Сега сум 4 година и избрав да полагам биологија и хемија(затоа што тоа највеке ми оди) и желба ми е да одам на фармација. Сега едни велат дека е добар избор други дека нема работа. А со факултет не сакам да бидам аптекарка. Што мислите дали е добар избор или на кој друг факултет мозам да се запишам што се учи хемија? Поздрав
На Технолошки имаш смер биотехнологија со него можеш да работиш во Фармацевска индустрија,Козметичка и ред други да не ги набројувам главни предмети се хемија,биохемија,математика се подразбира без нејзе не можеш да мрднеш само многу е тежок има многу испити , исто можеш да одиш и на природно математички биологија-хемија или биохемија . Доколку има вакви смерови на приватен универзитет подобро ке ти биде таму да се запишес зошто на државен немаме пракса никаква, ама не сум сигурна дека има на приватен вакви смерови.
Па ги гледав на приватни факултети ама нема ништо за фармација и слично...А морам да се запишам на некој таков затоа што избрав тие предмети за матура :?
Прашај некој од пмф како е таму треба добро да размислиш ама и фармација не ти е лош избор мозеш да работис и како фармацевт во индустрија немора да си апотекарка.
ako nekes da rabotis kako aptekarka zs se zapisuvas farmacija? Ја имам фармација и освен по струка неможам да работам ништо друго освен ако имам желба за у бутик у колонијал. Нели е така? ако некес да си аптекарка ич не се запишувај на фармација.
А ти што работиш со фармација? Нели може нешто да се најде во некоја лабораторија за лекови или сл.? Покрај тоа ми останува некоја биолошка струка
Срцка јас студирам фармација и ако повторно треба да бирам сигурно ке го направам истиот избор.Најбитно од се е да си ја сакаш струката и да ти идат природните науки особено хемија затоа шо околу 70% на фармацевтски факултет е хемија.И треба мнооогу учење! Среќно со изборот!
И јас студирам фармација и имам уште 7 испити до крај заглавив со една хемија,за тешко тешко е но ако навистина го сакаш тоа зошто да не?Е сега јас имам другарки што завршија и сите работат како аптекарки затоа што не се наоѓа лесно работа во лаб.фабрика и сл.но со врски може и тоа да се среди.Најбитно е да го сакаш тоа што го работиш!!!!Па сега ти види,размисли и одлучи дали е тоа што ти го сакаш!
Јас сум матурантка оваа година и сум одлучена за фармација. Мислам дека нема да згрешите сите вие што сакате фармација, бидејќи секогаш може да се најде работа. Ќе отвориш аптека и ете ти сопствен бизнис. Аптекарка е најмала работа, значи како продавачка на лекови може да се работи и со средно фармација. Плус тоа, има разлика од фармацевт до фармацевт. Има фармацевти што кога одиш во аптека да побара некој лек кој не оди на рецепта, не знаат да ти објаснат ако не си доволно информиран, а некои само ќе ти го тутнат лекот и ајт со здравје.Секако, можеби нема веднаш да почнеш да работиш во некоја фармацевтска индустрија, но никогаш не знаеш какви се можности ќе ти понуди животот. Со новиот закон фармацевти може да работаат и во биохемиски лаборатории.
И дали може вие поискусните кои веќе студирате фармација во Скопје да ми кажете како е, какви се професорите, дали е добар факултетот, дали лесно се совладува материјалот преку пракса и како одат колоквиумите (устен, писмен со заокружување, со дополнување..)? И дали може да се успее доколку имаш средно ниво (не многу високо и не многу малку) на познавање на хемијата од средна школа? Фала однапред..
и ја сум матурантка ама сите ми велат дека треба економски или правен ама тоа ама баш ич не ме интересира а за колоквиуми гледав на официјалната страна на факултет http://www.ff.ukim.edu.mk/semestri_mk.php а најдобро е што анатомија се полага усмено па можеби ќе бидеме колешки :up: хехе
DA, farmacijata e super izbor spored mene. Inace i ja sum farmacija sredno skolo i super e.E sea malku e tescicko ama ako se saka nesto nisto ne e tesko
Ме буни тоа што на овој линк http://www.ff.ukim.edu.mk/semestri_mk.php во семестрите има по 7 предмети...а на овој линк http://www.ff.ukim.edu.mk/tempuslist_mk.php?tc=1 има по 5 во првите семестри. Може некој точно да ми каже што е разликата меѓу тие два и колку навистина предмети се изучуваат во прв семестар?
Ако ти одат од рака предметите и воопшто ако имаш желба мислам дека без двоумење треба да се запишеш на тој факултет бидејки мислам дека ќе ти се исплати.Фармацевтите се добло платени и имаш многу можности за да успееш во таа професија надвор од државата.Е сега,факт е дека ќе бидеш 99 % од времето врзана за учењето ама мислам дека ако имаш капацитет ќе успееш дефинитивно . Поздрав
Искрено не знам што би барала на економски или правен со средно медицинско. Јас сум на фармација и ке те излажам ако ти кажам дека е лесно, зошто е претешко, ама и интересно е. Сега претходнава година ја сменија програмата нешто. А и најлошата професорка годинава оди во пензија (ако ни се посреќи ), така да тоа е уште еден +. А за работа ако имаш некој за после да те пикне негде ич не размислувај сигурно нема да работиш во аптека , а и ако немаш ако не те мрзи да учиш тогаш пак најдеш работа ке те препорача некој професор . Само да знаеш дека треба да се откажеш од многу работи и да седнеш убаво да го загрееш столчето, зошто ништо не се положува ако претходно убаво не набубаш
Јас сега ќе бидам 4та година, па здравје после би сакала да се запишам на фармација, ако не се премислам. Ме интересира што треба да се полага на матура за на фармација???
Морам тука да те корегирам - според новите закони аптекарка не можеш да бидеш со средно фармација - мора да имаш факултет и положен државен испит. Дури ни аптека не можеш да имаш ако имаш само средно фармација, мора носител на дејноста да биде дипломиран фармацевт со положен државен испит, т.е со лиценца. Имам прва братучетка што заврши фармација, затоа знам и по нешто - едно ќе ти кажам - подготви се за учење, го има и тоа многу. Не е лесен факултет, особено што не се состои се од биологија и хемија - има доста работи што мора да се учат буквално напамет.
(ова е од списанието Матурант 2010) Екстерен изборен предмет: математика (основно ниво) или странски јазик Интерни предмети: - за гимназија: биологија, хемија, математика (ако не е избран како екстерен испит), физика - за средно стручно образование: биологија или хемија, еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот (здравствена струка)