ТЕМА: Екстерни тестови

Мислење 26 Окт 2010, 18:07

Екстерните тестови ќе ги полагаат учениците од 6то одделение (деветгодишно образование) па се до 4та година средно. На крајот на секоја година, учениците ќе се тестираат на целиот одработен материјал на годишно ниво, т.е. годишен тест.



Мене не ми смета, добро е на крајот да се утврди кој колку научил и што заслужил. Но, куќата од кров не се почнува никогаш. Факт е дека во нашето образование има многу пропусти.
Сакам да ги воведат бидејќи мразам кога некој што крајно не заслужил има иста оценка како мојата. Не можам и не можам да се помирам со тоа дека ќерката на наставничката има 5, која не и е ни до половина на мојата петка за која сум учела цела ноќ.
Единствено нешто што ме нервира во целиот систем е тоа што од нас учениците се бара премногу, а уште повеќе ме нервира тоа што лани не се бараше ни половина, бидејќи лани на никого не му кратеа од плата доколку добиената оценка не се совпаѓа истата од тестирањето.

Дали сте за или против овој начин на оценување ?
Аватар на корисникот
Wild.Child

Црвено цветче
 
65622431
Мислења: 5571
Зачленет: 12 Јан 2010, 20:09
Things you own, end up owning you.

Мислење 26 Окт 2010, 18:23

Јас лично немам ништо против екстерните тестови, и онака има само најосновно со заокружување. Сметам дека се добар начин да се провери знаењето и да се види кој колку ја заслужил оценката. Барем јас знам ако не некој друг колку боли кога ти ќе добиеш петка на тест што си се утепал од учење и некој таму што врска нема од живот што или препишал или е со врски исто има петка.

Ми смета тоа што секој ден професорите трубат екстерни па екстерни. Секој ден наставно, испрашување, контролна, проект... Го претераа, па јас повеќе наставни направив за овие два месеци одколку лани цела година. Сите мислат само нивниот предмет е, трупаат по 30-40 страни за наставно и викаат не било тешко, за еден викенд ќе сме научеле. Да, за еден викенд, ама што е со останатите 13 предмети? Што е со животот мој? Што е со воншколските активности? Што е со спиењето? Од кога почна годината се немам асално наспиено од што немам време за ништо. Истите тие наставници лани не се ни појавуваа на часови и си пиеја кафе во канцеларија по цел ден, а сега се плашат за своите платички па ајде ќе не малтретираат. Не сме ни ние роботи.

Велат ќе ни требало знаењето. Точно, ќе ни треба математика, ќе ни треба физика, хемија... Може ни тоа. Ама ликовно? Ако дојде работава ликовно да правиме два теста годишно, тогаш навистина нешто не е во ред. |(
Аватар на корисникот
Whatsername

Сино цветче
 
340394
Мислења: 305
Зачленет: 07 Окт 2010, 19:26
Локација: The skylines on top of the world.
Karma's only a bitch if you are.

Мислење 26 Окт 2010, 18:26

Whatsername напиша:Ама ликовно? Ако дојде работава ликовно да правиме два теста годишно, тогаш навистина нешто не е во ред. |(

А зошто не ликовно ? И тој е предмет како и сите други. Има што да се учи (ликовен јазик, ликовни подрачја, сликање, обликување, графика и тн.). :) Мислам дека не треба да се потценува.
Аватар на корисникот
Wild.Child

Црвено цветче
 
65622431
Мислења: 5571
Зачленет: 12 Јан 2010, 20:09
Things you own, end up owning you.

Мислење 26 Окт 2010, 18:31

Читав во службен весник дека ќе сме правеле по 4 предмети и дека оценката од екстеното ќе била напишана во сведителството(значи една од професорот една од екстерното.
АПСОЛУТНО сум против ваквото тестирање.
Зошто?
-Пред се` е голем притисокот.
-Ќе наубабам на памет и шо фајде од тоа кога да ми го дадат во пракса нема да имам појма а се` што е на памет брзо се заборава.
-Со само еден тест ќе ми биде пишана оценка во сведителство
-Ајде до пред две години беа 2 предмети(што се трпи до некаде) ама годинава се 4.
-Исто до пред две години ако имаш во дневник 5 а на оценката од екстерно е помала од 4 тогаш се пишува средната оценка а не ко годинава дирекно во сведителство.
На крај краева луѓе сме може во тој момент да се блокираме и да згрешиме некои работи и се` да падне во вода активноста на часот,добрите оценки на тестови.

Значи да се разбериме јас радо би направила екстерен тест но АКО И САМО АКО од тоа не зависи мојата крајна оценка и немам стресови дали сум добила 5 или 3 на екстерното(без шанса за поправка) и дали таа оценка ќе влијае врз моето запишување на факлутет и ако тој тест едноставно би ми кажел до кај сум со знаењето.

И да допишам и матурантите ќе прават најдоцна до Фебруари и децата со специјални потреби.
Последна редакција: specificone на 26 Окт 2010, 18:34; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
specificone

Сино цветче
 
786277
Мислења: 494
Зачленет: 22 Окт 2010, 15:13
Слика

.Sve će biti onako kao prije nego što sam tebe upoznao.
Samo.. eto falit ćeš mi... i to je sve.''

Мислење 26 Окт 2010, 18:32

Вајлд браво за темата!Еве гледам дека си напишала дека се полагаат екстерни тестови од 6то па до 3та средно.Јас сум четврта година и баш прееска на пракса профрсорот ни читаше дека ќе сме полагале екстерни на крајот на прво полугодие?!(за нас матурантите само)ќе се полагало 4 предмети од кои еден пракса задолжително..на мене стварно не ми е верно од каде матура ќе полагаме пак и ова ли?!
Што мислите за ова?Сте слушнале ли?
Аватар на корисникот
SpoiledBaby

Зелено цветче
 
157177
Мислења: 845
Зачленет: 10 Апр 2010, 11:25

Мислење 26 Окт 2010, 18:33

Wild.Child напиша:
Whatsername напиша:Ама ликовно? Ако дојде работава ликовно да правиме два теста годишно, тогаш навистина нешто не е во ред. |(

А зошто не ликовно ? И тој е предмет како и сите други. Има што да се учи (ликовен јазик, ликовни подрачја, сликање, обликување, графика и тн.). :) Мислам дека не треба да се потценува.

:up: :up: ние учиме развитокот на ликовната уметност, скулптури, со тоа се учи и културата на еден народ, па зошто да не, добро е да имаме и такви познавања, плус тоа се памти на час, бидејќи стварно е интересно, мене искрено ме интересираат карактеристиките на една скулптура на пример.
Инаку јас кажав дека сум за екстерни, зошто стварно не е фер да имам иста или помала оцена со некој што буквално не знае ни како изгледа книгата, а не па што пишува внатре
Аватар на корисникот
TheKiketoo

Жолто цветче
 
8601753
Мислења: 1244
Зачленет: 02 Јул 2010, 21:00
Локација: The Grey area...
Слика

Мислење 26 Окт 2010, 18:41

Wild.Child напиша:А зошто не ликовно ? И тој е предмет како и сите други. Има што да се учи (ликовен јазик, ликовни подрачја, сликање, обликување, графика и тн.). :) Мислам дека не треба да се потценува.

Не е дека потценувам, ликовно како предмет ми е многу интересен, но и тоа треба да седне да се учи поголем материјал пред тест исто како и другите 10 предмети кои се тестираат секојдневно. Немам ништо против усно испрашување, било така и до сега по 2-3 прашања, само нека не е писмено бидејќи сепак има повеќе за учење. :worried:
Аватар на корисникот
Whatsername

Сино цветче
 
340394
Мислења: 305
Зачленет: 07 Окт 2010, 19:26
Локација: The skylines on top of the world.
Karma's only a bitch if you are.

Мислење 26 Окт 2010, 18:45

[quote="Wild.Child"]Екстерните тестови ќе ги полагаат учениците од 6то одделение (деветгодишно образование) па се до 3та година средно. На крајот на секоја година, учениците ќе се тестираат на целиот одработен материјал на годишно ниво, т.е. годишен тест.

Вајлд зошто до 3та?Јас сум четврта па и ние ќе полагаме во февруари по 4ри предмети,веќе ни е најавено.Е сега јас сум против...не иде во четврта и матура и екстерни премногу е |( А лани нели беше само до 3та,па само по два предмета,па немало да влезат во свидетелство и што испадна се спротивно од тоа.И против сум од други причини...некои ученици едноставно неможат толку добро да се изразат писмено како усно,едноставно се мешаат и ако го утнат тестот пропаднала цела година учење.Некако создава притисок.А од друга страна пак е добро бидејки како што кажа и ти има многу неправедно ставени оценки и не е фер за учениците кои стварно се трудат и стварно заслужуваат 5,па добро е да се види кој за каде е :!: Јас лично не сум многу исплашена или да се замарам кој знае колку за екстерните ама ме нервира шо се ми е во едно полугодие,дека ќе се спремаме за матурска,па матура па и екстерни...ама нас никој не не слуша така да може само да си коменитраме,ништо нема да се промени за жал :(
Аватар на корисникот
1209

Жолто цветче
 
27104873
Мислења: 1366
Зачленет: 01 Авг 2010, 21:01
Where there is desire, there is gonna be a flame, where there is a flame, someone's bound to get burned...

Мислење 26 Окт 2010, 19:14

Па пола-пола.
-За сум затоа што конечно веќе нема да се провлекуваат со 4 и 5 деца кој што не пипнале книга цела училишна година.Неможе дете што исто учи послабо од мене да има подобри оцени од мене на крај.
-Против сум затоа што премногу учиме,и оваа оценка оди право во сведителство.Можеби ќе ми се заблокира мозокот може било што да се случи и цел труд од цела година пропаднал.

Сепак повеќе сум против,ко да не ни е доволно измачување цееела година.
Ама ајде што ќе биде нека биде. :)
Аватар на корисникот
Rozich

Жолто цветче
 
9781899
Мислења: 1175
Зачленет: 16 Јун 2010, 18:07
Локација: Madrid
Слика

Мислење 26 Окт 2010, 19:25

Ја поправив грешката, до 4та. ;) Фала на укажувањето. :) (ме збуни нешто со деветолетката и затоа згрешив)
Аватар на корисникот
Wild.Child

Црвено цветче
 
65622431
Мислења: 5571
Зачленет: 12 Јан 2010, 20:09
Things you own, end up owning you.

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Cholipam, Schmetterling4 и 28 гости