1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училишни глупости

Дискусија во 'Насмевка' започната од dankee, 9 април 2011.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Наставничката англиски прашува со што ќе отидеме до аеродромот (прашање извадок од текст)најпаметната од сите нас една ромка вели со авион :rofl: :rofl: :rofl: .
     
  2. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Во седмо одд. ни дојде на замена еден наставник (така троа поглуп) :D по Историја.На негов час беше многуу здодевно,он си зборува свртен кон таблата исто како на таблата да зборува а не на нас,а ние лудуваме.
    Мене тогаш многу ми се пиеше вода зошто пред тој час имавме физичко-ама наставникот не ме пушташе :@ . И сега како да отидам до веце? Ми текна ]:) ! Девојчето што седеше до мене имаше едно црвено пенкало што пушта многу боја.Го намачкав показалецот (на десната рака,а пишувам со десна) со тоа и му се дерам на наставникот:
    -Наставникууу,се боцнав и ми тече крв,може да одам да се измијам?
    -Дојди да видам! (дека седев во предпоследна клупа и не се гледаше баш убаво ,,раната'' ама важно се гледаше мастилото ко демек крв)
    -(и си викам во себе:ако отидам,ќе види дека го лажам па може ќе ми намали оцена или неоправдан ќе ми стави) Ама наставнику многу ме болии и ми тече крв!
    -Добро ајде оди!

    И во тоалет не го измив баш убаво мастилото зошто веќе беше навлегло во кожата :D се напив вода и го завиткав прстот со палома.Се вратив во училна (другарка ми се кези од 6ка-6ка дека знаеше што направив :D ) и наставникот ми вика:
    -Ти тече уште крв?
    -Да,да му викам.
    -Добро тогаш седи,не пишувај ќе препишеш утре од некој друг.

    Добро е,не ме фати. :whew: :D
     
  3. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    Кога бевме основно ( 6 или 7) еден другар пушти ракета во WC. :fubar: Да да, ракета и цел ходник беше во црвен чад, не се излагаше надвор. Па потоа директор, педагог... оооо што немаме правено ]:) :lol:
     
  4. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Оваа година ни дојде нов професор по Историја бидејќи тој што ни беше бил повреден,професоров беше премногу добар спрема нас се ни дозволуваше но една моја другарка се качи на катедрата(така го викаме ние) каде што седи наставникот и ја скрши ох боже :D
     
  5. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    На математика и ја заглавувавме вратата и така испокршена да не може да влезе,па доаѓаше хаус мајстор,а теест требаше да имаме и вика па вие сте пикале хартија и ние сите вакви :lol:
    Поточно и ја заглавуваа машките,јас не,поштено дете сум :rofl: :wasntme:
     
    На Beautiful_girl.. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivchee.ivche

    ivchee.ivche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    хаххахаха еднаш требаше да правиме тест по математика и јас учев ама ми беше страв да не извадам слаба оценка дека беше многу тешка темата и фатив во ранец пикнав една голема икона и после на час ја извадив и се молев хахахаххахах :D :lol:
     
    На 8463. и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  7. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Најлуд клас сме..Кутрата наша класна секогаш на советите црвенее :$ затоа што нон стоп се зборува за нас и нашите глупости..
    -И ми текнува на почетокот на годината нашата наставничка по Италијански се преместила од трети на први спрат..И ние паметните иако никој не ни кажа ама ја гледавме наставничката на први спрат и за инает отидовме пак на трети спрат во старата училница..И си чекаме,чекаме околу 10 мин..И ете ја наставничката доаѓа горе лута,не прибра доле и ни вика:Знам дека сте паметни и намерно останавте горе за да одземете од часот..И ние почнавме да се смееме и за казна правевме наставно ливче со некои работи што ги учевме минатата година :^)
    -Друго исто на еден час по Италијански јас седев до еден ученик беше висок и ги испружил нозете дури излегле од клупата..И наставничката не видела и си поминува и кога се сопна..Па кога фана да вика и ученикот отиде во забелешка..
    -Пак на еден час по Италијански (сите глупости што ми текнаа се на часот по Италијански :lol: ) ,со истиот тој другар ја забележавме наставничката дека е искашкана на га*от..И тој запна ќе и каже..И вака оди разговорот:
    -Натавничке,искашкана сте..
    -Каде?
    -Отпозади :D (леле прснав тогаш) и таа свати,малку се посрами и се исчисти :lol:
    Засега ми текнуваат толку,ќе пишам кога ќе ми текнат ;)
     
  8. Femin4e.mk

    Femin4e.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    леле ние што ја имаме една по биологија што да ви кажам..живи комедии е.. секогаш косата и е залижана и сплескана и еден ден кога дојде со една волуменозна фризурка(иначе многу кратка коса има..како на машко) абе како распукана тиква беше во главата :rofl: ..и кога влезе на час ние се скинавме од смеење ..патос..оваа не гледа и ни вика што е толку смешно? погледнете се вие самите како изгледате а после за друг да зборувате..ама што е најако си сфати дека за фризурката се работи и веќе не и текна таква да дојде во школо :D (освен во ретки прилики) .

    Исто така оваа моја биолошка секогаш кога е нервозна цело време вика *ајде ,ајде* и ние еднаш многу ја изнервиравме и се деревме на час и кога се разборе *ти ајде седни ајде ајде..кога ти реков седни ајт ајт ..ајде кога ти викам* и така и броевме и вкупно во еден час дури 97 пати кажа ајде хахахаах..ментална е таа женичка :D

    Леле ми текна на уште една случка повторно со биолошката..еден ден дојде на час со поинаква облека од обично (постаринска и поникаква) знам дека носеше сукња и како некое елече одозгора ама тоа елечето така подугачко..и сега почна да ни раскажува нова лекција..и така си се шеташе низ училна и случајно се сврте назат и кога гледаме на сукњата од позади толкава дупка кај газот..таму патентот распукан хахахахах се скинавме од смеење хаххаха :rofl: :rofl: :rofl:
    кога ќе ми текне лелел... кога ќе ми текне цело одделение се искинавме од смеење, а што е најтрагично женава не сфати за што се работи..и на крајот на часот сите излеговме во ходникот и чекавме да помине за да ја гледаме хахааххаахахахахахах нешто подзапримети жената ама не знаеше за што се работи хахахахаа :rock:
     
  9. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Леле колку глупости имало.. :lol:

    Во осмо одделение, имавме час по англиски, јас бев дежурна. Бевме со другиот клас, училниците една спроти друга и машките незнам колку клупи, 2-3 однесле во соседниот клас, памтам дека изиграваа нешто, пренесуваа као демек мртовци на клупите. И јас воопшто не приметив дека фалат клупите и иде наставничката и кога се развика на цел глас *youngandbeautiful СТАНУВАЈ! :fubar: Душата ми ја извади, станувам јас и ја гледам :|. И ме прашува кај се клупите, јас појма немав. И таква цела изнервирана појде кај директорот, а дур беше таму машките сите клупи ги турнаа напред во таблата за да неможе да се помине. И влегуваат таа и директорот, воспалени од нервоза :devil: и прашуваат кај се клупите и само директорот одеднаш: ШТО СТЕ ГИ НАЧУКАЛЕ СИТЕ КЛУПИ ВТАБЛА, МИСЛИТЕ НАСТАВНИЧКАТА БОМБОНИ ЌЕ ВИ ДЕЛИ?! :@ И кога сме прснале сите.. :rofl: :rofl: :rofl:

    Во осмо исто така последниот ден од првото полугодие, имавме една елка демек во училницата со лампиони. И на сите одмори игравме фудбал со лампионите, летаа парчиња на сите страни, ја кренавме училницата од урлање и смеење. И еден школски ја фатил елката во раце за дршка и ја мава од ѕид и летаа парчиња од лампионите на сите страни, ја мава елката и се дроби од смеење. И само тропна вратата, класната со трчање и школскиов како што му беше елката во раце ја фрли низ прозорецот и однадвор се слушна пискање од девојчиња. Училницата беше како војна да имало. :lol: :lol:
     
    На 8463. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Многу има.
    Во прва година средно имаше еден професор кој постојано ме задеваше, штом влезеше во училница и седнеше на катедра, одма погледот во мене и коментираше нешто. Можеби дека имењачка му бев. Еднаш рече дека сум носела ладно оружје во школо, мислеше на кожните наруквици со нитни во форма на боцки. Но беше многу строг а јас обожавав да разговарам на час и постојано ме опоменуваше или бркаше од час. Еднаш додека ни диктираше, ме насмеа другарката до мене и во еден момент тој престана да диктира а јас со главата пикната цела во тетратката. Знаев дека ме има слушнато кога се насмеав и онака пополека го кренав погледот и гледам - во мене гледа. Ми рече да излезам надвор но јас не станав. Упорно седев и ми рече или да излезам или ќе ми пише казна. Јас му реков да ми пише казна, надвор не сакав да излезам затоа што ќе ми биде досадно сама, а инаку бркаше повеќемина и тогаш излегував без проблем :D
    Еве и некои бисерчиња.
    Имавме класен час и одеднаш едно дете стана, рече дека е многу тишина и дека ќе оди до пекара.
    На англиски професорката нешто се изнервира и праша "Што ви е вас денеска?!" И еден вика "Роденден".
    Професор влегува, беше зима, деца испонаредени покрај парното и тој вика "Што сте се собрале покрај шпоретиве? Ладно ви е?"
     
  11. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Во основно со една другарка паметам коа на голем одмор гледавме во ходникот таблоа и кај шо се наставниците сликани демек во раните години,и ни беа интересни кој од кој посмешен,но еден беше најсмешен (сеуште ни предаваше) косата скратена печурка и на среде патец и едни тегли наочари поголеми од него:lol:Лелее коа го видовмее:rofl: неможевме д ас есмириме од смеа со другарка ми,а после одморот имавме баш негов час (а тој така построг од старите типови се забележуваше и некој ако му с есмее веднаш го заприметуваше) а ние како за инат смеа не фаќаше неможевме да го погледнеме паѓавме под клупа од смеа,и од страв уште повеќе смеа не фаќаше :rofl: не можевме да издржеме на тој час секад коа ќе го видевме не потсеќаше на сликата и едвај седевме на час кај него..

    Еднаш памтам исто така во основно цела училница коа ја наполнивме со лисја,се гаѓавме..Исто така и мастики на стол сме ставале,на катедра кај шо седи наставникот,потоа сме имитирале наставници кој каква глупава и смешна навика има:)
    А сега во средно има значи премногу глупости кои неможам ни да ги допамтам сите,кој зине глупост тресе и избркан од час пошо учам со ептен одлепени деца:rofl:

    Eден на час по историја го прашува професорката да каже една лекција(пошо он секад се ваѓаше само да не одговара) и му ја кажува лекцијата и она вели:Професорке неам научено бев на свадба ако може нареден час, и професоркава вели: E ајде нареден час ама да знаеш дека тогаш сигурно ќе си испрашан и ке добиеш оценка..И ајде доаѓа нареден час и пак професоркава го станува тој и му вели да одговара и он и вели:Професорке пак неам научено, и професоркава налутена му вика:А зошто не си научил??!! и он:Епа професорке сеуште се радваме за невестата,од радост неможам да учам! Ние легнавме од смеа:rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Потурија цело шише со вода на столчето од професорката, па ајде испрашувања кој, како, шо, зошто.. Сите знаевме а никој не кажуеше, пошо после од виновникот ќе настрадаше кодошот :lol: .. За малку цело одделение ќе си го однесевме и тоа ептен добро, ама класната не изваде некако, со триста маки :lol: ..

    A ова беше глупост на професорите. Знам со класната требаше да имаме час ама поминаа 15 минути и ја немаше неа, па ајде појде некој да праша шо се дешава и овој некој си професор му рекол на детево дека нема да иди класната и да си одиме дома (последен час беше) и ние оп цуп си се спремивме и по скали и дома да не нема :lol: .. Е следниот ден беше интересното хаха, цело одделение си добивме по еден неоправдан, и никако не можевме да ја убедиме класната дека така ни кажаа да си одиме дома, мислеше дека сме избегале. А тој пуст неоправдан, ене го, на сведителство ми стои.. :lol:
     
    Последна измена: 30 август 2015
  13. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Ми текна уште една глупост која не ја напоменав прееска.
    На час по англиски имавме испрашување и иде на ред еден ученик(шо нема поим од англиски) и професорорв му дава текст за превод и он коа му ја распали да тропа глупости(он преведувал на google translate и сето неточно:x) ние сите на под од смеа со се професорот :rofl::rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Играме одбојка надвор,и од спротивниот тим многу високо ми ја прчеа топката дури до другото игралиште,а мојот тим беше релативно слаб,и јас така изнервирана се дерам и им викам е сега сакате ли да ја качам до горе(спротивно од мене беше салата) и така отиде топката на кровот на салата. :D
    Пред некој ден,од другата смена донеле некое ормарче(на професорката сигурно),и ние палави и љубопитни уште од почетокот на септември го скршивме убаво ]:)
    Еднаш исто така на професорот му го скршивме столчето,но доволно само да може да се седне на него(без да се знае кој момент можеш да паднеш),и така овој си седна ние сите овакви :wasntme: и после го примети,зема на обичниве си седна,а по некое време донесоа ново столче:rofl:
    Пред некој ден професорката по биологија ни зборува за некој музеј,и така занесена место да каже музеј таа зоолошка почна да ни збори,а ние прснавме од смеа
    Исто така едно дете кога бев 7мо кажа на проф. по физичко дека го боли коленото за да не вежба,после од соблекувалната машка се испружило на прозорецот,а со него било уште едно дете.
    По некое време стигнал и професорот во соблекувалната,го затекнал како виси на прозорецот и му кажал на другиов да ќути,а оној го мавнал еднаш по грбот,а овој мислејќи дека е другар му 'Абе глупак еден!!",после тоа проф. го мавнал уште еднаш и сите во школо зборуваа за тоа.:lol:
    Најголем срам мене ми беше кога на професорот по ликовно место "добар ден" му кажав "здраво":angel:
     
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Ех...за домашно професорката ни имаше дадено состав со така модерни изрази...јас составот мој го крстив Муабети...и триста глупости изнатрескав...еве ја:
    Разговарав со чао мала фешн тв и се правев ко бајаги дека ја слушам оти не бев нешто ин од сабајле.Но кога спомна нешто како грофта, ги начулив ушите.Имала госпожава некоја случка додека чекала келнерон од пицеријата да и го кажи пасфордот за вифито.Колку е шупелка абер нема!Некој и рекол дека е гром но во фацата лом.Таа то го прими како комплимент човече!Истата таа будала која и рече на малата фешн тв исто така врглал со очите и си заминал.Таа како ми кажуваше како некој да ја крунисал личотава.Иако е понекогаш тралалајка,интересна е во начинот на кажување.Ај потоа си заминав дома.Макаренкава ми ѕвона на телефонов!И ми се ѕвери со овие зборови:Море копук еден кај се наоѓаш?Еј абре јас сум и велам.Таа упорно ѕвекаше:Ај не биди мањо повеќе,аман!Не,не неам ја више концетрат!И после ќутев и у позадина се смеев.Таа го слушна моето смеење и го препозна.Уникатливо е де.Начинот како ми се извина е тотално екстра поуникатен од претходното нејзино црекање:Дрво ниедно!Зашо уште од почеток не ми кажа дека си ти?Му ѕвонев на малиот кепец мој да се врати дома,татко ми сто саати го бара за во гаража нешто.И така на крајот од нашиот малку безвезен разговор таа пак чукнатата го заврши разговоров уште почукнат.Интересно е со вакви чоеци у околина.И за крај да докажам,вака она ми кажа:Да ти предложам сеа.Да одиме да купиме некое фустанче,така кома да е и ненадејно да му упаднеме на роденденот на коконата!Се разбира предлогот не го прифатив оти знам дека ќе ме натераше да раскажувам колку била фејмос на времето оваа моја пријателка точак кога шетала наоколу со златната торба со пембе боја.Не сакам да се замарам за небитности.Но ова муфте ломотење со малечкава сирена ми го направи денот како да сум била на некој состанок на некое министерство на дудуци.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Темава баш како за мене пошто уште одам на школо основно хахаха..
    Еве неколку случки:
    Со другарка ми сме си малку од појќе откачени и само се смејме на час и сега кажвевме глупости и пеевме ,,слушам кај шумат шумите,, и другарка ми почна да ме ладит со тетратка во вратот пошто топло беше и наставничката еден поглед ни фрли и ни рече: Бјутифул грл и (името на другарка ми) не изигравајте бесни глисти дан ја затворите вратана од надвор, ние на то уште појќе се смеевме хахахахахха

    Со истата другарка од претходната случка и со едно дете се прскавме со вода петокот, и врнеше надвор и ние со другарка ми бегавме од детево а јас стартки носев(конверс) тие како се лизгет и само другарка ми ме тргат и јас паѓам директно во вода коленото си го смачкав и се напрајв лом жива вода и така водена си седев уште 2 часа

    Наставникот по музичко имат мустаќи и брк го викаме и тој лош е многу и ние на час му прајме глупости му викаме му ,,бучиме,, со флејтине и само се глупираме и тој на цело одделение ни напиша прашалници во евиденцијана негова и после рече кој ќе свирит за плуска и јас кренав рака ме стана плуска ми пиша и еден другар креват рака ама флејтата ја заборавил и ич не се сетил на то и му велит наставникон свири ајде и тој лелееее ја заборајв флејтата и си заработи уште една минуска лелеее едно смеење шо падна дента аманн хахаха

    Имам многу случки ама неможам да пишам појќе ме мрзит сега ахахахах :D (y)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella.FCB

    Bella.FCB Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Хаха браво за темава. :D:clap: Седиме двете одделениа на час и наставникот по музичко пушта нешто народна музика, а ние така предпоследна и последна клупа малку повеќе откачени ни раздава другарка ми паломи и стануваме и почнуваме оро да вртиме на сред училница, кога наставникот не виде сакаше да не избрка, но ајде се смилува бидеќи повеќето бевме одлични ученици... Само што седнавме он уклучува некоја презентација и ни покажува филигран на пеперутка и вика ајде кој ќе ми каже каков занает е ова и ние исто предпоследна и последна, пеперутка. Е тогаш му пукна филмот и не избрка.. Имам уште многу вакви случки но овие се едни од поинтересните. :D:P
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Ме фати наставничката по хемија како пред едно мало иконче што го носев во џебот се молев како немормална и се крстев едно десетина пати да не ме стани на час.Застана позади мене и ми вели:Не треба молење Луцерке треба учење.Ке умрев од срам,потонав
     
    На 8463., Beautiful_girl.. и LittlePinky им се допаѓа ова.
  19. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    хахаххахахха лелеее и јас се молев така едно време пред тест, демек 5 да добијам хахахах лелее ама мене не ме виде наставничката, посебно то пред тест математика ко ќе правевме :rofl: :rofl:
     
    На angelche16, LadyInTheDark, Bella.FCB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    кај нас сме сите луди од прв до последен. ни натекна лани се тепавме со сунѓери и ја скршивме врататаи стоеше само така поткалена и влезе наставничката по германски и вратата и остана во раце ама и ја удри по она нејзина тиква зелена и она вие вака вие онака ние се смееме она се нервира и го вика директорот а директорот многу не сака и не ни вика и она си ја плати вратата.
    А сега пред некој ден една моја пријателка го удри на едно дете и тоа плачеше дојде наставникот по историја и и рече нешто и она му врати. и тој сакаше да ја удри и таа му ја фати раката и му ја спушти тој ја удри со вратата и како што е тој низок туркање она на вратата и го залепи за ѕид и он демек за да ја фати таа му летна низ врата и дома
     
    На Bella.FCB му/ѝ се допаѓа ова.