Нема, ако мислиш на услов за положени предмети не, туку ако ти останат некои од 1 семестар, ги презапишуваш во 3 наместо изборни, а ако немаш ни така простор отфрлаш задолжителни во 3 семестар итн. посекако губиш предмет дали изборен, дали задолжителен.
Ќе ти кажам лично искуство, не мора да значи никогаш дека е така кој и да кажува, како и да кажува, зошто секоја година ги мењаваат работите. Економка 2 ми беше мноооогу полесен, а статистика ми беше отприлика исто, може за многу мала нијанса 2 потежок, ама пак ќе кажам тука негде, во проценти негде 49-51 % во тежината нека се еве 1 спрема 2.
Девојки ако може некоја што студира е-бизнис да ми пише лп пошто ме интересираат некои работи во врска со смерот
Дали може некој да ми ги наброи хронолошки департманите според бодовите кои ги бараат за упис за прва година и по колку бодови се бара т.е. како било претходните уписи ? фала многу
На финансиски менаџмент најмногу бараат и таму врие од конкуренција, знам лани и прелани од 92.нешто беше државна, а од 80 и нешто приватна. После се сметководство, е бизнис, менаџмент, а на економија, маркетинг и надворешна трговија лесно е да влезеш и со слаби поени, и во државна квота, нема многу конкуренција и обично не ги исполнуваат ни квотите до крај.
Успеавте да се пријавите онлајн на iknow за вториов колоквиум? Јас не можам, не ми ги покажува предметите
Треба таму кај што пишува (Летна) втора испитна сесија да се избере мајска колоквиумска сесија и ќе ти се појават. Пробај вака.
Имам потреба од семинарска по Јавни финансии на тема Видови даночни системи.. некој нешто мала помош..?
Можеби има некој проблем, почекај до утре и ако не се опраи оди на студентски ќе ти ги пријават колоквиумите. Рокот е до 24 април. Исто ако си од мозила може да не ти ги дава. Прееска преку неа сакав да се логирам и ми викаше дека ме нема во системот, а со хромот одма се уклучи, пробај со хром.
Некоја од постарите колешки да сподели позитивно/негативно искустово со практичната настава, која банка да ја одбереме?
Колешки неделава ќе даваат потписи професорите или? И дали е точно дека мин. еден потпис мора да имаме организациско за да не пуштат да положиме?
Пробав и од мозила и од хром, ама пак истото си е. Ќе морам на студентски да отидам. Рокот е согласно со 24ти, така? Фала ти, сепак.
Тиеш што презентиравме организациско дали ек ни дава оценка плус? и ако може да ми каже некоај колешка што треба за 2 колоквиум орг?
Дали бил некој на предавање по Организациско однесување? Дали и кај Дракулевски важи дека потпис можеш да земеш ако те има мин на 1 список? И дали Леонид дава есеј доколку ти фали бод за оценка?
Како што прочитав во групите на фб и кај Дракулевски требало да те има на еден список за да ти даде потпис, а тој на предавање нема ништо кажано, редовно одам. А, тоа дека Леонид дава есеј до сега немам слушнато, не ми се верува, ама ако ти фали еден бод попушта. Барем така беше за деловна етика.
Јас бев само на првото предавање и баш убаво памтам дека Дракулевски кажа на сите ќе даде потпис, без разлика дали одиме на предавања. Не знам од кај се овие информации што кружат по групиве.
Сега ми кажа колешка,ја прашала асистентката денес и истото и го кажала,како и дека тие што презентирале, а ги нема на список - ќе добијат потпис..