Што мислите за бесплатните курсеви.....Дали би се запишале на ваков курс и ако знајте некој во Битола пишете....
Мислам дека има во Битола бесплатни курсеви за јазици (т.е. се плаќа минимална сума 200 до 300 ден ), во склоп се на некои здруженија
Обично започнуваат на почетокот на учебната година, има за Турски јазик, Грчки. Заинтересирана си за нешто?
По можност за француски јазик сум заинтересирана ...или неској курс нешто поврзано со компјутери дизајн и сл. доколку има бесплатни оти приватните се по 11.000 ден.
во Скопјево има некој бесплатен курс за нешто??? Нема што да изгубам ако одам и така сум слободна периодов...
Од Заводот за вработување организираат бесплатни курсеви по англиски-основен и по албански-основен, како и компјутерски курс исто така основен(одев на почетен курс по албански и си добив потврда дека го положив курсот ) Информации во работнички клуб кој се наоѓа на влезот на Заводот за вработување
А тие курсеви се за оние кои се пријавени како невработени лица или може и студенти да ги посетуваат?
Тие курсеви се само за невработени принчипеза, оти категоријата студенти во Заводот за вработување не постои
Во кој град е ова? Во Битола организираат за англиски, грчки и компјутери, исто во Заводот за вработување.
http://www.yesincubator.org.mk/Media/Ne ... &l=63&c=20 Обуки Microsoft, Java и Linux за подетално прочијате си на линкот
некако овие што се одговори се од 2011 дали имате сега некои информации за бесплатни курсеви, англиски, компјутери, албански, германски....
Не знам од каде си,ама кај нас во Штип во тек е пријавувањето. Јас се пријавував во собрание, за јазици,со курсот се почнува некаде во април,а има и за компјутери,тие се во тек,мајка ми посетува таков .
Општи прашања Слушнав дека повторно има бесплатен курс за компјутери...знае ли некој нешто околу тоа?
Кај мене во училиштето има и во цела опчтина има бесплатни курсеви,по анг германски италијански шпански и гитара.Јас одам даваат диплома и така не е лошо.
кај нас нешто да е бесплатно, доста неочекувано за жал, или како што прочитав некаде по општиниве дека имало, сепак е реткост. Јас сум апсолвентка, студирам француски, па доколку има некоја од вас потреба, на располагање сум, давам часови за доста поволна цена. Ако има некој заинтересиран слободно нека ми пише лична порака.
Ако дознае некоја од Скопје за овие бесплатни курсеви по јазици, особено за албански и англиски нека сподели овде...зошто да не се оди..Друго спомнавте од завод за вработување немало категорија студенти, значи се водиме ко невработени ( пошто како полнолетни влегуваме во работна сила) бар по мое мислење..позз