ТЕМА: Екстерни тестови

Мислење 09 Јан 2014, 20:15

Chica.Loca напиша:Оценките од екстерните тестови каде ќе бидат напишани,бидејки ние наредната недела треба да ги земеме евидентните листови. :^)

незнам, кај нас нема ни најави кога ќе ги даваат :?:
Аватар на корисникот
feminium

Жолто цветче
 
15353273
Мислења: 1620
Зачленет: 25 Авг 2012, 10:15
Локација: the other side of my mirror

Мислење 09 Јан 2014, 20:19

Chica.Loca напиша:Оценките од екстерните тестови каде ќе бидат напишани,бидејки ние наредната недела треба да ги земеме евидентните листови. :^)

Оценките од екстерно ќе одат во сведителства, што е страшно глупаво |(
Аватар на корисникот
sweet-cherry

Жолто цветче
 
11127934
Мислења: 1009
Зачленет: 28 Јан 2011, 15:04
Локација: Sicily
Слика

Мислење 09 Јан 2014, 21:10

Епа супер ја тогаш зашто да одам на школо по екстерново и онака ке имам оценка,м
По глупо здравје
Аватар на корисникот
feminium

Жолто цветче
 
15353273
Мислења: 1620
Зачленет: 25 Авг 2012, 10:15
Локација: the other side of my mirror

Мислење 09 Јан 2014, 21:17

Јас заради тие екстерните лани и учењето си добив притисок. Леле кога ќе се спомини страв во коски ме обзема. А бе не е нормално за цела год некој што се трудел еден ден да му пресуди си. Во тој момент можеби ќе го боли главаа ко мене ..... А бе се страшна работа eкстерниве :D
Аватар на корисникот
Cvetetto

Жолто цветче
 
1382276
Мислења: 2597
Зачленет: 08 Сеп 2011, 17:58
Локација: Многу подалеку,од местото каде што сакам да бидам...
Слика

Мислење 09 Јан 2014, 21:28

Дали кажаа кога тие што не се матуранти ќе полагаат екстерно?
Ко лани исто, или пак февруари? :?:

Знам дека можеби веќе е одговорено прашањево, се извинувам. :)
Аватар на корисникот
L-enna

Жолто цветче
 
16734685
Мислења: 1066
Зачленет: 06 Окт 2010, 14:13
Локација: Right behind you, in your nightmares ..
"You'd have to walk a thousand miles in my shoes just to see what it's like to be me.."
— Eminem

Мислење 09 Јан 2014, 21:36

L-enna напиша:Дали кажаа кога тие што не се матуранти ќе полагаат екстерно?
Ко лани исто, или пак февруари? :?:

Знам дека можеби веќе е одговорено прашањево, се извинувам. :)

Како лани исто :)
Аватар на корисникот
Avenged

Сино цветче
 
722278
Мислења: 422
Зачленет: 15 Окт 2013, 18:21
Локација: Во жолто комбе
Real eyes,realize,real lies!

Мислење 11 Јан 2014, 01:14

Има милион причини зошто не би требало (сеуште) да има екстерно тестирање и незнам од каде да почнам за да опфатам се и да не заборавам нешто...

Прво ќе почнам од тестирањето лани, бев 3та година. Системот беше за никаде, толку заглавуваше што сигурно изгувив над 20 минути. Имаше неверојатни нервози и преместување од компјутер на компјутер, губење на веќе одговорените прашања и сл. Поради ова ученици со 5ка добија 1!! Кога се преместиле на друг компјутер прашањата што ги одговорил на првиот ком не се префрлиле и на вториот. :fubar:
Второ, немаме учебници по сите предмети. Конкретно за предметот што го полагав лани учевме од скрипти. Па уште и дополнително да се отежни работата ако се слушне дека професор дал скрипта на ученик, ако ученикот плаќа за неа, страшно ќе се казни професорот. Па од што да учиме ние?? За да дојдат на сила вакви закони потребно е прво да се обезбедат учебници по СИТЕ предмети.
Да се надополнам на ова, поради тоа што немавме учебник и незнаевме што точно треба да учиме имаше МНОГУ прашања што не сме ги сретнале цела година, и јас, конкретно од 5 добив 3 |(
Трето...нема доволно компјутери. Значи незнам што повеќе да кажам тука, нема кај да не сместат, компјутерите не работат...
Четврто...не ја гледам поентата покрај волку недостатоци оценката да ни влијае на просекот... Во ред е да се оцени професорот, да се види колку е објективно оценувањето, но зошто учениците да трпат? На некого можеби ова не му влијаело, но еве мене, поради тоа мало намалување на просекот, годинава не зедов стипендија :worried: Помислете колку само разочарувачи и демотивирачки е тоа за ученик што страшно се труди секоја година и на крај не успева поради фактори што се надвор од моја контрола.
Петто...Повторно не сфаќам зошто годинава и покрај тоа што сме матуранти, мора да полагаме и екстерно? Зарем не е доволна матурата? Па и уште полошо, таа оценка што е САМО ОД ПОЛУГОДИЕ ВЛИЈАЕ НА ВКУПНИОТ ПРОСЕК НА КРАЈ НА ГОДИНАТА. Значи незнам дали се сфаќа сериозноста на ситуацијата, ние треба да продолжуваме на факултет каде за упис е важна секоја стотинка од поените.
Шесто...Каде е правдата кога дел од учениците лани успеаја да ги најдат прашањата...Незнам од каде, незнам како но ги имаа. И не верувам на тие приказни од телевизија дека немало НИКАКОВ начин да се дојде до прашањата кога се уверив со свои очи.

За крај незнам што би кажала повеќе освен тоа што и да сакаме да превземеме нешто, неможеме... На сите ни се врзани рацете. Секој обид минатата година да се превземе и поправи нешто беше неверојатно ладнокрвно игнориран и замолчуван. И што ни преостанува друго освен да си поќутиме, да издржиме уште некое време и потоа да избегаме од тука. После зошто талентираните ученици ја напуштале земјава? Затоа што, најискрено, на никој не му е гајле за нив! Секако ова станува земја на пензионери, во секоја смисла на зборот.
Аватар на корисникот
Loly77

Бело цветче
 
109101
Мислења: 91
Зачленет: 23 Мај 2013, 17:12

Мислење 11 Јан 2014, 17:11

Loly77 напиша:Петто...Повторно не сфаќам зошто годинава и покрај тоа што сме матуранти, мора да полагаме и екстерно? Зарем не е доволна матурата? Па и уште полошо, таа оценка што е САМО ОД ПОЛУГОДИЕ ВЛИЈАЕ НА ВКУПНИОТ ПРОСЕК НА КРАЈ НА ГОДИНАТА. Значи незнам дали се сфаќа сериозноста на ситуацијата, ние треба да продолжуваме на факултет каде за упис е важна секоја стотинка од поените.

Сакаш да кажеш дека онаа оценка што ќе ја добиеме од екстерното,таа си останува.На пример,ако јас имам психологија 3,а на екстерното добијам 5,на крајот на свидетелството таа ќе ја пишува и кога ќе треба да се запишуваме на факултет таа оценка ќе се зема во предвид. :?:
Ако е така,тогаш зошто ќе одиме на училиште и ќе ги учиме тие предмети кога оценката веќе е ставена?
Аватар на корисникот
Chica.Loca

Сино цветче
 
174689
Мислења: 299
Зачленет: 15 Јун 2012, 20:12
Локација: 嵐山
Слика

Мислење 12 Јан 2014, 00:55

^Напред на сведителството ја пишува оценката од професорот, а назад двете оценки од екстерното. Всушност за еден предмет ние 2 пати ќе имаме оценка. А од екстерното ако се пониски оценките само ќе ни го намалуваат просекот. :/
Аватар на корисникот
Loly77

Бело цветче
 
109101
Мислења: 91
Зачленет: 23 Мај 2013, 17:12

Мислење 12 Јан 2014, 01:16

Да не има некој информација на кој сајт ќе бидат објавени прашањата од екстерните? :)
Jay-jay

Бело цветче
 
38112
Мислења: 97
Зачленет: 10 Јан 2013, 15:43

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Bojana.20, frose1, JennyFromTheBlock, Lavander, marchiiii, monaaaaa, supergirl1, Yahoo [Bot] и 16 гости