Па вака девојки мислам да се запишам во ова училиште, но малце ми е страв затоа што сум од друг град и треба да одам да живеам во скопје... А како што знам сите што учат во приватни школи се некако дигнати, не знам како ке ме прифатат. И ако има некој што оди во ова училиште би сакала да слушнам мислење. Дајте совет!
NOVA high school Тоа си е твој избор. А за тоа што сите што учело во приватна биле дигнати - размисли малку! Јас учам на приватна како и многу други девојки тука за кои можам со две раце да потпишам дека не се дигнати И тоа што кажуваат дека на приватните е полесно... Не е така, баш напротив. Јас искрено не би одела на 15 години во друг град сама, ама како што кажав, твој си е изборот.
Мислам дека ќе ти биде како ново искуство кој секој би требало да го стекне. Во право си каролина, нема врска што кажуваат сите дека во приватните било полесно, напротив е потешко. Тврдам дека ќе најдеш КРЕНАТИ фаци повеќе во државните отколку во приватните! Затоа душиче мислам да си се запишеш а секако,ако не ти се допадне,секогаш може да се вратиш назад во твојот град и да продолжиш со другарките.
Jaс стално си читам за Нова ако видам низ веснициве и на интернет и се фасцинирам Добиваш сосема поинакво образование од државните средни училишта, многу интересни предмети и знам има стварно добри изборни предмети за секој вкус. На англиски е се. И тука имаш полагања, тестови постојано, проекти многу, образование по терк на американските училишта. Најмногу од се ми се допаѓа што дипломата е интернационална и пред се што добиваш можности за стипендии на најпознатите факултети во светот, добиваш подршка и од училиштето и повеќето се запишуваат во странство на факултети со стипендии. Лани читав едно дете доби комплетна стипендија за Харвард од факултет, до смештај и храна. Сон! А моментално постои конкурс од фондација Борис Трајковски, во денешен вест ја има на првите неколку страни за 3 комплетни и 7 половични стипендии (може малку згрешив со бројкиве не сум 100% сигурна). И самото училиште колку што знам на најдобрите од тестирањата кои ги организира секоја година им дава стипендија, мислам дека 3 стипендии беа. Учат деца на амбасадори, дипломати, не знам дали сите или дел од домот за деца без родители учат тука со стипендии, добиваат стипендии и децата на воените лица, даваат многу добри стипендии Нова и се многу коректни во таа област. Али за наши стандарди без стипендија студирањето е прескапо, кој може да си го дозволи алал да му е. А тој што може да си го дозволи нема да му пречи средината иако таму има и деца од високата класа, и деца од други држави и деца кои се од ниската класа но имаат стипендија.
Спојлер ^ Јас имав голема желба да се запишам во НОВА. И, ги земав сите потребни документи од училиштето. И се зачудив колку многу бараа. Имаше препорака од наставник по англиски, македонски јазик, бараа есеј да имаш напишано на англиски. За други работи не се сеќавам. Знам само и дека премногу ми се допаѓаше целата организираност на училиштето (неколку пати бев таму, бидејќи прва братучетка на мајка ми беше професорка во гимназијата). Сакав да поднесам барање за стипендија, бидејќи тогашните 2000 долари (во најмала рака) беа премногу за моето семејство. Но се разочарав дека многу малку стипендии даваа тогаш (три целосни и 1-2 половични, не се баш добро сеќавам). По наговарање на моите и братучетката на мајка ми, не поднесов документи (од причина да не се разочарам така млада). Сакав да кажам дека, ако имаш услови за студирање во НОВА, не се двоуми, има некои онака нели ДИГНАТИ, ама такви секаде ги има. Ако си ти дигната личност, и во државна гимназија ќе бидеш дигната.
2000 долари било? Тоа е супер цена Јас читам сега 2006та било 4000 долари, најдов информација во утрински весник од таа година. А сега мислам дека уште накачено, мислам дека е 6000 долари, така слушнав пред година две. За веродостојноста на информацијава не гарантирам, само слушнав
Еве и јас учам во приватно училиште и не само со двете раце туку и со нозете би потпишала дека не се дигнати. Сите се скрозз нормални, тоа што учат во приватно училиште го сметаат за предност, но не се дигнати, не се фалат од типот „која сум јас, види кај учам“. Е сега, можеби ќе се најде негде некој/а таков/ва, ама тоа би бил еден во 100. Изборот е твој. Ако имаш шанса и можност не се двоуми. ете, ќе бидеш со брат ти. Ако си дружељубила брзо ќе се прилагодиш, а и да не си, ќе си најдеш некој со кој ќе се дружиш, а веќе во втора година ќе се скроз прилагодена. Среќно!
А дали некој знае точно колку е членарината? Ме интересира и стварно сакам да идам иако не сум во некои големи можности, ама сепак можам! Ај ако има некоја од форумџиките што знае нека ми каже Фалааааа
Најубаво да одиш на странна на Нова, таму си имаш напишано се. Во принцип, од оваа година ќе биде 5000 евра година.
НОВА е супер, има мешавина на различни луѓе како и секаде и мислам дека ако си доволно упорен може да ти отвори врати. А за цената сега е накај 5000 евра (може малку повеќе) се на се коа ке си израчунаш.
Гледам мислења од одамна нема, па малку да ја активираме темава. Како што гледам од веб - страницата на Нова, многу ќејф ми прави. Сакам да аплицирам за стипендија (9то одделение сум), најмногу заради фактот што е доста скапо - околу 5000 евра, ама отвара доста можност за на факултет. Инаку, најмногу се интересирам за физика и математика и баш ми е мило што од ланските матуранти едно дете на Оксфорд пратиле. Има некој искуство со/без стипендија, каков е системот и сл.?
Јас сеуште сум основно, 7 одделение. Средно планирам да учам во НОВА. Англискиот добро ми оди, ќе почнам да земам приватни часови за да за две години да се доусовршам. Е сега, ме интерсира кои предмети се учат, какви се професорите, стипендија, каква треба да е основата, оценикте, како е за стекување пријатели, и да ме интересираше што како со смените, дали се оди прва и вора или само прва. Ви благодарам однапред и секој совет ми е добредојден.
Ме интересира дали некој знае дали постои можност за аплицирање за стипендија во НОВА за трета и четврта година на меѓународна матура?
Јас учев три години средно во државна гимназија, но четврта година сакам да учам во Нова. Дали е можно да се вклопам во тој систем за една година ?
Дали некој би можел да ми објасни малку поубаво за како е во ова училиште, се тоа какви часови од колку до колку се седи таму, изборни предмети и што бараат за стипендија? Благодарам однапред
Даваат 3 целосни стипендии значи 100% платено и не знам колку половични. Стипендијата е од Борис Трајковски и за да ја добиеш најпрвин треба да си одличен ученик со сите петки и второ да поминеш неколку круга на тестирање. Тестирањата ако не се лажам почнуваат во февруари и март. Првото тестирање е математика, од основно, ако си имала петка задачите би требало да ти се лесни (полиноми, равенки, питагорова теорема и сл.) Оние што ќе го поминат овој круг одат на второ тестирање за англиски јазик кое се состои од два дела. првиот дел е читање текст и заокружување. Вториот дел е краток состав на англиски јазик да го напишеш на дадена тема за 30 мин. таму.Шестмината најдобри одат на третото тестирање тн. интервју на англиски кај што ќе те прашуваат нешто појма немам што. Од тие шест деца ќе изберат три и на тие ќе дадат целосна стипендија. Секако ако имаш некои дипломи со кои си се стекнала од основно ќе ти користат како бонус поени. Овде по форумов прошитав дека требало и препорака од професори ама за тоа не сум сигурна. Ако успееш да се запишеш има 5 левела од кои ќе треба да избереш по кој сакаш да учиш. Првиот е најлесен а последниот е спремање за на универзитет значи на високо ниво. Од прдмети имаш критериуми по кои бираш што ќе учиш, но можеш да бираш свашта. Освен оние стандардни предмети што ги има во секое школо, овде има и фотографија, балет, пливање, правење филм, јавање коњи и не знам што уште не. Учењето не се сведува на факти туку на истражувања. (иако мислам дека има многу тестирања) Распоредот е отприлика ваков: Се почнува во 8 часот а се завршува во 4 отприлика. Меѓу часовите имаш мали паузи, еден час ручек и уште една пауза, мислам од околу половина час. Има нешто како кантина, библиотека, фитнес сала и мн др работи. Училиште по највисоки стандарди во МК.Предметите сигурно си чула дека се учат на англиски. Од децата според мене каде и да отидеш ќе има онакви со снобовски манаири ама сигурна сум дека ќе можеш да најдеш и океј и супер друштва. Ова е се што ми текна сега за сега.
А како оди тестирањето?Дали одговорите се на заокружување или се пишуваат?И како оди тоа со 1,2... круг.Јас мислев дека се решаваат прво тестот по англиски и есејот,па после математика и ако се добри ке одиш во следен круг.Ама сега сум многу збунета.