1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    У Берово кажаа ги укинале... :^)
     
  2. husky2012

    husky2012 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    дечки незнам за кај вас но во Штип во понеделник ни ги каза кој предмити ке ги полагаме...а денес ни го сменија списокот на цело школо и сите се нервират а кај васс го сменија..и мислам дека ова екстерно нема да успее бидејќи уште на почетокот покажаа колку се неорганизирани аа и гледам на фејсбук организират протести во повеќето градови кај нас во Штип протестот ке биде утре во 20 часот пред гимназијата ://
     
  3. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    значи морав да го пишам...
    на екстерно еци пеци пец всведителство кец :lol:
     
    На MaggieTatum и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Јас полагам: Македонски (29 мај) и Хемија (4 јуни) |(
    Баш моите најнеомилени предмети.. Сакав да ми останат како од првиот список (Математика и Географија :worried: ) ..
    И кај нас се организираат протести, секој ден. Утре пак ке има после часови.
     
  5. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Знаете дека џабе го губиме времето по протести, наместо да седнеме да учиме?
    Собрани се дури 14.000 гласови и пак ништо. Писма се праќаат, кој да ги види... Џабе се мачиме. Тие наумиле да има, иако како што тргнало незнам како ќе се реализира. Деца по списоци фалат, не го исполнуваат правилото „7 дена пред тестирањето“ иако тврдат дека тие навреме ги пратиле списоците.
    Џабе се мачиме и време губиме, ќе не мачат, ќе вршат експерименти врз нас и колку и да се буни народот, пак ништо. Каква е оваа демократија ич не ми е јасно :^)
    Баш се осеќам како лабараториско глувче. Што сакаат тоа си ни прават. Како да немаме права, како да неможеме да се буниме, медиумите несмеат да прозборат. Нека ни е, кога не купуваат со по една вреќа брашно. Крајно сум револтирана, сами си ја уништуваат државата! Хаос невиден!
    Ми се падна граѓанско, учам за демократија. Која демократија жити се? Па кој не слуша бе, ако сакаме голи ќе се соблечеме и пак ќе правиме кога наумиле! Џабе само времето го трошиме, а и живците!
    Ова е претерани, ги помина сите граници на дозволеното. Единствен спас кој го гледам од оваа мизерија е странство. Е ќе пропаѓа, ќе пропаѓа... тие нека си градат споменици и ич пакос нека не им биде! :|
     
    На musicgirl55, Foreveryoungiwannabe, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  6. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мене ќе ме тестираат математика и физика.Физика ми е лесно била сам и на натпревар и отприлика знам што ќе има,ама математика ми е многу тешко
     
  7. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Сега кажаа на 24 вести, дека првите списоци биле пробни... немам зборови :@
     
  8. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    мене обратно, ми се паднаа прво Хемија и Македонски и бев пресреќна, посебно затоа што не ми се паднаа Математика и Географија, а сега со новиве списоци, баш тие два предмети ми се паднаа :headbang: :headbang: :headbang: и тоа, Математика сега во понеделник правиме, значи покрај тоа што имаме само 4 дена, мора баш во последната недела да правиме тестови и сите наставници да испрашуваат :swear: навистина незнам како ќе научам, Математика појма немам за некои теми, а Географија за Европа можам да научам, ама за Азија нема шанса :@
     
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Јас поќе мака имам со Хемијата него со Математиката :lol:
    Ама да па повеќе од учениците (барем од моето оделение) викаат дека подобро Хемија и Македоснки него Граѓанско или Историја (во право се :!: ) има од лошо полошо :D
     
  10. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Какооо??? :o
    Нека се стават малце на наже место тие што го одлучуваат тоа.Пример јас на 27 полагам математика,а на 28 физика.Како е можно тоа?
     
  11. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Jас не би имала ништо против да беше тестирањето на 1 или 2 последни теми.Вака ништо не е фер воопшто,ниту за учениците ниту за професорите.Како причини ќе ги наведам:
    -професорите оценуваат знаење преку до 4 теста годишно,наставни ливчиња,испрашувања,активност,домашни итн..
    -кој може да научи цела книга од едно 200 страни за една недела(макс.)
    -како може да се утврди знаењето на ученик со еден тест?
    -зошто професорите да бидат казнувани?
    -зошто оценките да бидат намалени на некој што се трудел цела година и ја заслужил таа оценка..а другите да добијат повисоки оценки а цела година со прст не мрднале?
    Ова ќе биде голем стрес..за сите луѓе..ученици,професори,родители..Сакам праведно да бидат оценети сите! А не со еден тест на кој можеби бидејќи има малку за учење ќе се испобуниме и што бидна? Да добиеме 2 или 3 поради еден глуп тест,на цела книга? Па доколку сакаат толку да го спроведат,нека се спроведува секое тромесечје,на полугодие и на крај на година ...
     
    На tace73 и husky2012 им се допаѓа ова.
  12. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    ^ Кај нас професорите не се замараат. Ни велат имате учебник научете си.. Дури и на протестот, кој беше денеска, не дојдоа да не поддржат.. се криеја во гимназијата.
     
    На husky2012 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Јас имам граѓанско и македонски.Прво имав историја со македонски,ама по којзнае кој пат ни ги сменија списоците и сега ова.Искрено,лесни ми се паднаа.Можеа физика,математика,хемија,географија. Ауу не,добро ми е вака.
    Инаку,како што кажа xepp се е за џабе.Нема да го укинат.Од понеделник се полага више.Наумиле,и готово.Џабе губиме време со протести,подобро да седнеме да учиме.Унаку од класната дознав дека нема шанси некој да падне година освен ако нема кец од наставник.Кец ако има на екстерно,не полага во август,освен ако нема заклучен кец за крај на година од наставник.
    Како и да е,тоа е тоа.
     
  14. SwLatka

    SwLatka Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Јас како ученичка во средно образование воопшто не ми смета екстрелното оценување .. Бидејќки нашите професори никогаш не,не оценуват доброо .
     
  15. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Мислиш екстерното не екстрелното :fubar:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    И кај нас професорите многу не се замараат скоро ич.
    Инаку некои професори дури викаат дека можно било оценките да не се пишувале годинава в сведителство.Ама можно било.
    Инаку за тоа правење нови списоци никако.Не е фер.Имало Господ што ми се падна Македонски ќутете сега,добри се списоциве. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Кај нас една професорка рече да не се секираме, било како некој вид проба.
    Во која смисла проба? Во таа смисла што нема во никој случај нив да им се намали платата. |(
    А нас ни влегува во свидетелство и во просек (дај Боже да не биде така). :sweat:
    Епа, зошто би се замарале? :geek: :@
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Кај нас стигна свидетелството тоа што е со графите за екстерно.Оваа година мислам дека рекоа нема да влијае на платите на професорот туку само на просекот. |( Кај нас некои професори доста многу се исплашија и почнаа веднаш со испрашувања и заканувања дека ќе ни намалат оцени.
     
  19. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Утре ќе има протест во Струмица.
     
  20. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Причини зошто треба да се укине Екстерното тестирање:

    1. Тестот од 30 прашања со заокружување е тест на препознавање
    ( Препознавањето се оценува со оценка 2 или евентуално 3 ). За да биде квалитетен еден тест покрај заокружувањето, мора да има и задачи со дополнување, самостојни одговори, опис на некоја личност, појава, процес, реакција и така натаму ( Бирото за развој на Образованието и МОН бараа такви тестови да правиме). Заклучок: Самите се демантираат - Тестот не е по нивните стандарди.

    2. Објективно или реално оценување или како сакате кажете го... не постои. Тој професор кој што ви рекол дека реално оценува ве лаже вас, а се лаже и самиот себе.....Професорот треба да се труди да биде професионален и објективен ( и покрај неговата субјективност од различни причини ) во оценувањето. Денес читам во Нова Македонија наслов:„ Подгответе се за објективно оценување “. Уште една голема лага. Заклучок: Професорот кој 9 месеци работи со ученикот не може да го оцени реално, а не пак еден единствен тест направен од луѓе кои немаат еден единствен ден во образование, не работеле со деца, и кои залутале во министерството за образование.

    3. Оценката е збир на повеќе активности на ученикот во текот на наставната година: Тестови, Писмени работи, Усни одговори, Реферати, Проекти, Активност на часот, Формативно и Сумативно оценување, Дополнителна, Додатна и Консултативна настава, а со некој минимален процент застапени се и Редовноста и Дисциплината на часот. Заклучок: Тестот за екстерно оценување не исполнува ниту еден, единствен услов од горенаведените.

    4. Дискриминација на Наставниот кадар. Наставниците по Музичко образование, Спорт и спортски активности, Ликовно образование, Технички науки и Практична настава ќе ги оценува училишна комисија формирана од директорот, педагогот и тројца професори од колективот. ( Денеска имам информација дека оваа група на професори ќе бидат ослободени оваа година од оценување ). Наставниците од II до V одделение ќе бидат оценувани со екстерни тестови 2 пати во 4 години, а 2 пати ќе ги оценува училишната комисија, а наставниците од I одделение само со училишна комисија. За Педагозите и Психолозите нема никакво оценување. За другите групи наставници секоја година ќе важи екстерно оценување
    Заклучок: Поделба на наставниот кадар на неколку категории....Привилегирани, Полупривилегирани, Сезонци и Казнена Експедиција

    5. Награди и Казни или поточно Злосторство и Казна. Рангирање на Наставниците и награди за првите 20 %

    ( регруртирани од првите две горенаведени категории, можно е и по некој сезонец) и казни за последните 20 % (регрутирани од казнената експедиција, можно е и по некој сезонец ). Дека ќе казнат......сигурен сум, а дали ќе наградат....искрено се сомневам. Заклучок: Во недостаток на креативност и идеи за унапредување на образованието и образованиот процес, во недостаток на машкост да отпуштаат од работа професори
    ( кој очигледно ќе останат без часови со нашиов кинески наталитет ) или пак да го решат тоа прашање со намалување на фондот на часови и бројот на деца во паралелката, господата од МОН го измислуваат екстерното тестирање за да имаат оправдување за казните и отказите од работа.

    6. Технички услови....за одржување на еден ваков голем проект да бидеме искрени сите од Министер, преку Директори, Наставници, Ученици и Родители....Нема....
    Заклучок: Нема да коментирам детали од проектот компјутер за секо дете преку уништена опрема до нефункционирање на системот....добро се познати на сите гореспоменати.

    7. Неорганизираност на МОН околу подготовките на Екстерното. Наставниците не се информирани навреме и доволно, за учениците и родителите да не правиме муабет...... Пр 1: Ќе се полага 40 минути, па после 60 минути, оценките од тестовите нема да влегуваат во среден просек, потоа ќе се вадела средна оценка, за од крајот на април да ни кажат дека ќе се сметаат во среден просек двете оценки......Пример 2: Учениците ќе бидат известени кои предмети ги полагаат најдоцна 10 дена пред екстерното, за потоа да ги известат 5-6 дена пред тестирањето, за уште подоцна да им текне дека ги згрешиле списоците со ученици и предмети. и на крај 3-4 дена пред оценувањето да пратат нови списоци со нови предмети за учениците....И тоа во една учебна година.
    Заклучок: Зар е потребен!!!!!!!!!

    8. Родители.
    Замислете сега како им е.....ама можам јас да замислам, кој што сум професор и кој има дете што ќе полага екстерно........овие од БРО и МОН не сум сигурен дали можат да замислат......ниту се професори, ниту ученици, ниту родители (ова последново да не ме сфатат погрешно со оглед на нивната возраст ) ама важно ќе не оценуваат.
    Заклучок: Препуштен на родителите.

    9. Ученици.
    Дека учениците не се тоа што беа порано не се.....дека учат се помалку и помалку..... согласен сум. Но тоа никако не значи дека се помалку интелегентни од претходните генерации...напротив....За тоа вина носиме професорите, родителите, самите ученици, но најголемиот дел од вината е во нашиов Анархичен Систем во кои вредностите се изменија и се изместија....Вредност е да добиеш висока оценка, а не да знаеш, вредност е да земеш сертификат, диплома или друг документ, а не да се прашаш дали ја заслужуваш истата и.т.н. да не набројувам.... го оставам тоа за вас.....Со ова екстерно тестирање ќе ги оштетите и казните токму учениците кои највеќе учат и се трудат, а ќе ги наградите учениците кои биле мрзливи цела година....Знам, а и знаат учениците кои имаат двојки дека книга нема да отворат.....Жалосно за децата кои се труделе цела година......
    Заклучок: Оставен за Учениците.

    10. СОНК.
    Постои ли такво нешто???? Ако постои да се самораспушти под итно.....Кое лицемерие.... на 24 Мај ќе протестирале пред МОН..генијалци....Е арно ви текна...Ова понижување од МОН за наставниците заслужуваше штрајк многу поодамна, а не да се криете зад децата ( учениците )....Први кои треба да излезат да штрајкуваат треба да бидат наставниците, па после сите засегнати страни.
    Заклучок: 100.000 Наставници, 200 000 ученици, 400 000 родители, прават бројка од 700 000 луѓе( грубо кажано )...епа заклучете што значи таа бројка.....ВО СЕКОЈ СМИСОЛ.

    10. Општо.
    Единствен кој што може да го оцени ученикот
    ( барем приближно до т.н реално ) е Наставникот... никој друг.

    Единствен кој може да го оцени наставникот
    ( барем приближно до т.н реално ) е ученикот/учениците и никој друг и тоа според некои стандардизирани анкети....
    Еве ви и еден пример како тоа да се изведе....

    а) Планирање и подготовка на наставата
    б) Начинот на поучување ( одржување) на наставата
    в) Создавање на средина ( клима ) за учење
    г) Интеракција со учениците и родителите
    д) Професионализам и одговорност
    ѓ) Постигања на учениците

    Па потоа врз добиените резултати од овие анонимни анкети направени од учениците за секој еден наставник, направете ранг листа на натавници..па делете совети, казни, награди, откази.
    Заклучок: Единствено мерило за работата на Наставникот и Ученикот е нивното меѓусебно оценување.

    Има уште 1000 „Зошто “, ама нема ни 1 „ Затоа “
     
    На 3m43, HollyWoodGirl, tace73 и 7 други им се допаѓа ова.