Екстерните тестови ќе ги полагаат учениците од 6то одделение (деветгодишно образование) па се до 4та година средно. На крајот на секоја година, учениците ќе се тестираат на целиот одработен материјал на годишно ниво, т.е. годишен тест. Мене не ми смета, добро е на крајот да се утврди кој колку научил и што заслужил. Но, куќата од кров не се почнува никогаш. Факт е дека во нашето образование има многу пропусти. Сакам да ги воведат бидејќи мразам кога некој што крајно не заслужил има иста оценка како мојата. Не можам и не можам да се помирам со тоа дека ќерката на наставничката има 5, која не и е ни до половина на мојата петка за која сум учела цела ноќ. Единствено нешто што ме нервира во целиот систем е тоа што од нас учениците се бара премногу, а уште повеќе ме нервира тоа што лани не се бараше ни половина, бидејќи лани на никого не му кратеа од плата доколку добиената оценка не се совпаѓа истата од тестирањето. Дали сте за или против овој начин на оценување ?
Јас лично немам ништо против екстерните тестови, и онака има само најосновно со заокружување. Сметам дека се добар начин да се провери знаењето и да се види кој колку ја заслужил оценката. Барем јас знам ако не некој друг колку боли кога ти ќе добиеш петка на тест што си се утепал од учење и некој таму што врска нема од живот што или препишал или е со врски исто има петка. Ми смета тоа што секој ден професорите трубат екстерни па екстерни. Секој ден наставно, испрашување, контролна, проект... Го претераа, па јас повеќе наставни направив за овие два месеци одколку лани цела година. Сите мислат само нивниот предмет е, трупаат по 30-40 страни за наставно и викаат не било тешко, за еден викенд ќе сме научеле. Да, за еден викенд, ама што е со останатите 13 предмети? Што е со животот мој? Што е со воншколските активности? Што е со спиењето? Од кога почна годината се немам асално наспиено од што немам време за ништо. Истите тие наставници лани не се ни појавуваа на часови и си пиеја кафе во канцеларија по цел ден, а сега се плашат за своите платички па ајде ќе не малтретираат. Не сме ни ние роботи. Велат ќе ни требало знаењето. Точно, ќе ни треба математика, ќе ни треба физика, хемија... Може ни тоа. Ама ликовно? Ако дојде работава ликовно да правиме два теста годишно, тогаш навистина нешто не е во ред.
А зошто не ликовно ? И тој е предмет како и сите други. Има што да се учи (ликовен јазик, ликовни подрачја, сликање, обликување, графика и тн.). Мислам дека не треба да се потценува.
Читав во службен весник дека ќе сме правеле по 4 предмети и дека оценката од екстеното ќе била напишана во сведителството(значи една од професорот една од екстерното. АПСОЛУТНО сум против ваквото тестирање. Зошто? -Пред се` е голем притисокот. -Ќе наубабам на памет и шо фајде од тоа кога да ми го дадат во пракса нема да имам појма а се` што е на памет брзо се заборава. -Со само еден тест ќе ми биде пишана оценка во сведителство -Ајде до пред две години беа 2 предмети(што се трпи до некаде) ама годинава се 4. -Исто до пред две години ако имаш во дневник 5 а на оценката од екстерно е помала од 4 тогаш се пишува средната оценка а не ко годинава дирекно во сведителство. На крај краева луѓе сме може во тој момент да се блокираме и да згрешиме некои работи и се` да падне во вода активноста на часот,добрите оценки на тестови. Значи да се разбериме јас радо би направила екстерен тест но АКО И САМО АКО од тоа не зависи мојата крајна оценка и немам стресови дали сум добила 5 или 3 на екстерното(без шанса за поправка) и дали таа оценка ќе влијае врз моето запишување на факлутет и ако тој тест едноставно би ми кажел до кај сум со знаењето. И да допишам и матурантите ќе прават најдоцна до Фебруари и децата со специјални потреби.
Вајлд браво за темата!Еве гледам дека си напишала дека се полагаат екстерни тестови од 6то па до 3та средно.Јас сум четврта година и баш прееска на пракса профрсорот ни читаше дека ќе сме полагале екстерни на крајот на прво полугодие?!(за нас матурантите само)ќе се полагало 4 предмети од кои еден пракса задолжително..на мене стварно не ми е верно од каде матура ќе полагаме пак и ова ли?! Што мислите за ова?Сте слушнале ли?
:up: :up: ние учиме развитокот на ликовната уметност, скулптури, со тоа се учи и културата на еден народ, па зошто да не, добро е да имаме и такви познавања, плус тоа се памти на час, бидејќи стварно е интересно, мене искрено ме интересираат карактеристиките на една скулптура на пример. Инаку јас кажав дека сум за екстерни, зошто стварно не е фер да имам иста или помала оцена со некој што буквално не знае ни како изгледа книгата, а не па што пишува внатре
Не е дека потценувам, ликовно како предмет ми е многу интересен, но и тоа треба да седне да се учи поголем материјал пред тест исто како и другите 10 предмети кои се тестираат секојдневно. Немам ништо против усно испрашување, било така и до сега по 2-3 прашања, само нека не е писмено бидејќи сепак има повеќе за учење.
Па пола-пола. -За сум затоа што конечно веќе нема да се провлекуваат со 4 и 5 деца кој што не пипнале книга цела училишна година.Неможе дете што исто учи послабо од мене да има подобри оцени од мене на крај. -Против сум затоа што премногу учиме,и оваа оценка оди право во сведителство.Можеби ќе ми се заблокира мозокот може било што да се случи и цел труд од цела година пропаднал. Сепак повеќе сум против,ко да не ни е доволно измачување цееела година. Ама ајде што ќе биде нека биде.
И јас сум за екстерните тестови, редно време е да се види кој колку вреди.Од 5ка до 5ка има многу разлика, иста оценка а разлика светлосни години Ќе учам јас цела година и ќе бидам спремна во секој момент, а некој кој бил син на директорот ќе каже една лекција и 5ка или 4ка.Нека се плашат тие што имаат незаслужени оценки и секогаш добиваат оценки со снаоѓање и врски. Од друга страна сум против да има екстерни во 4та година.Еве јас сум 4та и наместо да се спремаме за матура со време, треба да се посветиме на екстерните тестови..а дури потоа на матурата. И една голема забелешка за професорите кои оваа година неможам да ги препознаам.До лани не се замараа пишуваа оценки од ракав а сега кога запнале секој час испитување или тест.Значи не им е гајле колку ние ќе научиме, туку платата во џебот да им е целосна
Истото ме нервира и мене најмногу од се. До вчера гајле им беше на сите, сега преголем притисок ни вршат. Тоа само не ми се допаѓа.
ке има оваа година тестирање? зошто некои наставници шушкаат ама како не се знае... сум ЗА ама сум и НЕ... некои работи се забораваат па ајде ти сеа од почеток цела книга учи ја.. а сум ЗА затоа што повекето имаат незаслужени оценки
Една професорка ни кажуваше дека првото полугодие ќе пишувала само 3ки и 4ки, а второто откако ќе поминат екстерните ќе попуштала Е ова е веќе врв..Сакала да го зачува своето достоинство, секако ќе сме биле слаби на екстерните ма немој А што ако некој добие поголема оценка од таа што ја има, не размислува за тоа Достоинствен е оној човек кој држи до себе, и своите одлуки.Достоинствениот нема причини да се плаши оти не лета во облаци и оти не се преправа дека е она што не е.Достоинствениот точно знае колку вреди. Ништо не си придодава, ниту нешто си одзема. Напротив професорката ми изгледа како длабоко да се сомнева во себе.Ама што е тоа е, претераа веќе платите им се во прашање
Кај нас не се сменети професорите, како што беа предходнити години така се и годинава. По секој предмет правиме тест, редовно повторуваме, оценки не се добиваат без заслуга.
да видиш, да не веруваш, и ние од секогаш по се правиме тестови и редовно повторуваме, ама дека се сите со заслуга-не се, едноставно некои ученици си имаат посебен третман, синови, ќерки, внуци на професори, постојано врват со сите петки, а некои не се ни на школо свртени, а кога се на школо, никако не го користат времето за учење, потоа на листата се "лижалчињата", тие колку толку знаат нешто, ама во споредба со друг "обичен" ученик, нивните оцени не се заслужени, па како прво и прво дел од професорите не ни ги прегледуваат тестовите, оцени си пишуваат онака од прилика, и си мислат дека светот се врти околу нив, и никако да се спуштат на земја , а всушност за дел од нив јас се прашувам од каде стигнале до професори, кога појма си немаат од тоа што го учиме, постојано ајде денес кој е спремен да предава и во меѓувреме се жали како цел ден го "слушала" истото и дека и било досадно, за испитување се знае, со учебник пред неа, а кога доаѓа инспекција, 3 часа претходно проби за тоа како да изгледа часот(1ва проба, 2ра и генерална) е луѓе тоа ви се совршени професори, подобри здравје и после прашуваат зошто сакам екстерни, епа сакам, редно е да му ја намалат платата, а уште подобро и да ги отстранат
Јас зборувам за мојот клас, среќа до сега немам учено синчиња и ќеркички на професори, директор и слично. Незнам како стои ситуацијата во ваша гимнација или клас затоа и не се осудувам да коментирам. Ако постојат деца кои не отвараат книга (незнаат како изгледа книгата по Биологија на пример) и имаат 5 е стварно незаслужено. И овај пример што го наброја е навистина претерано. Јас јес да реков дека се заслужени и стојам на тоа, најголемиот дел од оценките се заслужени. Е сега нормално дека има некои отстапувања ама книга да не фати цела година и 5 да има, не сум била сведок на таков случај, СЕУШТЕ....
Јас сум пола пола за екстерниве бидејки некои учат напорно за една петка а некоие ја добиваат подарена па баш да видиме кој колку знае.ама само нејкам да ни дадат историја како предмет за тестot
Супер се екстерниве за конечно татините ќерки и синови да научат каде им е местото. Па јас три дена ќе стојам над книга за совршен одговор (не дека три дена стоев но битно знаењето си било МОЕ), а некој со една реченица прочитана ТОГАШ, на ден на самото испрашување, да има 5ка. Епа нема! Имам премногу време поминати со вакви лигли и лигушовци кои не знаат сами ни врвките на патиките да си ги врзат и премногу ме фрустрира тоа „лепење“ оценки на слепо. Но, од друга страна и не чини, зашто, ете, се тестираат 4 предмети. А зошто ДРУГИТЕ предмети да бидат запоставени? Не е тоа коректно. Но не може ни да се полагаат СИТЕ предмети, тоа би било премногу. Се‘ на се‘, не би одело вака. Треба да „измислат“ некој подобар начин за да го изведат ова.
Јас сум 4та и нас ни рекоа дека само по 1 или 2 предмети ќе сме полагале и тоа стручни некои. Мислам дека е во ред до некаде затоа што ќе се виде кој колку учел и дали му е заслужена оценката или не. Ама па немораше и нас-матуранти сме секако нас ќе ни го мерат знаењето.