Се што ве интересира во врска со билингвалите во средните училишта, какви се приемните испити што се полагаат, како функционираат билингвалните паралелки (англиски,француски...) тема за сите кои што се заинтересирани за упис во ваква паралелка. Би сакала да има искуства од некои кои веќе учат или знаат нешто повеќе за билингвалните паралелки, тоа ќе им помогне на оние кои сакаат да се запишат таму. Ако има слична тема се извинувам
Јас учам во француска билингвална паралелка во Корчагин. Нема некоја голема разлика од општите паралелки. Француски имаш 3 часа неделно и 2 лекторски додека па англиски имаш само 2 пати. Хемија, физика и математика знаат по некад на кажат нешто на француски али не нешто многу. Нема тестови на француски и такви ствари.Хемија по некогаш знам да даде едно прашање на француски али тоа се дешава еднаш во полугодие. И македонски е така по ангажирана со францускиот. Една голема предност е екскурзијата во втора година во франција. Еве последните две години се оди 7 дена во Сент Мало и имаш уште седум дена шетање Парис, Венеција.. А и оваа година исто така се одеше и во Тунис. Лоша страна е тоа што професорите што предаваат само на билингвалците се расипани многу. Ама вака воглавно нема некоја голема разлика. Професорките француски во Корчагин си немат врска ако не си знаеш од порано француски или ако не идеш на курс тешко дека они ќе те научат нешто а си барат многу.