ставаше домашни правени, со свински сапун си ја миеше косата со вода од ореввови листови си ја плакнеше, имаше коса квалитетна и убава како на мома. Правеше некои креми домашни за пети, и покрај што работеше никогаш ја немав видено со испукани пети да оди. И на стари години ја имам видено со краставици на лицето.Лекови домашни правеа за крајници, лосиони за лице и што ли уште не. :!: Во нивно време фигаро немало ама они пак биле снаодливи девојки, железна шипка ја подгревале на оган и косите си ги правеле. Ние мрзи светски сме имам крем немам време да ставам, фигаро имам ме мрзи да се мотам, маски за коса ставаме кој знае што има во нив, ама нели де пак ние модерните сме и паметните- а бабите наши заостанати.

    Наместо улошки на гаките си сошивале крпчиња по неколку слоја на местото каде што денес улошките стојат. Си имале по неколку такви пара гаќи-улошки за кога биле ’’со редот’’ (така викаа на менструацијата). Од парфеми страна знам оти го користеа тој еден Бугарска роза, во мали шишенца како денешните тестери.
     
    На CoCoGiiiRL, dancing.queen, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. feminaiskra

    feminaiskra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Хаххахахаха :D како да ви кажам била РИБА скоро најубава во Охрид која со нејзиниот дечко имале кола од најновите во тоа време таа се облекувала многу убаво била модерна со стегнати фармерки излизани и ги правела да биделе скинати!!!(се прасувам како им досло идејата) била фраерка и многу слушала jaz поп рап и сл. имала виткана долга коса(исто како мене) носела високи штикли, одела Рим, Ну Јорк, Париз,Виена......Има уште ама ова е накратко!!!

    И СИ ЈА САКАМ НАЈМНОГУ :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
  19. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    Рап? :^) Хмм. Да не немало тогаш? Ипак зборуваме за 60ти и пред нив.

    Баба ми, тоа е жена да седнеш со неа и да се смееш без престан. Пред некое време ја натеравме со братучетка ми да ни раскажува како го сретнала дедо, и ајде со таква неволна фаца вика хм, шут беше многу, ич не го сакав. Дека она од едно село, он од друго ама нема ни 20 минути пешки да ги одиш ама тоа ти е, а татко му на дедо па тогаш се вратил од Америка поима си немам зашто бил таму, па нешто дедо ми фраер им бил ко божем тогаш ама баба ми си сакала некој друг, и вика пуу што ќепец беше јас стројна, убава тој хм(и пак фацката што незнам дали некој на светов може да ја направи како неа, во иста фацка изразува и неволие и како да вика пуу каде го земав, каде го запустив поубави имаше) ама ете се земале, на 19-20 години си купиле куќа во Скопјенцево, после си се засакале уште си се заедно и многу си ги сакам. За ништо на светов не би ги менувала ни двајцата. Поздравче бабеее :*
     
  20. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Па така пишува де :^)