1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Раскажете случки кога сте биле многу засрамени што сте посакале да се отвори земјата и да ве голтне :) Па и да се насмееме малку :lol:
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    обично и не знам баш да се засрамам :D се смеам на моите киксови и така настанува смеа во која и јас учествувам :rofl:
    сега прво нешто што ми падна на памет е една убава петочна вечер испадната со другарки, дотерана пицната ееееептен :lol: и во кафиќот во кој бевме имаше скали. и јас така ептен самоуверена главата горе, црвени усни :rofl: абе одам и така ја замавнувам косата и одеднаш :o 10 скали надоле за секунда :o :rofl:
    цел кафиќ во мене :worried: ама станав пак си се насмевнав и продолжив како ништо да не било, а уствари засрамена уфффф... не можам да опишам колку :$ ме срамеше две недели да испаднам во тој кафиќ :rofl:
     
    На Crna Dama, Meckicja, one_girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Во седмо одделение ми се допаѓаше едно дете од осмо . И на час по музичко ја молев наставничката да побарам сунѓер . Отидов дуури на другиот крај од школото , за сунѓер да побарам :!: :D И влегов кај него на час , се вцрвенив цела и сите по мене и по тој викаа дека сите знаеа дека демек се свиѓаме . Бев со другарка и пред да влезам се молевме која прва и наставничкава нормално посумња и искочи да не бара. И ни се дереше зашто се шетаме и дека ќе не кажела на класната :D :D Не само што ми беше страв од неа , ми беше после срам да се појавам пред тој што го свиѓав . Будала :D :D
     
    На Crna Dama, angelche16, natemila и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Порано имам работено како келнерка. Тоа ми беше прва работа и немав некое искуство, а и бев прилично мала и затоа често ми се случуваа секакви глупости.
    Нешто на што ми текнува е дека на еден гостин му истурив цела чаша вода во скутот(баш во меѓуножјето :$ ) и човекот срипа како попарен. Нормално се зазјапаа сите и јас Леле Извинете, извинете, ама ми идеше да се прснам од смеење. Башка што поцрвенев како пиперка.
    Исто така во автобус имам паднато, на нагло кочење, во скутот кај еден постар господин, иако мислам дека на него не му дојде лошо :D
     
    На Fancy_Nency 22, Istata od vcera, najbolja и 34 други им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    :rofl: :rofl: :rofl: неточна :D
     
    На Arthur, Hopefully, NaAstorMajkata и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Еден дечко кој ми се допаѓаше премногу и одиме на рандеву, и падна на муабет едно девојче и јас ни две ни три, ма таа ли викам "домаќинка", и дечково така тивко процвили - Мене она ми е прва братучетка..
    :o И јас уште силна, е ако де викам, убаво, нема јас сега да сменам мислење за неа. :rofl:

    На една свадба додека беше уште актуелен порничот на Северина го коментираме со еден дечко, јас бев до wc се враќам и што ми текна, го гледам седи на маса, свртен со грб, и јас му приоѓам одпозади, го гушкам и уште му шепкам - моето порно ќе се вика ... така и така, не знам што точно треснав, и кога се заврте - не бил тој типот!!!! :o :o :o Носеле само исти кошули, леле кога ме погледна манијачки, да ме нема, ни свадба , ни бутур.... :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Mrs.Nebittnaa, Crna Dama, teressa и 40 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Па вака,имам и јас некои можеби слични настани,како и на другите членки,може некој веќе знае,ама пак ќе кажам тука на темава.Немам многу,не ми текнува сега на друга,ама на оваа случка ми текнува,еднаш со другарка ми,така двете дотерани,излегуваме вечерта во град,на забава кај еден нејзин другар во неговиот кафич,отидовме,се собравме цело друштво и сега јас дека на високи штикли,а плус незгодни за носење, решив да си седнам на тие високите столчиња.Арно ама таман да се наместам да седнам,кога се сплеткав со нозете некако,а незнам како,штиклата ми се заглави на столицата,па кога паднав,се спружив колку што сум долга :Dи арно што се потпрев со рацете на земја иначе главчево ќе си го удрев и сите од друштвово ме гледаат на почетокот онака сериозно,па после пукнаа од смеа :D покрај нив и јас си се смеев.Претпоставувам дека сите во кафичот ме видоа кога се спружив :D ама на почеток кога паднав,ми беше незгодно,оти знаев дека сите ме видоа,а не за друго во насоката каде што паднав,пред мене имаше едни дечки што си седеа,муабетеа нешто,а јас онака со моето паѓање ги изненадив :D :D :D дојдов директно пред нив,за секунда се најдов таму :D и само си се насмевнав :lol: :) кој знае во каков муабет сум ги прекинала :D
     
    На Crna Dama, najbolja, Amona и 6 други им се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    и јааааас :$ :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Си идевме со другарка ми од школо и јас колку размуабетена исперчена хахаха таман да направам чекор,оп,ногата ми се заглави во шахта и паднав на задникот.Сите што беа околу мене почнаа лудо да се смеат на цел глас.Едвај се измолкнав :D Цццц..ептен се посрамотив таму пред сите...

    Еднаш и во автобус се имам спружено на земја при нагло кочење .. :rofl:
     
    На Crna Dama и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  10. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Едно лето како помали со другарките си гракавме по улици како и обично. Јас таква целата разгракана се раздрав ****** (Името на симпатијата што ми беше) Те мразааам! Кога се свртив ќе пропаднев во земја! Тој беше позади мене. И не само што нормално го слушна дерењето, слушнал и се што кажав претходно! :lol: :lol: Значи стварно во тој ммомент сакав да пропаднам во земја! Дечишта! :D
    А вака како повозрасна најголем срам ме има изедено при излегување од такси со торба со лап топ, лепенката од торбата ми се закачила за сукњата и додека приметив на 20 души им ги покажав гаќичките :D
    Брука! :rofl:
     
    На Crna Dama, najbolja, Meckicja и 7 други им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Кога бев мала на училиште со наставничката пеевме или штознам што правевме и едно време наставничката вели: Ајде сега сите станете! незнам како мене ми се слушна: одете си. Јас грабање ташната и... шпринт! да ме нема! После ме бараа, ме бркаа по ходници, наставничката падна во смеење. Цел час за тоа ми зборуваа, јас потонав! Уште се сеќавам на таа случка, одамна беше ама не се бриши така од мозоков мој :lol:
     
    На Crna Dama, SofiMar_, Meckicja и 24 други им се допаѓа ова.
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Кога бевме во трета година на екскурзија, во Белград не пуштија да се прошетаме по продавниците да си купиме нешто. Ние чинам цела генерација се набутавме во Теранова. Со уште една другарка си купивме по некоја маичка и нормално - плативме. Но за беља кога излегувавме почна тоа свиралото да свири :o :D Веднаш ни се навртеа луѓето од обезбедувањето, почнаа да ни ги пребркуваат ќесите, како демек сме украле нешто, се собраа сите околу нас, гледаат сеир и очекуваат да најдат нешто што сме украле :D Леле резил невиден! На сите ни беше смешно освен на нас. Кога видеа дека ништо нема украдено ни ги вратија ќесите, а не се ни извинија. Некултура. Како и да со другарка ми ни криви ни дужни си го изедовме срамот :$
     
    На Crna Dama, Amona и angelche16 им се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747

    Леле си се изнасмеав интересна случка :rofl:
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    :rofl: :rofl: :rofl: :$
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    слично на трендафилка...седевме со другарка на кафе и дојде еден другар со некој дечко,не го знаевме.и стана збор нешто за изглед,за манекенки и тој дечкото не прашува демек што мислиме за сара леши.и јас и другарка ми кога отворивме уста,полошо не можевме да кажеме.а он одкога не ислуша ни вика само,онака ве прашав дека ми е сестра.леле кој срам беше и непријатно.и уште јас се смеам викам е како да не сигурно,а овој ми вди лична карта... :$ :$ :$
     
    На Crna Dama, Meckicja, Amona и 8 други им се допаѓа ова.
  16. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    мене ми се деси еден резил у 7 одд . Уфф само колку сум се посрамотилаа.

    Свиѓав едно дете иста генерација со мене од школото.И цело време се глеаме на мали одмори , се насмевнуваме и еднаш на големиот одмор влегувам у продавницата да купам за јадење со другарка ми и додека стојам на каса влегува и тој.Ја се усрамив и одма да ме нема низ врата ама бидејки имаше гужва поминав меѓу едни девојчиња не сакајки бутнав едно девојче девојчето се лизна падна на една бабичка што стоеше позади неа а бабичката на возраст од седумдесетина години падна на соковите од продавницата и соковите распукалеееее.Засрамена излегов со трчање низ вратаа.Лелеее зини земјо голтни ме целата ситуација што е најтрагично се деси пред него а тој и помогнал на бабата да стане.Другиот ден беше прочка и другарките ме зафркаваа да одам да и се извинам на бабта за да ми прости.Не можев него да го погледнам од срам.До крај на година сите другарки ме зафркава.Ццц

    кој ако не јас. малер.
     
    На Meckicja, angelche16, AndyHipst и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    Завчера бев до ботони и си се изнакупив, и бев во кратко фустанче такво лелеаво и тука кај пролазот задува ветер (а ја сум ја бутнала главата во кесичката да не заборавиле да ми стават нешто )и ми се крена фустанчето и сите се изнасмеаа :worried: а од луѓе вриеше, и одма коментари, свиркања... леле во тој момент ми дојде стварно да се отвори земјата и да ме снема :(
     
    На Crna Dama, Amona и angelche16 им се допаѓа ова.
  18. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    18
    Јас како помала мислам и ден денес повеке сум со машки отколку со женски...И така сите седиме во школото а имаше еден двор со ограда ама оградата беше со остри шипки и во дворот имаше дрво со зелени сливи, а тука беше и момчето што ми се свиѓаше...И он вика ми се јадат сливи и јас да се направам добра пред него ке одам да берам сливи ја прескокнав оградата набрав сливи ја наполнив маицата и на враќање од оградата ми се закачија хеланките на оградата и со се гаќите ги искинав и ми се виде задникот...сите почнаа да се смеат а јас посрамено веднаш избегав дома :$ :$ :$ :$

    а ми се има случувано пред 3 години така подзагреани со другарите влегуваме во продавница и да земам на долниот рафт пиво во фриж... дигам нога и со штиклата бутнав кремчиња...потоа да ги наместам кремчињата бутнав со раката неколку млека...доаѓам до касата пред мене беше гужва и мене не ми се чекаше и да поминам напред на еден човек му бутнав сокови од рацете...кој резил од тогаш ми е срам да влегувам у продавницата... :$
     
    На Crna Dama, Mhhm, angelche16 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Зини земјо голтни ме ми се деси оломнани на одмор :D
    Се капам така в море ама во подлабокото и кога се кренав да видам дали допирам со прстите кога купаќите ми се одврзале :lol: е тогаш мислев сите гледаат во мене и бев ваква :$ :$ , ама за среќа не виде никој, можда некој приметил ама во толку луѓе не верувам (никој не ми се смееше) :D
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Напишав во категорија врски во темата кога сте се посрамотиле пред дечко ви. Еве го мислењето :D
     
    На Amona, Butterfly-Girl, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.